Спречен обид за атентат врз вселенскиот патријарх
Турската
полиција како што соопштуваат турските медиуми уапсила маж а по двајца
негови соработници се трага поради сомнение дека сакале де го убијат
вселенскиот патријарх Вартоломеј.Според истите извори атентатот бил
планиран да се изведе на 29-ти овој месец.
Полицијата објаснува
дека атентатот е планиран за 29. мај бидејќи на тој ден, пред 560
години, тогаш византиски Цариград бил освоен од Турците. Вартоломеј од
денес е ставен под засилено обезбедување на полицијата.