Утехата за страдањето за Христа во се е доволна; ќе ја повторуваме оваа света поука и болката во секоја рана ќе помине. Ке речеш: „А како ние можеме да страдаме за Христа?" Да речеме дека некој те накажал, не за Христа, ами заради било која работа. Ако тоа храбро го поднесеш, ако бидеш благодарен, ако се молиш за својот навредувач - сето тоа ќе го направиш заради Христа. Меѓутоа, ако проколнуваш, ако се лутиш и ако бараш погодна прилика да се одмаздиш, дури и ако тоа не ти појде од рака, нема да трпиш заради Христа, туку ќе си наштетиш и со својата волја ќе останеш без плод. Бидејќи од нас зависи, сакаме ли од неволјите што не снаоѓаат да печалиме полза или штета; тоа не зависи од природата на самите неволји, туку од нашата волја. Ке наведам еден пример. Јов, кому му паднало во дел да доживее толку неволји, ги поднесол со благодарност и бил оправдан - не просто затоа што страдал, туку токму од причина што, страдајќи, се поднесувал со благодарност. Некој друг, поднесувајќи такви страдања или, подобро речено, не такви, бидејќи никој не страдал толку како Јов, туку далеку помалку, се гневи, паѓа во мрзоволие, го проколнува целиот свет, мрмори (од незадоволство) против Бога; таквиот човек ќе доживее осуда и казна, не заради тоа што страдал, туку затоа што мрморел (од незадоволство) против Бога. Мора да имаме духовна цврстина и тогаш ништо нема да ни биде тешко; спротивно на тоа, нема ништо што не и е тешко на слабата душа. Ако дрвото ги пушти своите корени длабоко во земјата, ниту најсилната бура не ќе може да го искорне; ако тие корења останат плитко, на површината, и многу послаб ветер ќе ги искорне од земјата. Така е и со нас: ако своето тело го приковеме кон Божјиот страв ништо нема да не поколеба; ако му ја испуштиме волјата и слабиот напад ќе може да ни донесе загуба и ќе не одвлече во погибел.
(Продолжува)
Подготви: Стојанка Тежак
ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ
Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци
Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004
Друго:
ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА
ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА
СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ
ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ
Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ
ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ
Св. Јован Златоуст - ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА
Св. Јован Златоуст- ЗА ПОЛЗАТА ОД ПОТСЕТУВАЊА НА СТРАВОТ ОД АДСКИТЕ МАКИ
Св. Јован Златоуст - РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА СТРАШНИОТ СУД