Откако Христовото учење започнало да се проповеда помеѓу незнабошците, учениците на Господ Исус Христос биле наречени христијани. "И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа многу народ; и најнапред во Антиохија ги нарекоа учениците христијани" (Дела 11, 26). Од Антиохија тој термин се раширил низ целиот свет. Всушност терминот христијани означувал, а и денес означува припадност во однос на посветеноста на Господ Исус Христос и неговото учење. Да се биде христијанин во потполна смисла на зборот значи да се биде Христов, односно да се исповеда неговото учење, но и да се живее според истото. Во историјата на Христијанската Црква со текот на вековите се појавувале многумина кои себе сñ се нарекувале христијани, но по дух не биле Христови. За нив самиот Христос рекол: "Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен" (Мт. 7, 21). За оние кои отстапиле од Христовото учење дека не треба да се нарекуваат христијани, проповеда и самиот апостол и евангелист Јован Богослов, во своето прво Соборно послание кога вели: "Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе останеа со нас; но се јавија за да се знае дека сите не се наши" (1 Јов. 2, 19). Од теолошки аспект, целта на постоењето на христијаните е славословно прославување на Бога. Тоа е можно доколку правилно се верува и се изразува истото во зборови и дела. Поради тоа вистинското христијанство може да се нарече "правилно славење" (според старогрчките зборови орљоВ доџиа, од кои произлегува и терминот ортодоксија-православие). Преку терминот Православие ние православните христијани го исповедаме нешето цврсто убедување, дека токму нашата вера е вистинското Христово учење и дека Православната Црква е единственото вистинско продолжение на Едната Света Соборна и Апостолска Црква, основана од самиот Бог Господ Исус Христос, како Богоспасителна заедница на луѓето, за спасение на целиот свет.
м-р И. О.
Изборот: од свештенството на храмот Св.Спас, Драчево( Скопје)
Посети:{moshits}