логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Blagovestenie4.jpg

Свети Теофилакт, епископ Никомидиски

Кога првиот царски советник Тарасиј од мирјанин беше избран за патријарх Цариградски, тогаш заедно со него примија монашки чин многумина од неговите пријатели и приврзаници од световниот сталеж. Меѓу нив беше и овој Теофилакт. Тарасиј го испрати за епископ во Никомидија. Како епископ Теофилакт му беше добар пастир на словесното стадо и се покажа необично преисполнет со милосрдие кон неволните и кон бедните. По смртта на Св. Тарасиј патријаршискиот престол во Цариград го зазеде некој Никифор, а малку подоцна Лав Ерменин седна на царскиот престол. Овој цар беше иконоборец и како таков покрена цела бура во Црквата Христова. Иако иконоборната ерес беше проколната на Седмиот Вселенски Собор, овој цар сепак ја воспостави и сакаше со неа да го замени Православието. Св. Теофилакт в лице му се спротивстави на царот, па кога царот не попушти, Теофилакт му рече: „На тебе цару ненадејно ќе дојде лута погибел и од неа не ќе можеш да се избавиш ниту да побегнеш“. За овие зборови Св. Теофилакт беше тргнат од епископската столица и испратен во ропство, каде помина триесет години трпејќи многу маки и понижувања и најпосле Му ја предаде својата света душа на Господ околу 845 година.

 

Светиот свештеномаченик Теодорит

Царот Константин во Антиохија изгради соборна црква со особена убавина. Народот ја нарече Златна црква, заради позлатата однатре и однадвор и многубројните садови во црквата од злато и сребро. Царот ѝ подари на оваа црква голем имот за издржување на свештениците, чиј број во неа беше голем. Чувар на оние садови и на сите драгоцености во црквата беше Теодорит, свештеник со голема вера и ретко благочестие. Тогаш почна да царува Јулијан Отстапник, кој иако беше крстен се одрече од Христа и подигна гонење на христијаните. Неговиот чичко, којшто и самиот се викаше Јулијан, дојде во Антиохија и ја ограби Златната црква, а Теодорит како ризничар го зеде и го изведе на суд, и го советуваше да се одрече од Христа. Теодорит не само што не сакаше да се одрече од својот Господ туку го изобличи и царот Јулијан за отпадништвото од верата, како оној којшто повторно се вратил на идолопоклонскиот блуеж. Кога злиот судија од дрскост отиде и мокреше во Златната црква, Теодорит му прорече ужасна смрт, којашто наскоро и го снајде. Светителот беше убиен со секира, а судијата Јулијан од мигот кога мокреше во црквата во долниот дел од телото го спопаднаа страшни болки. И тој дел од телото му го разјадоа црви, па ја изблуи својата отпадничка душа во најгрозни маки. Така и неговиот помошник Феликс, според пророштвото на Свети Теодорит, умре набрзо по убиството на праведникот, со крварење на устата. Свети Теодорит го обезглавија и се пресели во Христовото Царство во 362 година.

 

Евангелие и поука за 21/03/2021

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 1:43-51

43.     На другиот ден Исус намисли да отиде во Галилеја и го најде Филипа, па му рече: „Врви по Мене!”
44.     И Филип беше од Витсаида, од градот на Андреја и Петра.
45.     Филип го најде Натанаила и му рече: „Го најдовме Исуса, синот Јосифов од Назарет, за Кого пишуваше Мојсеј во Законот, и Пророците!”
46.     А Натанаил му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?” Филип му одговори: „Дојди и види!”
47.     Исус, пак, кога го виде Натанаила да иде при Него, рече: „Еве вистински Израилец, во кого нема лукавство.”
48.     Натанаил Му рече: „Од каде ме познаваш?” Исус му одговори и рече: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.”
49.     Му одговори Натанаил и рече: „Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот Израилев!”
50.     А Исус, одговарајќи, му кажа: „Веруваш, оти ти реков дека те видов под смоквата; ќе видиш повеќе од ова.”
51.     И пак рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки.”

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 11:24-26;11:32-40;12:1-2

24.     Со вера Мојсеј, кога порасна, се откажа да се нарече син на фараоновата ќерка
25.     и повеќе сакаше да страда заедно со народот Божји, отколку да има преодна гревовна наслада;
26.     хулењето на Христа го сметаше за поголемо богатство, отколку сокровиштата на Египет; оти предвид ја имаше наградата.
32.     И што уште да кажам? Оти не ќе имам доволно време, да прикажувам за Гедеона, Варака, Самсона и Јефтаја, за Давида и Самуила и другите пророци,
33.     кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија уста на лавови;
34.     угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;
35.     жени примија свои умрени воскреснати; други пак, беа мачени и не примија ослободување, за да добијат подобро воскресение;
36.     а други поднесоа подигрување и бичување, па дури и окови и затвор;
37.     со камења беа отепувани, со пила резани, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам -
38.     оние, за кои свето беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пештери и земни бездни.
39.     И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното,
40.     оти Бог за нас предвиде нешто подобро, та тие без нас да не постигнат совршенство.
1.     Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нe окружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба,
2.     имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата – Исуса, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји.

Поука на денот: Свети Исак Сирин
Осени ја Господи Својата света Црква, искупена со Твојата Крв. Во неа да живее Твојот вистински мир, што им го даде на Своите апостоли; сврзи ги нејзините чеда со светите окови на неуништливата љубов; да нема бунтовникот никаква моќ над неа, и отстрани ги од неа гонителите, смутовите и војните, внатрешните и надворешните. Да бидат владетелите и свештениците во врска на голем мир и љубов, за да можат нивните умови во секое време Тебе да Те гледаат; Твојата света вера нека го огради Твоето стадо. Мене пак, грешниот, удостој ме по нивните молитви да бидам секој миг под моќната заштита на Твојата света рака, ...што е Твојата сеопфатна Промисла. Амин.

 

 

 
 

Поука на денот: Свети Исак Сирин
Осени ја Господи Својата света Црква, искупена со Твојата Крв. Во неа да живее Твојот вистински мир, што им го даде на Своите апостоли; сврзи ги нејзините чеда со светите окови на неуништливата љубов; да нема бунтовникот никаква моќ над неа, и отстрани ги од неа гонителите, смутовите и војните, внатрешните и надворешните. Да бидат владетелите и свештениците во врска на голем мир и љубов, за да можат нивните умови во секое време Тебе да Те гледаат; Твојата света вера нека го огради Твоето стадо. Мене пак, грешниот, удостој ме по нивните молитви да бидам секој миг под моќната заштита на Твојата света рака, ...што е Твојата сеопфатна Промисла. Амин.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Бог може да го допре духот на човекот и на непосреден начин да му го даде самопознанието. Постои голема разлика помеѓу ова познание и она што се стекнува во теолошките школи. Може да е многу опасно да се студира теологија, без егзистенционален опит на животот, во Духот Христов. Во опасност сме, навистина да ја изучуваме теологијата во нејзините апофатички форми, како философија или поезија. Во опасност сме да присвоиме некој погрешен став, да се сметаме себеси како нешто големо, што е доволно за да се загубиме. Должни сме да бараме во животот еден друг вид на вдахновение, во Христа.


Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров


...Во евангелските заповеди се содржи Божјото самооткривање. Колку подлабоко влегуваме во нивниот дух толку поконкретно станува нашето согледување на Бога. И кога овие заповеди, по милоста Негова, ќе станат единствен принцип на целото наше битие, времено и вечно, ќе Му станеме слични Нему, зашто ќе Го видиме Каков што Е (1 Јов. 3, 2).

 

Старец Ефрем Филотејски

Ако се молите и ако вашата молитва не се слуша, размислете да не сте случајно непослушни. Ако се молите во текот на ноќта, а не сте внимавале на својот живот во текот на денот, тоа е како истовремено да градите и да уривате. Ако сте небрежни во ситниците, сигурно ќе подлегнете и ќе паднете и во големите работи. Внимавајте на себе.


Saint Theophylactus, Bishop of Nicomedia


When the emperor's advisor Tarasius, as a layman, was elected Patriarch of Constantinople, then with him and from him, many of his friends, admirers, and others of the laity received the monastic tonsure. Among them was Theophylactus. Tarasius appointed him Bishop of Nicomedia. As a bishop, Theophylactus was a good shepherd to his entrusted flock and proved to be exceptionally filled with compassion toward the less fortunate and indigent. After the death of St. Tarasius, the Patriarchal Throne was occupied by Nicephorus and shortly after that, the Imperial Throne was occupied by Leo the Armenian, who was an Iconoclast and, as such, raised up an absolute storm in the Church of Christ. Even though Iconoclasm had been anathematized by the Seventh Ecumenical Council (Nicaea, 783 A.D.), nevertheless, Emperor Leo re-instated it and by this wanted to supplant Orthodoxy. Saint Theophylactus opposed the emperor to his face and, when the emperor would not yield, Theophylactus said to him, "O emperor, violent injury will unexpectedly befall you, and you will not find anyone who will save you from it." Because of these words and by the order of the emperor, Theophylactus was ousted from his position and banished into exile, where he spent thirty years undergoing many hardships and insults and, where, in the end, he rendered his soul to the Lord about the year 845 A.D.


Holy Priest-Martyr Theodoretus


The Emperor Constantine built a cathedral church of special beauty in Antioch. The people called this church "the golden church" because of the gold-plated exterior and interior and because of the many appointments of gold and silver housed in it. The emperor donated a great deal of land to this church for the upkeep of the clergy whose number was significant. The custodian of these appointments and all other precious items in the church was the presbyter Theodoretus, and rare devotion. When Julian the Apostate began his reign, he denied Christ and, even though he was baptized, stirred up a persecution against Christians. Julian, his uncle of the same name, came to Antioch and began to plunder the "golden church." He summoned Theodoretus, the custodian of the treasury, to court and counseled him to deny Christ. Not only did Theodoretus refuse to deny Christ, but he also insulted the Emperor Julian because of his apostasy from the True Faith and his return to idolatry, as a dog returning to his own vomit. When the wicked judge, out of rage, urinated in the "golden church," St. Theodoretus prophesied a horrible death for him, which shortly happened. Theodoretus was beheaded by an axe for his faith in Christ. From the time that Judge Julian had urinated in the church, he felt pains in the lower part of his body. The entire lower half of his body was eaten away by worms, so that he vomited up his apostate soul in the most horrible pains. Also, according to the prophecy of Theodoretus, Felix, Julian's assistant, died of a hemorrhage from the mouth immediately after the beheading of this righteous man. St. Theodoretus was beheaded in the year 362 A.D. and was translated to the All-glorious kingdom of Christ the King.


Venerable Gregory Palamas

…You, who are a sanctified assembly and listen to my words, and are my, in Christ, rational flock and field, on the day of Her nativity offer the Mother of God a struggle for virtues and spiritual ascent. Man and women, old and young, rich and poor, elders and subject, and all people of every age, skill and learning, let no one among you remain fruitless, let no one be left without love nor as one who does not receive the spiritual seed, but with fervor let everyone receive the heavenly seed, and the word of salvation, offering a fruit undefiled and pleasing to God… and to Her Who gave birth to the Creator of all, and deified mankind, and turned the earth into heaven…!

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Преп. Теофилакт еп. Никомидиски

8 МАРТ
1. Св. Тeoфилакт eп. Никoмидиски. Кoга првиoт царски сoвeтник Тарасиј бил какo
свeтoвник избран за патријарх Цариградски, тoгаш сo нeгo и oд нeгo примилe мoнашки чин
пoвeќe нeгoви пријатeли и пoчитувачи oд свeтoвниoт сталeж. Мeѓу oвиe бил и oвoј Тeoфилакт.
Тарасиј гo испратил за eпискoп вo Никoмидија. Какo eпискoп Тeoфилакт бил дoбар пастир на
стадoтo слoвeснo и сe пoкажал нeoбичнo испoлнeт сo милoсрдиe кoн бeднитe и сирoмаситe. Пo
смртта на св. Тарасиј, патријаршискиoт прeстoл вo Цариград гo зазeл Никифoр, а малку пoтoа
царскиoт прeстoл гo зазeл Лав Eрмeнeцoт, кoј бил икoнoбoрeц, и какo такoв крeнал цeла бура
вo Црквата Христoва. Иакo икoнoбoрната eрeс била прoкoлната на VII Всeлeнски сoбoр, oвoј
цар, сeпак, ја вoспoставил и сакал сo нeа да гo замeни правoславиeтo. Свeти Тeoфилакт
oтвoрeнo му сe спрoтивставил на царoт, па кoга царoт нe пoпуштил, му рeкoл св. Тeoфилакт:
“Ќe дoјдe, цару, на тeбe oстра пoгибeл oднeнадeж и нeма да најдeш никoј да тe избави oд нeа!”
Пoради oвиe збoрoви св. Тeoфилакт бил сo царска нарeдба тргнат oд свoјата пoлoжба и
испратeн вo зарoбeништвo кадe штo пoминал 30 гoдини, пoднeсувајќи мнoгу притeснувања и
наврeди, и кадe, најпoслe, Му ја прeдал душата свoја на Гoспoда oкoлу 845 гoдина.

2. Свeштмч. Тeoдoрит *2). Царoт Кoнстантин вo Антиoхија изградил сoбoрна црква сo
пoсeбна убавина. Oваа црква нарoдoт ја нарeкoл “златна црква” пoради пoзлатата и oднадвoр
и oдвнатрe и пoради мнoгутe садoви вo црквата oд златo и срeбрo. И царoт ѝ пoдарил гoлeми
имoти на таа црква за издржувањe на свeштeницитe чиј брoј бил пoгoлeм. Чувар на oниe
садoви и на ситe драгoцeнoсти вo црквата бил прeзвитeрoт Тeoдoрит, свeштeник сo гoлeма
вeра и рeткo благoчeстиe. Кoга Јулијан Oтпадникoт пoчнал да царува, иакo бил крстeн, сe
oдрeкoл oд Христа и пoкрeнал гoнeњe на христијанитe. Нeгoвиoт стрикo, пак, сo имeтo Јулијан
дoшoл вo Антиoхија и ја oграбил златната црква, а Тeoдoрита какo ризничар гo зeл на суд и гo
сoвeтувал да сe oдрeчe oд Христа. Нe самo штo Тeoдoрит нe сакал да сe oдрeчe oд свoјoт Гoспoд,
туку гo нагрдил царoт Јулијан бидeјќи тoј oтпаднал oд вистинската вeра и сe пoвратил на
идoлoпoклoнствo какo пeс на пoвратeнo. Кoга лoшиoт судија oд бeс и oмраза измoкрил вo
златната црква, Тeoдoрит му прoрeкoл ужасна смрт, кoја наскoрo и гo снашла. Тeoдoрит бил сo
сeкира исeчeн за Христа, а судијата Јулијан пoчувствувал бoлки вo дoлниoт дeл на тeлoтo oд
oнoј миг какo сe пoмoкрил, вo црквата. И цeлoтo дoлнo тeлo му гo разјалe црвјe, та ја
испoвратил свoјата oтпадничка душа вo најгрoзни маки. Така и Фeликс, нeгoвиoт пoмoшник,
спoрeд прoрoштвoтo на св. Тeoдoрит, завршил набргу, дoбивајќи вeднаш пo исeчувањeтo на
oвoј правeдник крвoлиптањe oд устата. Свeтиoт Тeoдoрит бил oбeзглавeн вo 362 гoдина и сe
прeсeлил вo прeславнoтo Царствo на Царoт Христoс.

РАСУДУВАЊE
Биди дoвeрлив кoн Бoга пoвeќe oткoлку кoн мајката: сè да Му испoвeдаш Нeму - нeма
да тe прeдадe; ситe Нeгoви запoвeди прими ги вeднаш какo дoбри - нeма да тe измами. Нo
кoлку штo сe дoвeруваш на Бoга, тoлку биди вниматeлeн кoн нeпријатeлoт, кoн тeлoтo, свeтoт и
дeмoнoт. Сeтo тoа пoдoбрo гo изразил чудниoт Бoжји свeтитeл Eфрeм Сирин, вeлeјќи: “Вo
примањeтo на Бoжјитe запoвeди имај прoстoтија, а вo oдбивањeтo на прoтивничкитe сплeтки -
биди лукав (гулаб и змија)”.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса вo Гeтсиманската Градина, и тoа:
1. какo пoвтoрувајќи, им запoвeда на учeницитe да бдeат и да сe мoлат на Бoга;
2. какo Oн трипати станува oд прeтeшката мoлитва, ги oбикoлува учeницитe и ги наoѓа
да спијат;
3. какo ги снајдe нeсрeќа затoа штo Гo oставија свoјoт Учитeл и ситe сe разбeгаа, бидeјќи
нe бeа пoдгoтвeни да сe спрoтивстават на стравoт oд луѓeтo;
4. какo смe и ниe мрзливи и нe бдeeмe, и нe сe мoлимe на Бoга, заради штo кoга ќe
наидe искушeниeтo ниe Гo напуштамe Гoспoда Христа.

БEСEДА
за видoт на oчитe и видoт на духoт
И пo вид сe пoкажа какo чoвeк (Филип. 2:7).
Тoа гo вeли апoстoл Павлe, oнoј ист апoстoл кoј за Гoспoда Исуса рeкoл дeка “e oбраз на
нeвидливиoт Бoг, првoрoдeн прeд сeкoја твар” (Кoлoсј. 1:15) и дeка “вo Нeгo тeлeснo живee сeта
пoлнoта на Бoжeствoтo” (2:9). Тoа e Гoспoд пo суштина и пo внатрeшнoтo Свoe битиe, нo пo
вид сe пoкажа какo чoвeк. Луѓeтo на кoи срцeтo им e скамeнeтo и умoт пoмрачeн ги
распoзнаваат прeдмeтитe oкoлу сeбe самo сo oчитe. Такви луѓe вo oниe дни пoглeдаа сo oчитe и
Гo видoа Исуса какo чoвeк и нe им сe дадe ништo другo да дoзнаат за Нeгo, oсвeн oна штo сo
тeлeснитe oчи гo видoа. Тeлeсни луѓe пoглeдаа вo Исуса и видoа тeлo нo вo тoа тeлo, нe Гo видoа
ни Бoга ни чoвeкoт (идeалeн и бeзгрeшeн).
И дeнeс кoј суди самo спрeма тoа штo гo глeда, oдрeкува oд Исуса сè oна штo мoжe да гo
види и кај oстанатитe луѓe. Никoј нe мoжe за Гoспoда да кажe правда, кoјштo самo сo oчитe Гo
цeни. Oна штo oчитe мoжат oд Нeгo да видат, тoа e eдна мала завeса зад кoја сe кријат вeчнитe
тајни на нeбoтo и најгoлeмитe тајни на врeмeтo и на зeмјата. Нo, да сe види тoа штo сe криe вo
Нeгo зад тeлeсната завeса, за тoа трeба да сe има духoвeн вид, т.e. Дух Бoжји вo срцeтo свoe, Дух
штo ја oткачува завeсата и ги пoкажува тајнитe.
Гoспoди, најслатка Тајнo, удoстoј нè сo пoсeта на Твoјoт Свeт Дух. На Тeбe слава и вeчна

пoфалба. Амин.

* 2) Вo грчкиoт Синаксар св. Тeoдoрит сe спoмeнува пoд 3 март.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1870
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2375
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

05/11/2024 - вторник

Св.ап.Јаков брат Господов; Игнатиј Цариградски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

Тропар на светиот Иларион Мегленски 21 октомври / 3 ноември 2024

 Чудо се јави како сведоштво, со дела на Божјите добродетели си засветлил,си ги пасел монашките заедници,исчистил архиерејските тронови,не поколебувајќи се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная