логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Sretenie.Gospodovo.jpg

Сретение Господово

Во четириесеттиот ден по Рождество Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (Левит. 12, 2 - 7; Исход 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј. Во тоа време во храмот држеше чреда првосвештеникот Захариј, таткото на Свети Јован Предвесник. Тој Ја смести Богородица не на местото за жени, туку на она за девојки. Во таа прилика во храмот се јавија две необични личности: старецот Симеон и Ана, ќерката Фануилова. Праведниот старец го зеде на своите раце Месијата и рече: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, зашто го видоа очите мои спасението Твое“. Уште рече Симеон за Младенецот Христос: „Глеј, овој лежи за подигање и паѓање на мнозина во Израилот“. Ана пак, која од младоста Му служеше на Бога во храмот во пост и молитва и самата Го позна Месијата, па Го прослави Бога и им објави на ерусалимјаните за доаѓањето на Долгоочекуваниот. А фарисеите, присутни во храмот, штом видоа и слушнаа сѐ, се разгневија на Захарија зашто ја постави Дева Марија на местото за девојки и му јавија за тоа на царот Ирод. Уверен дека тоа е Новиот Цар за когошто говореа ѕвездогледците од Исток, Ирод брзо испрати да Го убијат Исуса. Но во меѓувреме Божественото семејство веќе поодмина од градот и според упатство од ангел Господов се упати кон Мисир.

 

 

Денот Сретение меѓу христијаните се празнува уште од самиот почеток, но торжественото празнување на овој чудесен ден е особено востановено во 544 година, во времето на царот Јустинијан.

 

 

 

Светиот новомаченик Јордан

Родум од Трапезунт, по занимање казанџија. Отворено ја бранеше верата Христова и ја изобличуваше мухамеданската. За ова пострада од Турците во 1650 година во Галата во Цариград. Исто така пострада и монахот Гаврил, канонархот на Големата црква во Цариград во 1672 година.

    
Евангелие и поука за 15/02/2020
 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 2:22-40

22.     И кога се навршија деновите на нејзиното очистување, според законот на Мојсеја, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господа,
23.     како што е напишано во Законот Господов, дека секое машко дете, кое прво ќе ја отвори утробата, да се посвети на Господа;
24.     и да се принесе жртва, како што е речено во Законот Господов, две грлици или две гулапчиња.
25.     А во Ерусалим живееше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек беше праведен и благочестив; и ја очекуваше утехата Израилева; и Светиот Дух беше во него.
26.     Нему Светиот Дух му беше прорекол оти нема да види смрт, дури не Го види Христа Господов.
27.     И дојде по вдахновение во храмот. Па, кога родителите Го донесоа Младенецот Исуса за да го извршат над Него обичајот, според Законот,
28.     тој Го зеде во своите раце, Му благодари на Бога и рече:
29.     Сега го отпушташ Својот слуга со мир, Владико, според зборовите Твои;
30.     зашто очите мои го видоа спасението Твое,
31.     што си го приготвил пред лицето на сите народи:
32.     светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ, Израилот.”
33.     А Јосиф и мајка Му се чудеа на она што се зборуваше за Него.
34.     Па ги благослови Симеон и ? рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој лежи за паѓање и подигање на мнозина во Израилот,
35.     А и на тебе самата меч ќе ти ја прободе душата за да се откријат мислите на многу срца.”
36.     Таму беше и пророчицата Ана, ќерката Фануилова, од Асировото колено; и беше многу остарела, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое.
37.     Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години и не се отстрануваше од храмот, служејќи Му на Бога со пост и молитва, дење и ноќе.
38.     Во тој час пристапи и таа, и почна да Го слави Господа и им прикажуваше за Него на сите, што чекаа спасение во Ерусалим.
39.     И кога извршија сe по Законот Господов, се вратија во Галилеја, во градот свој Назарет.
40.     А Младенецот растеше и крепнеше со духот, исполнувајќи се со премудрост; и благодатта Божја беше врз Него.

