логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 desperadosi.jpg

И не опивајте се со вино, од кое произлегува блуд, но исполнувајте се со Дух.

Ефесјаните 5:18
 
Како што беше покажано во претходните огледи, на развојот на „човекот во човекот“ може да му пречи неправилниот однос кон самиот себе, кон другите луѓе и, на крајот, кон стварите. За првите две категории веќе говоревме, а сега дојде на ред и прашањето каде може да нè одведе неправилниот однос спрема стварите и појавите во светот што нè опкружува. Ова може нагледно да се покаже преку примерот на алкохолната или наркотичната зависност.
Пред сè, треба да се каже нешто за алкохолизмот, зашто во секојдневниот живот овој термин не секогаш се разбира правилно. Од медицинска гледна точка, алкохолизмот е болест во чија основа лежи вклучувањето на алкохолот во процесите на размена на материи во организмот.
Како класични знаци на алкохолизам се сметаат:

1. Патолошката (болна) потреба од алкохол.
2. Порастот на толеранцијата: расте поднесувањето на алкохолот, за опијанување се потребни сè поголеми и поголеми дози.
3. Губењето контрола на количеството и контрола на ситуацијата. Со испивање на една чашка, алкохоличарот не се смирува додека не биде „мртов пијан“.
4. Присуството на синдромот на замена или на алкохолна апстиненција. Кога ќе престане внесувањето алкохол во организмот, човекот доживува болни реакции. Тоа е, всушност, познатиот „утрински мамурлак“: болка во главата, суво грло, мачнина итн.
5. Долготрајните пијанства: откако ќе го „разбие“ мамурлакот со чашка алкохол, алкохоличарот продолжува да пие.
6. Амнезиите за време на опијанетоста: откако ќе се отрезни, човекот не се сеќава што се случувало вчера.

Според својата длабока суштина, алкохолизмот  како и секоја друга форма на зависност  е резултат на премногу лесно влегување во животни проблеми и животни барања. „Она што не може да се постигне во секојдневниот живот, се компензира со консумирањето алкохол. Спасувајќи се од реалноста, човекот се обидува да најде начин да ја поднесе болката на животот. Тоа помага привремено да заборави на проблемите, но тие остануваат нерешени.“
Треба да се нагласи дека во православното предание нема категорична забрана на употреба на алкохолни пијалаци. Само по себе, виното не може да биде зло. Но, како и многу други нешта, тоа може да биде орудие свртено против човекот.
Воно принесуваат на трпеза и мирјани и монаси. Навистина, последните го користат поретко, а многумина се откажуваат од алкохолни пијалаци за целиот живот. Во Типикот се прави јасна врска со мислата од псалмот: „Виното го весели срцето на човекот“ (Псалм 103:15). Тоа се предлага во празнични денови, во денови на славење, кога човековата радост може да се зголеми со мали дози на вино, зашто „Гоштевања се приредуваат заради наслада и виното го весели животот“ (Проповедник 10:19).
Но, истовремено, почнувајќи од Стариот Завет, а особено во христијанската епоха, голем број мудреци и праведници предупредувале за излишното и неправилно користење на виното. Г. Честертон забележал дека пиењето станува неморално кога алкохолот станува лек против здодевноста и депресијата. Но, нашиот современик е веќе премногу склон кон пиење за да заборави на „тагата“, на „тешкиот живот“. Активното, молитвено доживување на тешкотиите, повикувањето на Бога на помош речиси и не го сметаме за лек против грижи.
Има ситуации кога на болнен, или на оној што е обземен со грижи, треба да му дадеме голтка вино за закрепнување [споредете го, на пр., советот на ап. Павле до Тимотеј (1 Тимотеј 5:23)], „нека пивне тој за да ја заборави сиромаштијата своја и да не ги чувствува веќе болките свои“ како што советува Соломон (Изреки 31:6-7). Но тоа не треба да биде единствениот начин на решавање на проблемот, зашто тоа повеќе наликува на оддалечување од какво било решение.
Да се пие заради задушување на гласот на совеста, за да се „заборави“  тоа е свесно пијанство за кое нема оправдување. А за чисто срце, молитвена голтка вино не дава повод за подгревање на страстите. И, како што напишал еден христијански автор, „ниту природата, ниту виното  ништо на светот нема да ве израдува ако радоста не ја разбирате правилно“.


Алкохолизмот - страст или болест?

Гревот, прикрепувајќи се за човекот како дива гранка накалемена на благородно дрво, ги исцрпува соковите на својот хранител, ја потчинува под себе сета човекова природа и раѓа кисели и горчливи плодови  нови гревови и страсти. Гревот не е способен да роди нешто полезно и благородно, зашто со своите корени проникнува длабоко во адот, од каде и ги црпи разурнувачките сили. Така и мошне раширениот порок на опијанување, коешто брзо прераснува во алкохолизам, односно во зависност на душата и на телото од една хемиска супстанца и од ефектите што таа ги произведува, расте врз гревот и ги принесува своите горчливи плодови  разурнувачките страсти.
„Христијанинот верува дека човекот е создаден за да се стреми кон духовна полнота, кон стекнување единство со Бога, кон соединување со Него. Но, како последица на првородниот грев, од самото зачнување човечкото битие носи во себе некаква празнотија, неисполнета со Духот, како некаков волумен на бездуховност. Растејќи, детето започнува да се спознава како посебна личност. И, паралелно со тоа, почнува несвесно да ја чувствува својата духовна неполнота. А тоа раѓа силна потреба (најчесто  несвесна) со нешто да ја исполни таа празнотија. Но недостигот од Дух може да биде исполнет само од Духот, при што тоа исполнување не му е достапно на самиот човек, туку само на Оној од Кого исходи Тој Дух, односно на Бога. Човек може само да посака (или да не посака) целосно да се предаде на Божјата волја. Ако не постои желба да се следи Божјата волја, тогаш стремежот да се исполни внатрешната празнина води кон обиди таа да се замени, да се „исполни“ со нешто што за извесно време може да се манифестира како илузија на живот, на лична духовна полнота и хармонија. Таква илузија може да ја манифестираат најразлични „сурогати“  меѓу нив и оние коишто безусловно се осудуваат од страна на општеството (наркотици, насилство, алчност), како и оние што во општеството предизвикуваат различни реакции (алкохол, хазардни игри, богати јадења, секс, власт). Згора на тоа, дури и голем број несомнени вредности (работа, дружење, човечка љубов, добротворност, религија), доколку престанат да бидат средство за човекот и се претворат во цел на активностите, исто така можат за него да станат еден вид наркотик. И човекот лесно може да стане зависен од таквите наркотици, губејќи ја слободата дарувана од Бога.“
Во односот спрема алкохолизмот постојат две крајности: едни сметаат дека алкохолизмот е само грев, други  дека е само болест. Познато е дека во мозокот, според теоријата на А. Ухтомски, за време на опијанетост се формира патолошко жариште кое бара постојано внесување алкохол. Тоа ја определува физичката зависност, Но ако сè е поврзано само со патолошкото жариште, коешто се наоѓа во кората на големиот мозок, зошто не би можело да се „пресмета“ тоа место и физички да се отстрани? Имено, така расудувале научниците од Институтот за човечки мозок во Санкт Петербург. Од нивна страна е откриено местото во мозокот во кое се формира зоната на зависност, и е предложена метода за замрзнување на тој дел од мозокот преку отвор во черепот.
Да ја оставиме на страна етичката димензија на оваа метода, којашто потсетува на паролата: „Најдобро средство против првутот е  гилјотината“. Но самите хирурзи, коишто спроведувале слична постапка, едногласно тврдат дека нивната метода само му дава шанса на човекот да престане да биде наркоман, отстранувајќи го само елементот на физичката зависност. Самиот човек останува истиот. Ако повторно проба наркотик, тој повторно станува наркоман. Притоа, според набљудувањата на лекарите, „дупката“ што се јавува по операцијата го тера човекот кон пренагласена сексуалност, кон склоност спрема агресија или гнев. Позната е евангелската сторија за „седумте зли духови“ коишто влегуваат во исчистен дом од кој бил избркан еден нечист дух (Лука 11:2426). Истото може да се случи со човек кој се надева само на медицината и на нејзините средства, а не на милоста Божја.

Повеќе

Лето Господово 2012


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Стражарејќи над умот свој,срцето одморено ти стана пристаниште за Бога и ближниот, о Дионисие архиепископу,во жртва целосна за Христа спремна,те...

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная