Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари 2024
Глас 3
Апостоли свети, молете го Милостивиот Бог, да ни подари простување на нашите согрешенија.
Глас 3
Апостоли свети, молете го Милостивиот Бог, да ни подари простување на нашите согрешенија.
Во вечниот ден Господов,
лице в лице проповеда Апостолот да се видиме,
а ти Пророче на Христовото доаѓање,
со Ангелот вазден собеседеше, благодатта на јаве светлина од тебе излеваше
Од младоста Христа си го засакал, Блажен,
на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.
Си се подвизувал со непрестајна молитва и труд во пустината,
со умилно срце си ја стекнал љубовта Христова,
Ти Кој седиш на огнозрачен Престол на висините,
со Твојот Беспочетен Отец
и со Божествениот Дух, си благоволил
да се родиш на земјата
Земното богатство раздавајќи го,
на небесата вечни блага си стекнала,
мудро си тргувала,
земниот обручник со Небесниот си го заменила,
Мелание преподобна, моли се за нас
О, блажен си ти Зотик,
тврдино на верата, уподобен на милосрдието,
од Христа се поучи во човекољубието,
болните, губавите и отфрлените,
тебе во Бога за сокровиште те имаат,
Како облак што впива влага од земјата,
така ти девственичке се напои,
од вистината на Животот.
Разбирајќи дека треба да се соблече стариот човек,
во руво на светлина душа ти засветли,
Мудроста од Бога подарена,
како омофор се приви над разумот твој,
Теофилакте пастиру Христов,
паствата безметежно пасејќи ја,
се здоби со награда за трпението,
Светило на православието,
светол столб на подвижниците,
од Христа даруван со смирение,
оче Гавриле преподобен,
срцата на верните по твоите молитви за Христa се отвoрија