ПРИЛОГ
На ден 30. 12. 2012 година, (недела) со почеток во 08 часот, во храмот “Пресвета Богородица# во Битола, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение со викарниот Епископ Јосиф Велички и викарниот Епископ Јосив Лешочки, благоволи да отслужи Воскресна Божествена Литургија.
Голем број верни чеда на Преспанско Пелагониската епархија, беа присутни на овој светол и Евхаристиски собир, на кој сите заедно молитвено застанаа пред Богомајката и испросија од Неа да не застапува пред Христа Богомладенецот. Божествената Литургија, ја украсија од Бога даруваните прекрасни гласови на трите хорови, машкиот хор “Св. Ангел Битолски“, женскиот хор “Св. Макрина“ и детскиот хор при истиот храм.
За Преминпортал:
Весна Апостоловска