логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

ДОДЕКА КОНЗЕРВАТОРИТЕ ИСТРАЖУВААТ


Чудото во "Свети Димитрија" продолжува - светнаа уште две фрески!


Самочистењето на фреските во црквата "Свети Димитрија" во Скопје, кое почна на празникот Цветници во април годинава, продолжува и понатаму. Според кажувањата на свештениците од црквата, пред дваесетина дена преку ноќ бил исчистен живописот кој се наоѓа пред олтарот на источната страна над прозорците, а по ден-два и тој од спротива, на западната страна. Ова, го констатирале и конзерваторите кои деновиве интензивно работат на испитување на феноменот.

Како што се гледа од фотографиите на Вечер, двете страни пред олтарот не се исчистени како фреските од претходно, бидејќи немаат светнати златни ореоли и делови на облеката но, патината на нив е сосема отстранета. Ликовите кои претходно беа сосема темни и покриени со темни наслаги под кои контурите на светците само се наѕираат, сега се гледаат јасно.
- Ова е чудо, Божји глас кој опоменува. За мене лично, ова има голема порака особено поради тоа што фреските на Цветници, најпрво почнаа да се чистат од страната на гробот на првиот поглавар на МПЦ г.г. Доситеј. Тој беше вистински испосник, скромен, праведен и олицетворение на гласот Божји. Можеби Бог ни праќа глас дека треба да биде прогласен за светец, кој ќе го знае тоа. Што и да кажам повеќе ќе згрешам, но дури и да се докаже дека станува збор за хемиски процес, тоа сепак треба да се протолкува како Божји знак, како порака, ни рече прота Драги додека ни ги покажуваше новоисчистените фрески.

Екипа на Националниот конзерваторски центар, пак, повеќе од два месеци работи на анализа и обработка на примероците од исчистените фрески. Од раководството на оваа установа за Вечер изјавија дека со поддршка на Министерството за култура и Управата за културно наследство мострите ќе се обработуваат по сите методи.
- Во моментов е ангажиран еден хемичар-конзерватор којшто ги следи сите промени, а понатаму ќе следи и скенирање на фрескоживописот со најсофистицирана апаратура која е веќе набавена во Управата. Се разбира, не би сакала однапред да давам квалификации за што се работи, оти јас сум научник и за мене се компетентни само резултатите од истражувањата. Чистењето на фреските, сепак, ќе остане загадочно се додека не ги добиеме конечните анализи, вели директорката на Националниот конзерваторски центар, Ема Петрова.

А самочистењето на иконостасот во црквата "Свети Димитрија" како да успеа да ги врати верниците кои последниве години се изретчија најпрво со поставувањето на наплатната рампа на паркиралиштето, а потоа и со изградбата на новиот плоштад. Иако полека, нивниот број веќе се зголемува, па така беше и вчера, на редовната литургија. Вратените природни бои на ореолите над насликаните светци, како и на деловите од нивната одежда која е насликана со златната боја, создаваат чувство на посебна светост и црковна атмосфера, изјавија верниците кои ги затекнавме на молитва во црквата.

(Е.А.) Вечер

Друго:

Dragi.sv.Tit.jpg

Божествена Литургија во храмот на св.вмч.Димитриј, Скопје (07.09.2012)

Dime.sv.Karp.jpg

Божествена Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (08.06.2012)

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Православен календар

 

25/01/2026 - недела

Св. маченичка Татијана; Св. маченик Петар Авесаламит; Празник на иконата „Млекопитателница“; Преп. мајка Теодора;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец наш Јаков Нисибиски  26 јануари/13 јануари  2026

Тропар на преподобниот отец наш Јаков Нисибиски 26 јануари/13 јануари 2026

Радувај се народе за кого пред ГосподаЈаков свети се моли, подвижникот Христов,скротувачот на пустината,со Божја благодат телото го смири,епископ милостив...

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница 25 јануари/12 јануари 2026

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница 25 јануари/12 јануари 2026

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот Јоаникиј Ракотински  24  јануари/11 јануари 2026

Тропар на светиот Јоаникиј Ракотински 24 јануари/11 јануари 2026

Живот богољубив мина, преподобен Јоаникие,којшто си овенчан од Исуса Владиката, Подвигоположникот.Така, твориш чудеса преку моштите своиза сите што доаѓаат и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная