Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024
Како првоповикан меѓу апостолите,
и брат на врховниот апостол,
Андрее, моли го Владиката на сите,
мир да ѝ подари на вселената,
и на душите наши милост голема.
Како првоповикан меѓу апостолите,
и брат на врховниот апостол,
Андрее, моли го Владиката на сите,
мир да ѝ подари на вселената,
и на душите наши милост голема.
Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,
оправдание на твоите триста и седумдесет
Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,
ерарсите, свештениците и левитите:
зашто откако идолската прелест ја разобличија,
победници над нечестивите се јавија.
Сите се восхитија на доблесното трпение, кое ти многустрадален
го покажа во неискажливите страдања: прекрасни
благодарствени молитви вознесуваше кон Господа,
Столб на трпение стана,
кога преподобно ревнуваше како праотците,
Јов во маките, Јосиф во искушенијата,
и живот на бесплотните во тело.
Со зборови си ги упатил народите во верата Божја,
со делата си се издигнал преблажен,
кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние
што пристапуваат со вера кон тебе,
со знаменија си ја осветлил темнината.
Од војвода на земните војски,
војник Христов постана, кој во својата крв сe крсти,
приведен да ја исповедаш вистинската вера која спасува,
Меркурие миленику на Мајката Божја,
моли се за нас подвигот спасоносен да го завршиме,
Со добродетели како со сончеви зраци
ги просвети неверните мудреци,
и како пресветла месечина која оди во ноќта,
ја изгони темнината на неверието.
Царицата ја убеди, а мачителот го разобличи,
Пустината тивко очистувајќи го срцето твое,
о свети Амфилохие,
те припреми да бидеш изведен на Божја служба,
тебе кој со ангелот се молеше,
мудроста Божја на жедните преку тебе представена беше,