логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА
НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
„Ако вие останете во Моето слово,
навистина ќе бидете Мои ученици,
и ќе ја запознаете вистината,
и вистината ќе ве ослободи.”
(Јован 8: 31 – 32)
Возљубени чеда во Господа,
Секогаш кога го празнуваме Илинден, ние, Македонците, ја празнуваме – слободата! Покровител на нашата вековна борба за вистинска и праведна слобода е светиот пророк Илија. А, пророците се луѓе кои достигнале висок степен на духовна чистота, па затоа се во состојба на останатите луѓе да им ја откриваат Божјата волја. Личноста на пророкот Илија е од исклучителна важност за народот Божји, не само во старозаветниот период, туку и во текот на целото историско постоење на човештвото. Како предвесник на Христовото доаѓање, тој бил голем ревнител за правда и зачувување на чистата вера во Едниот вистински Бог. Гревот е тој што го поробува човекот. Затоа светиот пророк Илија бескомпромисно се борел за ослободување од ропството на гревот. Неговата пророчка улога не завршува со Христовото доаѓање, затоа што тој ќе биде предвесник и на Второто Христово доаѓање. Сето тоа укажува на големината на громогласниот Божји угодник Илија. И воопшто не е случајно тоа што нашиот народ го одбрал токму тој старозаветен праведник за свој закрилник во борбата за слобода.
Востанието, кренато на Илинден, е бунт за стекнување на полна слобода. Оној кој се отуѓил од вистинскиот Бог, станува роб на гревот и поробувач. Секој кој помислува и се обидува да поробува друг народ, најпрво самиот тој е роб и слуга на гревот. Затоа поробувачот не може да му мисли добро на поробениот, ниту, пак, да му овозможува услови за духовна слобода.
Слободата е дар Божји, но за да се прими дарот, човекот треба да е подготвен. Македонскиот народ со години, со децении и векови повеќепати се подготвувал и, конечно, на Илинден 1903 го изразил својот копнеж за слобода. Во тие летни денови од почетокот на минатиот век, во Крушево е поставен темелот на современата македонска држава. Продолжетокот на нејзината изградба се случи повторно на Илинден 1944 година, на заседанието на АСНОМ во манастирот „Свети Прохор Пчињски”. Врз тие темели ние денес го надградуваме нашето слободно самостојно живеење, потврдено со независноста и сувереноста на Република Македонија од 1991 година.
Возљубени празникољупци,
Националната и духовната слобода се меѓусебно поврзани. „Секој што прави грев, роб му е на гревот” (Јован 8, 34). Ослободувањето од гревот е возможно само преку животот во Црквата. Поради тоа поробувањето на нашиот народ секогаш се одвивало и преку наметнувањето на туѓинска црковна власт, особено по укинувањето на Охридската Архиепископија, со што македонскиот народ требало да биде духовно и национално обезличен. Но додека трпеливо го чекал исполнувањето на времето за национална слобода, Македонецот се трудел да ја зачува слободата од гревот. Показател за тоа е големиот број знајни и незнајни богоугодници по македонската земја. Светоста е цел за постоењето на Црквата. Присуството на светители е единствениот непобитен факт за духовната зрелост на еден народ. Тоа е доказ за постоење на здраво православно предание. Дури и во периодите кога македонскиот народ немал административна црковна самостојност, сепак, никој не можел да му го пресече крвотокот на живото православно предание. Втемелен врз даровите на Светиот Дух, во сите векови од своето постоење нашиот род имал и има богоугодници и светители. Обожените свети луѓе се нашиот мост кон Бога. Тие се нашите посредници, застапници и раководители. Нема поголем благослов за еден народ од имањето на светители. Затоа на овогодишниот Илинден радоста ни е уште поголема поради канонизацијата и вбројувањето во диптихот на светите на тројцата преподобни маченици монаси од манастирот „Света Богородица – Пречиста”, Кичевска, коишто, бранејќи ја Христовата вистина пред мечот на друговерните поробители, пострадале во 1558 година. Тие својот живот Му го посветиле на Бога и на својот напатен народ. Бога Го љубеле со својот подвиг и молитва, а народот преку грижата правилно да го воспитаат во верата и да му помогнат во искушенијата.
Возљубени - чеда на Мајката Македонска православна црква и земја,
Благодарение на Бога и на вистинољубивата и правдољубива борба на нашите предци низ вековите, ние денес живееме во слободна и самостојна македонска држава, иако само на мал дел од македонската земја. Но слободата не би била потполна кога не би имале и своја автокефална Македонска православна црква. Оваа година чествуваме 45 години од обновувањето на автокефалноста на славната Охридска Архиепископија. Да си спомнеме за нашите претходници кои се изборија за вековното и од Бога дадено право на македонскиот народ да има своја помесна автокефална Црква и самостојна и суверена држава. Слободата е дар, но дарот треба и да се чува, негува и развива. За жал, желбите за поробување на македонскиот народ сè уште не се престанати. Ние и денес сме исправени пред предизвикот да ја браниме слободата со која Бог нè дарувал. Затоа нашата будност треба да биде постојана, за да можеме да им одолееме на оние кои сè уште лажно се надеваат дека можат да го покорат македонскиот народ и да го игнорираат постоењето на живата Црква во Македонија. Нема поголем доказ за побивање на нивните негаторски намери од имањето на богоугодници и светители. Тие непрестано, низ сите векови, сведочат за постоењето на вистинскиот православен црковен живот кај македонскиот народ и како наши застапници пред Бога нема никогаш да дозволат да победат неправдата и желбата за поробување. Но не е доволно само да си спомнуваме за светителите. Нашата вистинска почит кон нив ја покажуваме само доколку го следиме нивниот пример. Со нашиот живот треба да му ја сведочиме на светот Божјата светлина, според Христовите зборови: „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата” (Мат. 5, 16).
Одбележувањето на годишнината од возобновувањето на автокефалноста на нашата Света Црква, по молитвите на нашите рамноапостолни просветители и патрони, светите Климент и Наум Охридски, ќе го збогатиме и со хиротонија на новоизбраните викарни епископи за Скопската и за Полошко-кумановската епархија.
Духовната зрелост и растот на Црквата се гледа и во кадровската подготвеност да се продолжи патот на доблесните претходници кои, со Божја помош, успеаја да и' ја вратат славата и достоинството на древната Охридска Архиепископија, како и на оние кои со животите ја бранеа вистината на прадедовската вера.
Постојано да им благодариме на Бога и на нашите молитвеници пред Него, на преподобните отци и светите маченици изнедрени од македонскиот народ, меѓу кои се и преподобните новомаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, кои денес ги вбројуваме во календарот на светите. Да им благодариме и да им се молиме да нè поткрепуваат и заштитуваат преку своето молитвено застапништво пред престолот на Севишниот Бог.
Возљубени чеда - потомци на славните илинденци,
Честитајќи ви го големиот празник Илинден, ви го упатуваме нашиот архипастирски благослов, порачувајќи ви – чувајте ги мирот и слободата, верата во Бога и љубовта кон сè што е македонско, но и кон сите луѓе; чувајте го заедништвото и меѓусебната почит, надминувајќи ги личните интереси и суетата; надградувајте го нашето црковно-национално дело за доброто на сите, пазејќи го сплотено она што е суштинско и наше; постојано имајте го пред себе примерот на слободољубецот – пророкот Илија, на светите рамноапостолни Климент и Наум, на светите новомаченици од Пречиста Кичевска и на сите богољубиви родољупци, борци, бранители и жртви за верата и татковината. Амин!
АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
† СТЕФАН
со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската православна црква
† КИРИЛ, Митрополит Полошко – кумановски;
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско - пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски;
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско - кичевски;
† НАУМ, Митрополит Струмички;
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски;
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско – канадски;
† ПИМЕН, Митрополит Европски;
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички;
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски;
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски.
Илинден, 2012 лето Господово

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная