Тропар на светиот Христов маченик Трифун 14 февруари / 01 февруари 2025
Трифуне свети мачениче,
посветен на Бога од младоста,
слободата и смелоста во твоите вени течеа,
имајќи таква поткрепа од Господа,
се застапуваш за оние кои во Него веруваат,
Трифуне свети мачениче,
посветен на Бога од младоста,
слободата и смелоста во твоите вени течеа,
имајќи таква поткрепа од Господа,
се застапуваш за оние кои во Него веруваат,
Чудесата извршени од Твоите
свети маченици, Христе Боже,
за нас се покажаа карпа несоборлива.
По нивните молитви,
намерите на противниците разруши ги,
татковината наша заштити ја,
“Сите влакна на косата ви се изброени”
проповедаше нашиот Спасител,
о Игнатие Богоносче, чие срце за Господа се распали
и со Името Негово се запечати,
моли Го Господа да се смилува над нас,
ти ревнителу на вистинската вера,
Благословот родителски од Бога запечатен,
ги приведе вашите деца Јован и Аркадиј кон гората Господова,
а смиреномудрието ваше о Ксенофонте и Марио
стана врска нераскинлива помеѓу Бог и човека,
на која целата природа се покорува.
Пастирскиот кавал на твоето богословие
ги победи трубите на говорниците:
бидејќи ја бараше длабочината на Духот,
Убавината се придружи во твоите проповеди.
Вистинската Лоза си Ти Господи Боже наш,
Кој Климента го подигна за слава Твоја
и спасение на многумина.
Небото и земјата ќе поминат,
а величието на неговите и Агатангеловите страдања
Делата засветлија во Православието
со нив го замолкнавте злословието,
победоносци станавте,
ги обогативте сите со благочестие,
и Црквата ја украсивте,
Порфирата царска ја прифати
како предвесник на вистинскиот сјај,
на ангелските одори во небесното царство,
о Теодосие смирен слуго Божји,
Духот разум ти просветли и расудување подари
на тебе Христов намеснику на земјата.
Свети Христови маченици
Певсип, Елевсип и Малевсип,
како новонасадени маслини на гората Господова,
имајќи таков силен корен во нивата Неонила,
која со благодат се напојуваше од нивата Христова,
го посрамија мачителот и Бога го прославија,