Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 16 март/29 март 2026
Пустината се напои
со твоите топли солзи
песокта ја претвори
во молитви кон Бога непрестајни
ветрот ја пренесе
милоста Божја по твоите молитви
до оние кои ги почитуваат
Пустината се напои
со твоите топли солзи
песокта ја претвори
во молитви кон Бога непрестајни
ветрот ја пренесе
милоста Божја по твоите молитви
до оние кои ги почитуваат
Радувај се Благодатна Богородице Дево,
зашто од Тебе засветли Сонцето
на правдата, Христос нашиот Бог,
Кој ги просветлува оние што се во темнина.
Весели се и ти, старче праведни,
кој го прими во прегратките
Чудесата извршени од Твоите
свети маченици, Христе Боже,
за нас се покажаа карпа несоборлива.
По нивните молитви,
намерите на противниците разруши ги,
татковината наша заштити ја,
Богословието без ревност не се измолува,
ревноста без љубов висина не достигнува,
љубовта е дар од Бога кој со ништо не се купува,
и трагајќи по него до Пресветиот се стигнува,
о богослови, ревнители и милозвучни струни
- Василие, Григорие и Јоване,
“Сите влакна на косата ви се изброени”
проповедаше нашиот Спасител,
о Игнатие Богоносче, чие срце за Господа се распали
и со Името Негово се запечати,
моли Го Господа да се смилува над нас,
ти ревнителу на вистинската вера,
Длабочино на смирението, кој Христа го позна како оган љубовен,
Кој гори и не изгорува, Исак свети преподобен,
учителу на смиреномудрието, пред чии зборови за Вистината и денес треперат демоните,
Крин благомирисен благоухание не подари,
на твоите чесни мошти о, Јоване Златоусти,
туку благодатта Божја во тебе нетрулежност во вечности покажа,
трубо Божја која поука за спасение донесува.
Миомиру кој Господа со човека го помирува,
Благословот родителски од Бога запечатен,
ги приведе вашите деца Јован и Аркадиј кон гората Господова,
а смиреномудрието ваше о Ксенофонте и Марио
стана врска нераскинлива помеѓу Бог и човека,
на која целата природа се покорува.
Пастирскиот кавал на твоето богословие
ги победи трубите на говорниците:
бидејќи ја бараше длабочината на Духот,
Убавината се придружи во твоите проповеди.