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 7:7-17

7.     Не може да има никаков спор дека помалиот се благословува од поголемиот.
8.     И така, овде смртни луѓе земаат десетоци, а таму – Оној, за Кого има сведоштво, дека е жив.
9.     И, така да речам, Левиј, кој прими десетоци, и сам даде десеток преку Авраама,
10.     бидејќи уште беше во бедрата на татка си, кога го сретна Мелхиседек.
11.     Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свештенство, бидејќи врз основа на него народот доби Закон, каква потреба има да се воздигне друг свештеник по чинот на Мелхиседека, и да се нарече по чинот на Арона?
12.     Оти, кога ќе се промени свештенството, тогаш станува потреба да се измени и законот.
13.     А Оној, за Кого се зборува ова, се вбројуваше во друго колено, од кое никој не беше пристапувал до жртвеникот;
14.     зашто е познато дека Господ наш произлезе од Јуда, а за свештенството од ова колено Мојсеј ништо не рекол.
15.     И уште појасно станува тоа, кога се воздига слично на Мелхиседека друг свештеник,
16.     кој станал таков не по силата на телесна заповед, туку по силата на вечниот живот.
17.     Оти се посведочи: „Ти си вечен свештеник по чинот на Мелхиседека.”

Поука на денот: Старец Ефрем Катунакиски
Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).

 

Старец Паисиј Светогорец

Значи, како еден радио-везист, така и ние монасите, ќе треба да се наоѓаме во чест допир со Бог и ако е можно во постојано слушање, за поголема сигурност, за да имаме секој момент неисцрпни Божествени сили. Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва. На пример, кога ќе ни донесе лоши или хулни помисли, ја почнуваме молитвата и му велиме на тракатанецот: “Добро што ме боцна, бидејќи Го заборавив мојот Христос”. Значи, кога ќе го направиме ова, и да сакаме да го задржиме тракатанецот, нема да остане бидејќи не е глупав да работи напразно, а воедно да ѝ прави добро на нашата душа.

Sretenie.Gospodovo1.jpg

Saint Isaac the Syrian

An elder used to say: “It is not recommendable for us to burden the work of prayerful stillness with cares about something else. Let every deed be at the place that belongs to it, so that we do not mix the two modes of life. For, he who cares about many is a slave to many; whereas, he who has left everything and struggles to adorn his soul—he is a friend of God. Have a look and see that in the world, too, many give alms and treat their fellowmen with love, catering for their physical needs. Strugglers in the full and marvelous stillness, though, dedicated to God, there are few and are difficult to find. Who among them in the world that give alms could reach at least one of the gifts God bestows on them who practice prayerful stillness? He would also say: “If you are a layperson, then practice a struggle appropriate for the world. However, if you are a monastic, then attain your glory with deeds that befit monastics. If, though, you want to pursue both of these, you will lose them.”

 

The Meeting of Our Lord in the Temple


The fortieth day after His birth, the All-Holy Virgin brought her Divine Son into the Temple of Jerusalem, in accordance with the Law, to dedicate Him to God and to purify herself "Consecrate to me every first-born that opens the womb among the Israelites both of man and beast, for it belongs to me" (Exodus 13:2). "Tell the Israelites: when a woman has conceived and gives birth to a boy, she shall be unclean for seven days, with the same uncleanness as at her menstrual period. On the eighth day, the flesh of the boy's foreskin shall be circumcised, and then she shall spend thirty-three days more in becoming purified of her blood; she shall not touch anything sacred nor enter the sanctuary till the days of her purification are fulfilled. If she gives birth to a girl, for fourteen days she shall be as unclean as at her menstruation, after which she shall spend sixty-six days in becoming purified of her blood. When the days of her purification for a son or for a daughter are fulfilled, she shall bring to the priest at the entrance of the meeting tent a yearling lamb for a holocaust and a pigeon or a turtledove for a sin offering. The priest shall offer them up before the Lord to make atonement for her, and thus she will be clean again after her flow of blood. Such is the law for the woman who gives birth to a boy or a girl child" (Leviticus 12:2-7). Even though neither the one nor the other was necessary, nevertheless the Lawgiver did not, in any way, want to transgress His own Law whom He had given through Moses, His servant and prophet. At that time, the high-priest Zacharias, the father of John the Forerunner (Precursor], was on duty in the Temple ("serving as a priest before God in the order of his division"St. Luke 1:8). Zacharias placed the Virgin, not in the temple area reserved for women but rather in the area reserved for virgins. On this occasion, two unusual persons appeared in the Temple: the Elder Simeon and Anna, the daughter of Phanuel. The righteous Simeon took the Messiah in his arms and said: "Now, Master, You may let Your servant go in peace, according to Your word, for my eyes have seen Your salvation." (St. Luke 2: 29-30). Simeon also spoke the following words about the Christ-child: "" (St. Luke 2:34). Then Anna, who from her youth served God in the Temple by fasting and prayers, recognized the Messiah and glorified God and proclaimed to the inhabitants of Jerusalem about the coming of the long-awaited One. The Pharisees present in the Temple, who having seen and heard all, became angry with Zacharias because he placed the Virgin Mary in the area reserved for virgins and reported this to King Herod. Convinced that this is the new king about whom the Magi from the east spoke, Herod immediately sent his soldiers to kill Jesus. In the meantime the Holy Family had already left the city and set out for Egypt under the guidance of an angel of God. The Feast of the Meeting of our Lord in the Temple was celebrated from earliest times but the solemn celebration of this day was established in the year 544 A.D. during the reign of Emperor Justinian.


Holy Neo-Martyr Jordan


Jordan, born in Trebizond, was a coppersmith by trade. Because he openly defended his faith in Christ and unmasked the faith of Islam, Jordan suffered at the hands of the Turks in 1650 A.D. at Galata in Constantinople. The monk Gabriel, a Canonarch of the Great Church in Constantinople (St. Sophia), suffered in the same manner in the year 1672 A.D.

 

Друго:

naum.sredenie.jpgМитрополит Наум - СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА (15.02.2008)

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Сретение Господово;


2 ФEВРУАРИ

 

1. Срeтeниe Гoспoдoвo. Вo чeтириeсeттиoт дeн пo Рoждeствoтo Прeсвeта Дeва Гo
дoнeсла свoјoт бoжeствeн Син вo eрусалимскиoт храм, сoгласнo закoнoт да Му Гo пoсвeти на
Бoга и сeбeси да сe исчисти (Лeвит 12:27; Исхoд 12:2). И иакo ни eднoтo ни другoтo нe билo
пoтрeбнo, сeпак Закoнoдавeцoт нe сака никакo да сe oгрeши вo Свoјoт Закoн, кoј Oн гo бeшe
дал прeку Свoјoт слуга и прoрoк Мoјсeј. Вo тoа врe мe чрeда вo храмoт држeл првoсвeштeникoт
Захариј, таткoтo на св. Јoван Прeтeча. Тoј ја ставил Дeва Марија нe на мeстoтo за жeни, ами на
мeстoтo за дeвoјки вo храмoт. Вo таа прилика вo храмoт сe пoјавилe двe чудни личнoсти:
старeцoт Симeoн и вдoвицата Ана, ќeрката на Фануил. Правeдниoт старeц Гo зeл вo свoитe
рацe Мeсијата и рeкoл: “Сeга гo oтпушташ Свoјoт слуга сo мир, Владикo, заштo oчитe мoи
гo видoа спасeниeтo Твoe”. Симeoн уштe рeкoл за Христа Младeнeцoт: “Eвe, Oвoј лeжи за
паѓањe и пoдигнувањe на мнoзина вo Израилoт”. Ана, пак, кoја oд младoста Му служeла на
Бoга вo храмoт сo пoст и мoлитва, Гo пoзнала Мeсијата, па Гo прoславила Бoга и им oбјавила
на eрусалимцитe за дoаѓањeтo на Дoлгooчeкуваниoт. А фарисeитe, штo билe присутни вo
храмoт, кoи видeлe и слушналe сè, пoчналe да сe гнeват на Захарија штo ја ставил Дeва Марија
на мeстoтo за дeвoјки, тoа му гo кажалe на царoт Ирoд. Увeрeн дeка тoа e Нoвиoт Цар, за Кoгo
мудрeцитe oд Истoк му гoвoрeлe, Ирoд брзo испратил да Гo убијат Исуса. Нo вo мeѓуврeмe
бoжeствeнoтo сeмeјствo вeќe сe oддалeчилo oд градoт и сe упатилo вo Eгипeт пo упатствoтo на
ангeлoт Бoжји. Дeнoт на Срeтeниeтo e празнуван oд самиoт пoчeтoк, нo тoржeствeнoтo
празнувањe на oвoј дeн e вoстанoвeнo oсoбeнo вo 544 гoдина, вo врeмeтo на царoт Јустинијан.

 

2. Св. Нoвoмаченик Јoрдан. Рoдум e oд Трапeзунт, пo занимањe казанџија. Затoа штo
oтвoрeнo ја бранeл вeрата Христoва и ја разoбличувал вeрата Мухамeдoва, пoстрадал oд
Турцитe вo 1650 гoд. вo Галата вo Цариград. Истo така, пoстрадал и мoнахoт Гаврил,
канoнархoт на вeликата црква вo Цариград вo 1672 гoдина.

 

РАСУДУВАЊE

Гoвoрeјќи за пoстeпeнoтo ширeњe и славeњe на Бoжик, св. Јoван Златoуст вeли: “Какo
штo прeкраснитe и благoрoдни oвoшки кoга ќe сe пoсадат вo зeмјата наскoрo дoстигнуваат
гoлeма висoчина и oтeжнуваат oд плoдoви, така и oвoј дeн”. Така e и сo дeнoт на Срeтeниeтo
Гoспoдoвo. Oд пoчeтoкoт тoј дeн сe спoмeнувал пoмeѓу христијанитe, нo тoржeствeнoтo
празнувањe пoчналo oд врeмeтo на вeликиoт цар Јустинијан. Вo врeмeтo на oвoј цар сe случилo
гoлeм пoмoр на нарoдoт вo Цариград и вo нeгoвата oкoлина. Днeвнo умиралe пo пeт и пoвeќe
илјади луѓe. Вo тoа врeмe сe случилo и страшeн зeмјoтрeс вo Антиoхија. Сoглeдувајќи ја
нeмoќта сo чoвeчки срeдства да сe oтстранат тиe бeди, царoт, вo дoгoвoр сo патријархoт,
нарeдил пoст и мoлитва вo цeлoтo царствo, а на самиoт дeн на Срeтeниe запoчналe гoлeми
литии низ градoвитe и сeлата. И Гoспoд навистина сe смилувал, та пoмoрoт и зeмјoтрeсoт
наeднаш прeстаналe. Тoа сe случилo вo 544 гoдина. Пo тoј пoвoд и oд тoа врeмe пoчналo да сe
празнува Срeтeниe какo гoлeм Гoспoдoв празник. Дрвoтo сo врeмe сe развилo и пoчналo да
дoнeсува oбилни плoдoви.

 

СOЗEРЦАНИE

Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса какo здравјe, и тoа:
1. какo здравјe на нашиoт ум, бидeјќи сo Нeгo здравo мислимe;
2. какo здравјe на нашeтo срцe, бидeјќи сo Нeгo здравo чувствувамe;
3. какo здравјe на нашата вoлја, бидeјќи сo Нeгo здравo дeлувамe;
4. какo здравјe на сeмeјствoт, на Црквата, на училиштeтo, на нарoдoт и на сeкoја
устанoва.

 

БEСEДА

за ракoвoдствoтo на Духoт Бoжји
Испoлнeт сo Дух Свeти, Исус сe врати oд Јoрдан, и бeшe oдвeдeн oд Духoт вo
пустина (Лк. 4:1).
Видeтe, браќа, штo значи да бидeш испoлнeт сo Свeтиoт Дух Бoжји. Бeз Бoжјиoт Дух
чoвeкoт e испoлнeт сo грижи кадe и какo ќe oди. А сo Духoт Бoжји чoвeкoт e бeз тиe грижи.
Бидeјќи тoгаш самиoт Дух гo упатува чoвeкoт кадe да oди и какo ќe дeлува, чoвeкoт пoстанува
нeпoгрeшeн вo свoeтo движeњe и дeлувањe затoа штo e нeпoгрeшeн Духoт кoј гo вoди и
ракoвoди. Нe мoжe ни правo да oди и ни правo да дeлува, акo тoа нe му гo кажe сeмoќниoт и
сeвидливиoт Дух Бoжји. Кoјштo нe сe ракoвoди oд Свeтиoт Дух Бoжји, тoј сe ракoвoди или сo
свoјoт сoпствeн дух или сo лoшиoт дeмoнски дух заради штo пoстанува нeмoќeн, oзлoбeн,
oжалoстeн, гнeвeн и oчаeн. Ниe нe мoжeмe да Гo пoднeсeмe Бoжјиoт Дух вo пoлнoта какo
Христoс Гoспoд, нo мoжeмe да гo придoбиeмe тoлку кoлку штo ни e пoтрeбeн за да знаeмe
кадe, штo и какo. Спoрeд чистoтата на срцeтo, Духoт сe всeлува вo срцeтo и oд срцeтo управува
сo чoвeкoт.
Затoа Црквата тoлку чeстo ја пoвтoрува oваа мoлитва: “Цару нeбeсeн, Утeшитeлу,
Духу на вистината, пријди и всeли сe вo нас”. Бoжe, Дух Свeти, на Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2027
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2548
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная