ПОМОГИ МИ ГОСПОД ДА ЉУБАМ ВИСТИНСКИ
Пораснавме со една љубов која е емоција и зделка. „Направи го ова за да те сакам. Не давај сè, задржи за себеси, не се давај на другиот за да не те повреди. Дарувај љубов и очекувај за возврат, во спротивно замини си!“ Пораснавме учејќи да ја поставуваме љубовта во шеми, да ја мериме во количини и многукратно во евра. Тоа не е љубов, тоа е паѓање. Срце што крвари. Заборавивме дека вистинската љубов се гледа во безмерните жртвени рани.
Да го кажеме големото „Не“. Ќе љубам до крај, до смрт. Нека бидам распнат. Затоа и љубам, за да умрам и да живеам умирајќи заради љубовта. Да се очекува одмазда и нешто за возврат е знак на човечка немоќ. И ако тоа го чувствувам како потреба тоа значи дека не можам вистински да сакам. Оној кој е спремен да даде сè, без да очекува ништо, во лицето на Христос може да го препознае Возљубениот во целата твар.
Ќе ни се допадне ако не постават на крст. Смртта ќе биде слатка и воскресна. Ако не распнат затоа што сме љубеле, спасение ќе ни бидат распнувањето и болката, клинците и пролеаната крв! Вистинската љубов не се гледа само во зборовите „Те сакам!“, не се гледа само во патот кон Голгота, туку во часот кога клинецот го пробива телото а ти лудо го љубиш оној кој те приковува. Таму љубовта го добива своето вистинско значење, за кое постои и се открива. „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!“ (Лука 23:34).
Да го сакаш непријателот не е утопија, туку пат на исполнување преку согледување на твојата неспособност вистински да сакаш како што нè сакаше Оној што се жртвуваше за нас, без да поседува вина. Свети Силуан Атонски рекол дека ако некој чувствува љубов кон својот непријател, тоа е знак на светост, благоухание на Рајот. Да го прегрнеш кактусот и кога ќе те прободе трњето да ја почувствуваш болката како благослов. Дали тоа може да се случи со човечки сили и филозофски тези? Не.
Да станеш нешто и да освоиш нешто не е автоматски процес, не е само избор. Тоа е соработка, љубовна духовна жед која не може да се угасне доколку Божјата благодат не дојде да го преобрази, зајакне и пополни она што недостасува. Дојде време нашиот живот и ние самите да станеме знак на примање на Божјата благодат. Жители на Рајот ќе бидат оние „туѓинци“ кои на секоја рана одговарале со љубов, ги исполниле синаксарите со траги од својот живот и ѕидовите на светите храмови со своето присуство. Тоа се светиите: тие го љубеле непријателот до смрт заради возљубениот Жених..
Овој Младоженец - Господ, Кој нè спасува само за она што го кажува, туку главно за она што е, не ни оставил филозофски тези туку животно искуство, за да можеме со Негова помош да Го подражаваме. Преку заедница со Него, преку Света Причест - Неговото Тело и Крв - Лекот за бесмртноста. Да се разделам, да ги сакам сите, да се жртвувам дури и за мравката што безгрижно оди. Тоа е единствениот начин да кажеме „те сакам“. Да ја слушаш смртта како доаѓа и да не се грижиш... Да ја претвориме жртвената љубов во молитвена прозба: „Помогни ми, Господи, да љубам вистински, имам потреба од тоа!“.
Автор: о. Спиридон Скутис
Подготвил за Преминпортал Симеон Стефковски
Извор bogonosci.bg