логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Aleksandar.Dimitrievic.jpg

Ракотворена вечност, или плус и минус на шизоидниот тип на личноста

Тешко дека може да се најде нешто потаинствено и поважно во животот на еден човек од средбата со Живиот Бог. Но, за да стане можна таа средба, нужно е да се ослободиме од своите бесконечни „неодложни“ проблеми, од уживањето во самиот себе, за да „бидеме будни, насочувајќи го увото кон страната на Бога“.264
Несакањето да се остави својот удобен дом и да се смени нешто во самиот себе и во својот живот е присутно кај најразлични луѓе. Но, постои одреден тип личности за кои оставањето на „домот на својата душа“ претставува вистински проблем. Го имаме предивид шизоидниот стил на личноста. Читателите неспецијалисти ги молиме да не се плашат од таквиот, можеби невообичаен, назив на дадениот тип карактери. Без оглед на можните асоцијации, може да се каже дека шизоидот има мошне далечна врска со шизофренијата. Тоа попрво е однос на терминологијата, одошто на клиниката .
Но, каков е нашиот јунак?
Како една од главните негови карактерни црти треба да се смета затвореноста во себе. Постојат луѓе коишто претпочитаат да не канат гости во својот дом, плашејќи се тие да не го видат во неред. Шизоидот може да живее во бедна колиба, но неговата изострена фантазија го претвора мрачниот ќумез во раскошен дворец, макар што првиот што би го посетил би можел да му каже на домаќинот: „Но, кај тебе е толку грозно! Со што се гордееш? Со каква убавина?“ А самиот станар може едноставно да не забележи дека прашината од масата веќе десетина години не е избришана.
Анализирајќи ги во главата семожните последици од слична визита, таквиот домаќин може да заклучи дека нешто треба да менува  на пр., да направи макар генерално средување на жиевалиштето, ако не капитален ремонт. Но, такво нешто не му е по волја! И, воопшто, ако размисли подобро, зошто да пушта други луѓе во куќата? Зарем самиот тој не ја знае сопствената вредност и вредноста на својот беден дом?
На крајот од краиштата, шизоидот страда од таквата затвореност макар и затоа што сака некому да му го покаже својот фантастично чудесен свет. И ако тој, кога и да е, сепак се одлучи да ја подотвори вратата на својот „внатрешен дворец“, неговиот обид безусловно е осуден на неуспех. Може ли да се види многу од прагот? А и како да се разбере тоа натрупување на реалноста и на фантазијата, коишто од страна на самиот домаќин еднозначно се третираат како нешто прекрасно?
Што и да се каже, внатрешниот душевен свет на шизоидот навистина е богат. И самите тие често се надарени со голем интелект. „Колку повеќе гревови има човекот, и колку повеќе се тие изразени, толку повеќе човековата душа при создавањето била надарена со добродетели коишто се отфрлаат и се негираат од страна на човекот што греши“  смета еден православен истражувач.265 „Колку посилно е изразена индивидуалноста, толку појасни и покарактеристични стануваат неговите психопатски црти“  пишува еден класик на домашната психопатологија.266 Прашањето е во тоа како човекот да постапи со талантите што му се доверени.
И навистина, во основата на секој грев и на секоја страст лежи гордоста. Во Словото до паганите од св. Атанасиј Велики може да се најде и ваква мисла: „Луѓето паднале во самољубие, претпочитајќи го сопственото наспроти божественото созерцување.“267 Во оваа кратка дефиниција е сокриена суштината на гордоста: човекот, за кого порано центар и предмет на посакување бил Бог, се свртел од Него, „паднал во самољубие, се засакал и самиот себе се возљубил повеќе од Бога, наместо божествено созерцување повеќе го претпочитал созерцувањето на самиот себе. Во нашиот живот тоа свртување кон „самосозерцување“ и „самопосакување“ станало дел од нашата природа и се пројавува макар и во вид на силен инстинкт на самоодржување, како во телесниот, така и во душевниот живот“  пишува свештеникот Александар Јељчањинов.268 
Веќе напоменавме дека карактеристична црта на шизоидите претставува токму затвореноста во својот сопствен свет. На таквиот човек му е добро со самиот себе. „Често таа свртеност кон себе се развива кај тивки, покорни, молчаливи личности, кај кои уште од детството се потиснува нивниот личен живот, и таа потисната субјективност раѓа, како компензација, егоцентрична тенденција269 во најразлични пројави: чувствителност на навреди, сомничавост, желба за истакнување, желба за свртување на вниманието кон себе, дури и со поддршка и со ширење најлоши гласови за себе, и на крај, дури и во вид на директни психози на карактерот преку наметливи идеи, мании на прогонување или мании на величина (Попришин кај Гогољ). И така, сосредоточеноста на самиот себе го оддалечува човекот од светот и од Бога; тој како да се отцепува од општото стебло на универзумот и се претвора во лушпа завиткана околу празно место.“270
Можни се различни причини за ваквата нагласена свртеност кон внатре. Пред сè, тоа е стравот да не се изгуби прекрасниот, сложениот и, истовремено, толку кревкиот свет. Кој може да гарантира дека тој свет на фантазијата ќе остане цел по заминувањето на гостите?
Уште една причина што ги тера шизоидите да се „кријат“ од светот е стравот од отвореноста на собеседникот, неумеењето да се одговори на сочувството. За ова, М. Волошин напишал:

... да се чувствуваат прскотините
на болната љубов,
и постепеното заминување на пријателите,
кога, измачувана од вонземен сон,
душата, отуѓувајќи се, останува празна.271

Поетот  признава дека неговата душа е „измачувана од вонземен сон“, а дека реалноста е  измачувачка, и дека спокојството се добива единствено во светот на сопствените возвишени фантазии.
Колку е поизразена шизоидната акцентуација, толку повеќе за дадениот човек е важен неговиот внатрешен свет, неговите претстави, неговиот „внатрешен дворец“, и толку помалку се восприема надворешното, реалното. Следствено, толку посложено ќе биде враќањето кон реалноста.
Шизоидот создава, или, поточно кажано, се обидува за создаде своја вселена, свој свет во кој е сè онака како што тој сака. Не е тешко во „тоа самоволно создавање свет“ да се види некаков предизвик на вистинскиот Творец. „Тие често самите себе се земаат како мерка за сите нешта, стасувајќи така до чудовишна надменост и самообожување“.272 „Тие се придржуваат до моралот на господинот , признавајќи го единствено достоен за себе, и полни се со презир спрема оние слаби личности коишто своите дејствија ги поврзуваат со морални сфаќања, оценувајќи ги тие својства превасходно како кукавичност или недостиг на смелост.“273
Обидот со сопствени сили, поточно  со силата на сопствениот разум, да се решат сите проблеми и да се постигне сè, од самиот почеток е осуден на неуспех. Тоа впечатливо е покажано во сказната „Снежната кралица“ од Х. К. Андерсен. Ќе ја споменеме епизодата кога малиот Кај се обидува од мраз да го состави зборот Вечност. Задачата на снежната господарка, во принцип, не може да се изврши. „Ледената вечност  пишува во врска со тоа ѓаконот Андреј Кураев  е ракотворна вечност, вечност којашто не е создадена од Творецот. Тоа е, всушност, образ на адот. Тоа е навистина ѓаволска пародија на Бога. Древна поговорка вели дека ѓаволот е  Божјиот мајмун.“274
Уште една црта е типична за дадениот тип: „неговите стремежи се насочени, пред сè, кон зачувување на независноста и самозадоволството. Да биде независен, да не зависи од нечија помош, да нема обврски спрема никого  за него имаат решавачко значење. Затоа тој се дистанцира од другите луѓе, не им дозволува да му се приближат, се стреми кон ограниченост.“275
Сето тоа, во поголем или помал степен, е карактеристично и за секој од нас. Ќе ја споменеме алегоријата на егзистенцијалистите дека луѓето наликуваат на бодликави прасиња: нив постојано им студи и затоа се принудени да се доближуваат еден до друг, за да се затоплат, но острите боцки на соседот болно ги боцкаат. Поради тоа, се оддалечуваат еден од друг, но притоа повторно страдаат од студ. Но, кај шизоидите таквата „тенденција кон самостојност“ е поизразена, и тоа ја определува нивната акцентуација. Да напоменеме дека „акцентуација означува очигледна еднострана насоченост, којашто достигнува граници под кои подразбираме погранични или екстремни варијанти: личносни структури“.276 Според мерата на својот развој, таа црта ги прави луѓето сè повеќе нездрави (и несреќни).
Во православната литература по психологија често се среќава тврдењето дека основа за формирање шизоидност е гордоста. На ова тврдење, коешто станало општоприфатено, не може да му се приговори. Гордоста е мајка на секој грев, и во таа смисла секоја акцентуација или психопатија се раѓа од гордоста или од нејзините деривати  било да се работи за хистероидност, депресивност итн.
„Сите страсти може да се искоренат од срцето со помош на исповед или со духовни поуки на богопросветлени луѓе,  вели св. Тихон Задонски,  но гордоста апсолутно не му дава на човекот можност да го прими тоа духовно лекарство. Во неговата душа доминира мнението за своите високи духовни вредности, и затоа тој останува неисцелен.“277 „Наоѓајќи се во заробеништво на таа страст, односно на гордоста, човекот своите мненија и расудувања, макар што тие често претставуваат лага, секогаш ги смета за точни и неспорни и, наметнувајќи им се на другите, бара од нив целосно одобрување и признавање.“278
Меѓу шизоидите може да се сретнат голем број талентирани, па дури и генијални луѓе. Ќе повториме дека нивниот внатрешен свет во суштина е мошне богат. Кречмер ги споредува шизоидите со „римски вили, без надворешни украси, чии прозорци се затворени со ролетни поради силното сонце, но во коишто во самрак се приредуваат раскошни гозби“.279 Но, не е тешко да се разбере таквата внимателност и несакањето да се покануваат гости во својот блескав внатрешен дворец: гостите премногу често се безобѕирни. И ако шизоидот воопшто пушти некого во својот свет, споделувајќи притоа со него нешто мошне искрено, тој многу ризикува да остане не само неразбран, туку и исмеан. Зашто, гостите често забораваат да си ги избришат чевлите пред да влезат. Крајот на таквата авантура е познат и тажен: со жалење дека не е разбран, нашиот јунак повторно се враќа дома и добро ја затвора вратата... „Поради ограничениот број контакти со светот на меѓучовечките односи, неговите расудувања се засновани на впечатоци и на доживувања, во нив секогаш има елементи на сомнеж, тој како реалност ги смета единствено фантазиите коишто одговараат на неговиот внатрешен свет, и ја претпочита онаа слика на светот којашто самиот ја создал, сметајќи ги гледиштата на другите за исмејување насочено против него.“280 На сите им е позната акцентуираноста кај шизоидите од интелектуалната сфера, и неразвиеноста во емоционално-чувствената сфера. Во извесна смисла ова е и разбирливо: обидете се да развиете чувства седејќи во темна затворена просторија, во која не проникнуваат разиграни бои и разнообразни звуци! Сè што ви преостанува е  умот, мислењето и, секако, вообразбата...
„Треба да се нагласи дека шизоидните растројства може да имаат различен интензитет. Ако се обидеме шизоидните личности да ги построиме во редица, така што да почнеме од здравите и да завршиме со болните, ќе го добиеме следниот редослед: лесна отежнатост при контактирање  зголемена чувствителност  индивидуализам  оригиналност  егоизам  особеност  настраност  аутсајдерство (манир на особено однесување)  асоцијалност  криминалност  психички растројства.“281
Како и во случајот на други акцентуации, кај шизоидите е забележливо нарушување на хармонијата меѓу трите основни сили на душата (умот, чувствата и волјата). „За разлика од развојот на рационалната страна кај шизоидите, нивниот емоционален живот останува непроменет  тоа се однесува како на взаемните односи со партнерот, така и на емоционалните врски. За таквите луѓе често е карактеристичен истакнат интелектуален развој при недоволно развиена емоционалност  емоционалните доживувања се неразвиени, а понекогаш  бедни и мизерни.“282
Фамозната затвореност на шизоидите е условена токму од неразвиената сфера на чувствата. Не се работи за тоа дека шизоидот е некомуникативен „волк самотник“. Како прво, тие едноставно не умеат да општат. Како второ, тие се уверени дека човек не треба да се раководи според чувствата. На прво место секогаш треба да стои логиката! Сите нејасни претстави треба да бидат воплотени во конкретни идеи, без оглед на каков начин.
Затоа тука е можна карактерна грешка: на сите факти и мисли да им се придаде свој личен образ и подобие, истите тие да се положат во Прокрустовата постела на „својот“ систем на поимање на светот, да се потчинат и потиснат.283
Бидејќи факти, објекти и образи секогаш има премногу, а некои од нив никако не може да ги вклопи во „својот“ систем, нашиот јунак го наоѓа следниот излез: тој ја митологизира реалноста, ì придава црти на нереалност, и за него вистинско е само она што е внатре во него.
Ова е јасно воочливо во завршницата на романот „Покана за смртна казна“ од В. В. Набоков, кога се руши сиот надворешен свет и останува само светот на јунакот. „Јас уште ништо не правам  рече месје Пјер  со некаква пискава усилба, а сенката веќе беше преминала преку штиците кога Цинцинат  силно и гласно почна да пресметува: едниот Цинцинат брои, а другиот Цинцинат веќе престана да го слуша оддалечувачкиот звук на непотребното броење... Наоколу владееше чуден хаос... Гледачите беа сосема прозрачни и веќе непотребни, и сите се лелееја напред-назад, удирајќи се еден од друг – само задните нацртани редови останаа на местото... Малку нешта останаа од плоштадот. Бината одамна се изгуби во облакот од црвен прав... Паднатите дрвја лежеа превртени, без каков и да е релјеф, а оние што останаа на бината, исто така тенки, со бочна сенка долж стеблото за илузија на тродимензионалност, едвам се држеа со гранките за искинатите облаци од небото. Сè се разлеваше. Се паѓаше.“284
„Интровертното сознание, макар што ги гледа надворешните услови, сепак ги избира субјективните фактори како решавачки“  напишал за оваа тема К. Г. Јунг.285
Според К. Леонард, главна карактеристична црта на шизоидите е лошата интуиција. Тие се склони да поставуваат нормативи за другите и според нив да ги оценуваат сите останати. На оние што „нема да поминат“ може да им биде мошне тешко. Притоа шизоидот најчесто не забележува дека се однесува агресивно. Има случаи таквиот човек да дојде кај некого на гости. Додека домаќините и другите поканети „влегуваат во шема“, нашиот јунак е воздржан и учтив. Но, ете, разговорот продолжува по неблагопријатен тек. Тој неочекувано ја турнува вазата (несмасно движење), потоа (ненамерно) стапнува на опашката на домашната мачка („а тие внимаваат на мачката како да е бебе!“). Нему малку му олеснува, зашто внатрешната агресија нашла начин да излезе на површината, и тој со умилна насмевка бара да му простат: „Простете, толку сум несмасен!“
Треба да се напомене дека „шизоидите во своите взаемни односи со луѓето немаат ни најмала претстава за дејството на нивните афекти и агресии; тие го разгледуваат тоа само како форма на реагирање коешто воопшто не се манифестира спрема луѓето околу нив. Затоа тие не знаат колку самите можат да бидат остри, навредливи и груби.“286
„Забележлива е нервозата во однос на неразбирливите лични чувства,  пишува за шизоидите А. Августинавичуте.  Сè што е неразбирливо, премногу сложено или двосмислено  фрустрира, односно предизвикува разочараност, и тој го избегнува.“287
Нив често ги обвинуваат за рамнодушност, резервираност, па дури и за бесчувствителност, но тоа не е така. Тоа се, често, совесни и чувствителни луѓе. И доколку ја спознаат смислата и последиците од своите дејствувања, тие потоа долго време се измачуваат, и со сето свое битие ги преживуваат настаните. Но, тие мошне ретко доаѓаат до таквото сознание.
Најчести пројавувања на шизоидната агресија се „категоричност, ненадејна навредлива жестокост, студена рамнодушност и вообразеност, цинизам и брзо преминување од пријатност кон непријателско прекинување на контактот.“288 „Самобендисаноста се заснова на самонепризнавање (самоотфрлање). Тоа често изгледа бесмислено, но во суштина е длабоко логично. Човек што се самонегира или отфрла дел од своето јас, постојано бара потврдување на тоа јас.“289
Мошне распространета појава меѓу шизоидите и, воопшто, меѓу акцентуираните личности, претставува чувствителноста на навреди, којашто Н. Д. Гурјев ја дефинира како „желба за подобар однос спрема себе, а не однос каков што спрема него го манифестираат оние од неговата околина. Се разбира дека човек се навредува тогаш кога смета дека заслужил подобар однос, кога кон него не се однесуваат толку добро колку што самиот тој смета дека е оправдано и потребно. Во односите со луѓето таквиот човек често пројавува сомничавост, недоверба, резервираност. Во зависност од другите квалитети, тој може да биде упорен во своите барања и конфликтен, а може да биде и тивок, депримиран... Со својот однос често ги провоцира луѓето на остри и непристрасни искази, поради кои подготвено се навредува. При сето тоа, навредениот се однесува како навреденоста да е негово ексклузивно право и воопшто не го интересира можат ли неговите зборови или постапки да бидат навредливи за другите луѓе.“290
Причината за ваквото однесување може да се покаже како парадоксална. Таа произлегува од гордоста којашто се пројавува како самољубие и самосожалување. Човек чувствителен на навреди предизвикува игнорантен однос во својата околина и дозволува спрема него да се постапува грубо, навредливо и со потсмев, со што ја задоволува својата чувствителност спрема навреди. Шизоидниот однос често може да се дефинира и како плашливост. Внатрешно, ова чувство се „реализира преку чувствување на зависност од околната средина, на пониженост. Затоа често, како компензација, ова чувство е проследено и со (нагласена) независност. Надворешно, пак, ваквото чувство може да наликува на покорност и на смиреност, со коишто површните луѓе често го мешаат споменатото чувство на плашливост.“291
Авторот тука укажува на еден важен момент: плашливоста и бојазливоста често паразитираат на христијанските добродетели, наликувајќи само надворешно на нив. Н. Д. Гурјев под вистинска покорност подразбира потреба да се примаат прекорувања како пројавување на грижа од страна на луѓето, и на љубов Божја.292 Смиреноста, пак, се дефинира како „потреба човекот да се однесува смирено (со внатрешен мир), без непријателство не само спрема ситуации и луѓе коишто му се пријатни, или коишто не влијаат врз него, туку и спрема оние што му се непријатели.“293
„Плашливиот човек може да е неосновано агресивен и раздразлив спрема оние што го опкружуваат, дури и кога нивните активности немале цел да му причинат штета. Често се случува плашливите луѓе да се затворени, слабокомуникативни, подозриви ... Како и секоја друга страст, плашливоста секогаш се манифестира преку настојувањето човекот да го зачува за себе правото и основаноста околината да ја смета за штетна, недобронамерна, и упорното инсистирање на тоа свое „право“... Логиката на неговото размислување може да се формулира крајно просто: „Јас спрема вас се однесувам лошо, а вие, сфаќајќи го тоа, или забележувајќи го таквиот однос, се однесувате на ист начин спрема мене.“294
Современиот психотерапевт пишува за шизоидите како за личности коишто „покажуваат страв пред предаденоста и се наоѓаат под влијание на импулси, насочени кон зајакнување на самостојноста. Од психолошка гледна точка, животот на тие луѓе е поврзан со зголемен стремеж за самоодржување.“295
„Бојазливоста претставува желба да се остави што е можно подобар впечаток, поврзана со неувереноста дека тоа и ќе се случи. Се манифестира така што човек не е во состојба да го зборува и да го прави тоа што го сака во присуство на други луѓе, а подоцна и кога е сам. Како компензација, се пројавува дрскост, бучност (очајничка смелост), при што човекот природно ја губи скромноста, уважувањето, тактичноста, пристојноста.“296 Како што гледаме, тоа целосно му противречи на распространетото мислење дека бојазливоста е позитивна црта на карактерот, директно поврзана со скромноста. Впрочем, преп. Нектариј Оптински наоѓал и позитивни својста на бојазливоста, сметајќи ја како средство со помош на кое се попречува извршувањето на гревовите: „Бојазливоста во нашето време е голема добродетел. Таа не е ништо друго, туку  целомудрост. Ако се запази целомудроста  а кај вас, интелигенцијата, таа најлесно се губи  сè ќе се запази.“297
Со бојазливоста директно е поврзана и познатата „неумешност“ на шизоидите. Кај нив, навистина, често се манифестираат проблеми со контролата на нивното тело. Тоа или е нагласено пренебрегнување на сè што е „ниско, недостојно, телесно“,  или, пак, напротив, тие посветуваат прекумерно внимание на надворешноста, детално ја проучуваат теоријата на бон-тонот, се придржуваат до најстроги диети и градат цели системи за оздравување.
На изразит шизоид често се гледа како на човек кој е нечувствителен спрема луѓето од неговата околина, невешт, плашлив и ранлив. Таа плашливост се приближува до апсурд кога се работи за неговиот внатрешен свет.
Како и при опишувањето на другите стилови, нас нè интересира сликата за светот што ја имаат шизоидите. Нивното мислење е свртено кон внатрешноста на секој објект, без оглед дали се работи за човек или за одредена појава. Притоа, тие не гледаат живи нешта коишто се развиваат, туку блокови, структури. 
Желбата на шизоидот да создаде некаков механичко-логичен модел на светот понекогаш води до апсурд, и тогаш се случува речиси истото она што го опишал М. Волошин:

Јас сум дух на механиката. Јас на материјата
Во темнината ì ги чувам слепите рамнотежи,
Јас сум пол на сферите  на небесните и на поднебесните,
Јас сум гениј на броевите. Јас сум сметачот. Јас сум главата,
Мене ми се важни формулите, а не славата...

На крајот од краиштата, одржувањето на „логичноста“ заедно со развиената фантазија и со увереноста во сопствената правда води кон жалосен заклучок: „Јас призракот на вистината го преточив во стројно бладање.“298
Сите дадености и признаци треба да се вклопат во одредена шема. „Ако тој човек постапил така, значи дека тоа е поврзано со некаков негов однос спрема некој блок од неговиот внатрешен свет.“ Или: „Јас го почитувам тој непознат човек, зашто тој ...“ (понатаму следува објаснување за самиот себе).
Но, прашањето како што е „Зошто моите чувства при средбата со N се толку противречни?“ може да предизвика недоразбирање. На шизоидот не му е лесно да се снајде во сопствениот свет на чувствата.
Зборовите на Христос: „Одречи се од себе, земи го својот крст и оди по Мене“ (Матеј 16:24) се упатени до секого. Но за шизоидните личности тој повик добива особено значење.
Како прво, тие премногу полагаат на својот внатрешен свет за да го отфрлат, дури и ако на патот на спасението се покаже како несоодветен.
Како второ, тие едноставно не сакаат никаде да одат. А и зошто? Каде подобро ќе осмислиш остроумен систем на лукавства, којшто дозволува да се усогласи претходното со новото. И предупредувањето за слабата еластичноста на старите мевови, коишто нема да го издржат вриењето на новото вино (Матеј 9:17; Марко 2:22), веќе не се земаат сериозно, макар што тоа им е кажано на сите луѓе, зашто тие се луѓе од особен вид! А и обидете се да му докажете на шизоидот дека патот кон Царството треба да биде реален, а не виртуелен: зашто, тој изодил веќе толку многу „патишта“ во својот живот! Да се докаже нешто е тешко, меѓу другото, и затоа што во однос на делот на логичкото мислење малку кој може да се споредува со нив.
Па сепак, ако шизоидите (како, впрочем, и личностите од сите други типови) не се научат да Му се доверуваат на Бога и на ближните, ако тие не го победат стремежот секогаш да остануваат во својот оклоп, ако само мечтаат за Царството, тие многу ризикуваат. Ризикуваат вечно да останат во истиот тој оклоп, лишени не само од каква било утеха од општењето со собраќата, туку и од самата надеж за Средба со Прекрасното Далечно ...
Избегнувајќи ја другата крајност  тоталното одрекување од шизоидниот стил со неговите позитивни квалитети, ќе напоменеме дека во овој оглед ние во извесна мера ги доближивме цртите на шизоидот и на интравертната личност, опишана од К. Јунг. Архимандритот Платон (Игумнов), на пр., гледа голем број предимства токму кај интравертот, наспроти екстравертот, кој е свртен спрема надвор: „Откажувајќи се од барањата и од разочарувањата поврзани со поседувањето материјални нешта, интравертната личност стекнува способност на спознавање на априорните образи на светот со кои може да оперира умот. Тоа се моменти на задлабочување во себе, на бесполезно созерцување на убавината на Божјата творба, молитви и славословење на Бога. Интравертната личност е ориентирана на создавањето, коешто е вечно творештво и постојан процес.“299
Самозадлабочувањето, рефлексијата, самопознанието се, безусловно, неопходни за спасението, и шизоидите во таа сефра можат да постигнат многу.
Треба да се напомене дека токму меѓу шизоидите често се среќаваат силни личности. Ако таков човек умее да се адаптира, да се реализира, да тргне по патот на духовен раст, тој може да постигне мошне многу. Раширената претстава за шизоидот како крајно непријатна, затворена, злобна фигура, го сметаме за еднострано и затоа невистинито. Во парохиската средина шизоидот може да внесе многу полезни нешта. Ќе се задржиме поподробно на овој момент. 
Познато е дека шизоидите се склони кон рационализација, кон структурализам, и дека се одлични стратези, макар и кабинетски. Но и самото Православие е не само и не толку религија на ирационализмот, колку што е религија на разумот, на духовната трезвеност и на одмерен пристап. Умеењето да се соединат верата и разумот е вредност на православниот христијанин. Разбирливо е дека кај секој човек се јавуваат одредени тешкотии при навлегувањето во црковната традиција. За шизоидот таквата тешкотија, пред сè, е неможноста разумно да го објасни сето она со што се среќава во храмот. Нему му е потребно „разложување до најситни елементи“. Но тоа не е секогаш можно, и не секогаш се среќаваат луѓе подготвени да му посветат внимание на таков љубопитник и да му ја објаснат секоја ситница. Но, ако се случи тоа, пред нас ќе видиме вистински ревносен христијанин.
Ние имавме прилика да бидеме сведоци токму на таква ситуација.

Еден млад човек со натпросечни умствени способности и со шизоиден стил на личноста, наишол на големи проблеми при првите чекори во православниот храм. Нему ништо не му било јасно, сè му изгледало нелогично, и имал потреба од сериозни објаснувања. Се нашле луѓе подготвени да му ги објаснат нештата коишто можат да се објаснат. Со неговото „црковно образование“ се зафатил ист таков шизоид, кој крајно совесно составувал графички шеми на кои биле прикажани хиерархиските разлики меѓу свештенството, редоследот и видот на богослужбите, историјата и логиката на појавувањето и на развојот на различни ереси итн. Резултатот ги надминал сите очекувања, и по неколку години такво „воспитување“, наместо неумешен и зајадлив тип, се сретнавме со мошне писмен предавач во семинарија, чувствителен пастир (тој во меѓувреме примил свештенички чин), учтив соговорник и, на крај, силна личност со голем капацитет на внатрешен мир и тихување.
Улогата на слично вакво воспитување во извесна смисла можат да ја одиграат православните книги, Светото Писмо и делата на светите отци, засновани на Светото Писмо. Во таа навистина неисцрпна ризница секој може да најде одговор на своите недоумици.
Шизоидот бара високи идеали и етички норми, при што е пожелно тие да бидат облечени во логичка форма, достапна на поимањето (па дури тоа да е и мошне сложена конструкција). Во таа смисла Црквата нуди навистина безгранични можности. Евангелието обично ги потресува со својата длабочина, чистота, со хармоничноста на моралните идеали.
Тие на Црквата гледаат како на заедница на луѓе во која царуваат едноставни, искрени односи. Кога ќе се сретнат со спротивна ситуација, кај нив може да дојде до сериозно разочарување.
Нив често ги привлекуваат строги аскетски правила коишто даваат можност да ја докажат (пред сè, на самите себе) својата верност на високите идеали, истрајност во борбата. На тој пат може да ги пресретне голема опасност којашто на сите добри намери и усилби им дава предзнак не: кога подвизите стануваат цел сама за себе и (или) повод за гордост и славољубие. Но, православниот христијанин верува дека за Бог нема ништо невозможно (в. Лука 18:17). Човек со какво и да е душевно устројство може да стане сосема хармонична личност.
Говорејќи за православните парохијани со шизоидна акцентуација, може да се издвојат уште неколку нивни карактерни црти. Кога се исповедаат, претпочитаат да го прават тоа бавно и не сакаат притоа некој да ги брза, а самата нивна исповед е во вид на шаблонски формули: „Грешен сум во тоа, тоа и тоа“, зашто им е тешко да се снајдат во своите чувства и доживувања. Штом ќе навлезат, во каков-таков степен, во православната традиција, почнуваат да ги спознаваат грешките на своите претстави за светот и за самите себе. Секако, тоа оди прилично тешко... Од друга страна, шизоидите се склони да го преувеличуваат значењето на своите доживувања, се стремат на свештеникот да му го покажат својот однос спрема проблемот, својата улога, се обидуваат сите нешта да ги објаснат логички. Нив им се чини дека ќе почувствуваат олеснување ако наредната шема ја изградат врз основа на своите гревови. Можно е дека им е потребна (како на никој друг) особена длабочина на покајанието, доволно голема да се преврти светот (секако, нивниот личен, погрешно устроен свет). Како и секогаш во слични случаи, тука многу нешта ќе зависат од духовникот. На неискусен или на премногу попустлив свештеник шизоидот може да му се „качи на глава“. И најмала грубост, невнимателност или нетактичност можат да го натераат да бара друг пастир, или сосема да се оттргне од Црквата. Но искусен свештеник, чувствителен и исполнет со љубов, може да му помогне на нашиот јунак да се преобрази. Само заедничко дејство на Божјата благодат, на пастирската љубов и на упорните усилби на самиот човек се во состојба да го растопат закоравеното срце и да го доведат Дома.
За да започне духовен живот, шизоидот мора да се спушти во длабочината на своето срце. Ова може да изгледа пардоксално, зашто овие луѓе ионака се постојано „внатре во себе“. Но, да се потсетиме на древната поговорка: „Бог е поблизок до нас од нашето сопствено дишење“. „Во човековото срце постои длабочина којашто се открива на невидливото  не на невидливото на длабоката психологија, туку на бесконечноста, на творечкото Слово Божјо, на Самиот Бог.“300
Во безбројните сали на својот леден дворец треба да се бара врата што води во длабочините на духот. Ова, всушност, истовремено е и „излегување од себе“, и „нурнување во себе“, и враќање дома. А пронаоѓањето на таа врата не оди лесно, во почетокот се одвива на слепо, преку молитва  укажува митрополитот Антониј. А зад таа врата, покрај радоста поради спознанието на длабочината на верата, се наоѓа и трагизмот на себеспознавањето...

„Доцна сфатив дека вината
за сето она што го направив на земјата
никој не може да ја спознае 
зашто, во спротивно  тука се смрта и небитието,
а ѕвоното ѕвони по мене“...

Овие стихови, коишто ì припаѓаат на една личност со шизоидни карактеристики, се поклопуваат со зборовите на еден подвижник за тоа дека Господ не ни дозволува да ја спознаеме длабочината на нашите гревови  ниту еден човек не би го издржал тоа.301
Погледот на шозоитот на самиот себе  под услов таквиот поглед да е искрен  го вџашува. Ако е чувствителен, тоа би можело да го турне во бездната на очајот.
Повикувајќи се на различни класификации направени од писхолози, може да се забележи следнава специфичност. Во различни типологии и кај различни истражувачи може да се сретнат описи на два типа шизоиди (тие можат да имаат разични називи  сензитивна и лично шизоидна акцентуација кај А. Е. Личко, дефанзивен шизоид, дуализиран и недуализиран шизоид кај Августинавичуте итн.). За нас не е толку важно како тие се нарекуваат од страна на разни автори. Најважно е што постојат шизоиди коишто умеат да се прилагодат, да ги зајакнат своите позитивни квалитети (ум, длабочина, чувствителност, сигурност, чесност, добрина) и да ги ублажат негативните (затвореност во сопствени мисли и доживувања, емоционална рамнодушност итн.), и дека постојат такви коишто сето тоа не успеале (или, поточно, не сакале) да го направат.
Тргнувајќи од последново, може да се издвојат два типа личности коишто условно можат да се наречат адаптирани и неадаптирани шизоиди, или, доколку е позгодно, хармонични (или преобразени) и нехармонични.  За да стане хармонична личност, шизоидот мора да го надмине, пред сè, нереалниот поглед на свет, да се избави од бесплодното мечтаење и фантазирање. Говорејќи за методите на надминување на патолошката затвореност, може да се нагласи дека „спротивставувањето на тоа е нужно, и тоа преку свртување кон скромност, самопонижување, признавање на својата несовршеност, признавање на својата расипаност и нејзино исповедање и покајание“302 „Од психотерапевтските трудови ни е познато дека, доколку со шизоидот се одржуваат постојани контакти во тек на подолг период, се покажуваат симпатии и благонаклонетост, бездната на неговите меѓуперсонални врски постепено се исполнува, што овозможува интеграција на неговата агресивност и адекватно општење со него.“303
Односот со луѓето мора да стане поинаков: превознесувањето и вообразеноста мора да им отстапат место на самоодрекувањето и на љубовта. Мора да научиме да се отвораме при средба со луѓето, да одиме по патот на доброто и да ги спознаваме последиците на своите постапки. Тоа е сосема реална перспектива. Познато е дека, надминувајќи ја превласта на чистата логика и стекнувајќи навика да ги сослушуваат и да ги разбираат другите луѓе, шизоидите се менуваат до степен на непрепознавање. Тие стануваат добри, мили, пријатни при општење, урамнотежени. Благодарение на способноста да конструираат системи, да преиспитуваат семожни варијанти и да ги распоредуваат сите нешта на нивните места, тие можат да станат прекрасни вдахновувачи и организатори на разни тешки потфати.
Освен тоа, шизоидите треба да научат да му веруваат, пред сè, на гласот на сопствената совест и на советите на духовникот, а дури потоа на логичките заклучоци и на размислувањата.
Со други зборови, тие, како и секој човек, треба да се избавуваат од гордоста и од цртите и својствата на карактерот поврзани со неа. Ова е можно единствено со настојчива работа на самиот себе. Што се однесува до опкружувањето на шизоидот, тоа може да му помогне единствено преку љубов. И ако искривените црти на карактерот се променат, пред нас ќе можеме да забележиме необично длабок човек. „Генијалните луѓе често се развиваат од слична личносна основа, пројавувајќи ги своите чувства во таква тотална форма на збунетост и на испитување („In Frafe gestellt Seins“), што не е тешко да се забележи колку е тенка граничната линија меѓу генијалноста и психозата. Во двата случаи е јасно дека таквите личности, доколку се во состојба да го надвладеат својот страв, можат да достигнат највисок степен на хуманост и на човечност.“304 Внесувајќи максимални усилби и доверувајќи Му се целосно на Бога, таквите луѓе можат да се надеваат на вистинска Средба. Но, тоа е веќе друга историја.

 

 

(Продолжува)


ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНА  ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев

 Издава : Преминпортал

(Превел од руски: Михајловиќ С. Драган)

 

ПРЕДГОВОР

Да се каже дека живееме во сложено време значи  ништо да не се каже. Според зборовите на блажениот Августин, ние сме времиња. Имено, од нас зависи какво ќе биде нашето време. Но, сепак, не можеме а да не забележиме дека односот на Црквата спрема современиот свет е мошне сложен. Макар што е модерно во информативните медиуми грубо да се напаѓа Православието, гледиштата на нашите сонародници, макар што самите тие не се секогаш свесни за тоа, сепак се свртени кон Православната Црква. И макар што христијаните не се секогаш издигнати на доволно високо ниво, „Исус Христос е ист вчера, и денес и во веки“ (Евреите 13:8), а Црквата била и ќе биде Столб и Тврдина на Вистината (1 Тимотеј 3:15).

Повод за пишување на оваа книга е пријателството со еден виден човек кој во почетокот на својот црковен живот ја поминал „школата“ на служење како „младостарец“. Тој се заинтересирал за анализата на односот на луѓето, коишто пристапуваат кон Црквата, спрема многубројните феномени со коишто се среќаваат на тој пат. Резултатот на извршената анализа е мало психолошко истражување коешто ги одразува „сломовите на душата“ на современите православни верници. Ние се обидовме да ја истакнеме мислата дека Црквата е чиста и непорочна, и дека не треба да се поистоветуваат гревовите и проблемите на нејзините членови со некакво „разградување“ на Црквата. Затоа не треба да нè чуди што во гледиштата изнесени во оваа книга има толку многу описи на негативните карактеристики на луѓето коишто пристапуваат кон Црквата. Тоа воопшто не е проблем на самото Православие. Црквата е мајка, лекар, духовна тврдина кон која прибегнуваат оние што имаат потреба од исцелување. За луѓе со суштински проблеми и со аномалии во душевната сфера, само Православната Црква може да им даде сè што е неопходно за духот, без оглед на многубројните слабости на нејзините членови.

Гледано од страна, луѓе со различни отклонувања многу почесто се среќаваат во православната средина отколку во другите христијански конфесии. Таквото тврдење е само делумно точно. Зашто, каде на друго место ќе сретнеш толку многу духовно здрави луѓе? Каде на друго место сме виделе да се пројавува дејствувањето на вистинските благодатни дарови? Истовремено, се чувствува потреба да се постави прашањето: а каде на друго место треба да појде болниот, ако не во болница? „Денес во светот има мошне многу душевно болни луѓе. И особено многу ги има во Црквата“  смета протојерејот Владимир Воробјов.

Но, на оваа појава може да се гледа и од друг аспект. Се работи за тоа дека семожните патопсихолошки феномени се во разногласие со духот на Православието и јасно се видливи на неговиот фон. Навистина, карактеристично за Православната Црква е што таа јасно ги расветлува недостатоците и дисхармоничните црти на личноста. Како здрава средина, Православието не може да поддржува и да одгледува во себе каква и да е патологија.
За нас е очигледно дека Православието во целост го запазило вистинското Христово учење и дека претставува најздраво општество. Затоа, имено, во него  и никаде на друго место  јасно се забележуваат сите човечки слабости, меѓу кои и душевните, од кои произлегуваат пороците и телесните страдања (психосоматика).

И уште една теориска премиса од која тргнавме. Разгледувајќи ги акцентуациите и, воопшто, аномалиите на личностите, можеме да истакнеме два важни момента.
Како прво, сите тие се развиваат врз основа на одредени гревовни страсти, растат според мерата на нивното продлабочување и се намалуваат според мерата на борбата со нив.
Како второ, сите аномални црти имаат механизми на заштита од нападите на совеста и на чувството за покајание. А таа заштита не може лесно да се совлада. Тука спаѓаат сублимацијата, истиснувањето, проекцијата  нешта коишто не ги разбираме во смисла на фројдовската психоанализа, туку како психопатолошки механизми коишто овозможуваат да ја избегнеме духовната работа.

И така, Православната Црква ја има полнотата на благодатта којашто го храни човековиот дух. Меѓутоа, работите се посложени кога е во прашање организацијата на душевниот живот, зашто таа сфера директно зависи од оние луѓе коишто ја сочинуваат заедницата, парохијата, од личноста на духовникот.

Во процесот на пишувањето, оваа книга стана поопширна одошто планиравме. Во неа ги додадовме поглавјата за алкохолизмот и за психологијата на болеста. За жал, денес кај нас има многу малку целосни, завршени трудови од областа на православната психологија. Затоа и нашиот труд, кој ни најмалку не претендира на сеопфатност и на непогрешност, ги повикува читателите на размислување, па дури и на полемика.
Кратките поглавја „Ако заминуваш  заминувај“, „Пијанството и алкохолизмот“, „Гласот на песимистот“, „Психологија и психопатологија на духовното раководство“ и „Некои аномалии на личноста од гледна точка на православната психологија“, коишто влегоа во оваа книга, се посветени на анализата на дисхармоничните црти на личноста, со цел да се помогне во понатамошниот избор на правилен пат и на правилни средства за исправање на состојбите.

Описите на растројствата на личноста ги наведуваме како според одделните симптоми, така и според крупните синдроми, користејќи ги термините „хистероиден“, „параноиден“ или „депресивен“ тип на карактерот. Но, во практиката ретко се среќаваат апсолутно чисти типови. Најчесто во секој од нас, во чудни комбинации, се помешани аномалните и вредните својства, така што можеме да воскликнеме заедно со св. Теофан Затворник: „Еве ред во гревовната сфера! Секој грешник е целиот во неа, но главно се фаќа за еден грев!“Не треба да се заборави и на заострените црти на карактерот кои се резултат на одредени ситуации. Така, научник што работи на нова статија може со месеци да остане заглавен во својата тема, претставувајќи на тој начин упорна личност. Човек што претрпел тежок губиток може долго време да пројавува црти на депресивна личност, и сл.
Прашањето за тоа што се смета за норма, а што за патологија, секогаш било мошне сложено. Методолошкиот арсенал на православниот психолог е збогатен со такви јасни аскетски поими како што се грев, страст, гревовни навики и сл. Тоа знаење го става во поповолна положба во споредба со световните научници, коишто не ги разграничиле нормата и патологијата. Да се потсетиме дека во современото општество постои тенденција психичкото растројство да се смета како некаква варијанта на нормата, со тоа што таа не е применлива на доминантен општествен стереотип. 

Уште една премиса од којашто тргнавме. Еден од важните поими во Православието е преобразбата  не претворањето, туку одухотворувањето, возвишувањето, облагородувањето на сè што е природно, на сите нешта што се во човекот, меѓу другото и на неговите душевни сили. Ова пресудно влијаело врз утврдувањето на насловот на книгата.

Како автори, не направивме ниту најмал обид да ги класифицираме аномалиите користејќи се со веќе познати термини и поими. Не си го поставивме како цел ниту описот на сите можни патокарактеролошки феномени. Темите на нашите поглавја се ограничени на проблемите на патопсихологијата во контекстот на православниот поглед на душевниот живот на човекот. Тоа се нафрлени анализи на портрети на аномалните, невротичните, акцентуираните „стилови“  на егзистирање во ентериерот на црковниот начин на живеење, напишани со перото на православен психолог.

Меѓу задачите на оваа книга е и утврдувањето како се формираат одредени акцентуирани карактери, како личностите со таков карактер дејствуваат во условите што владеат во црковната заедница, со какви тешкотии се среќаваат, кои се патиштата на хармонизацијата на личноста и на преобразувањето на душата.

Во сферата на нашето интересирање најчесто влегуваа акцентуирани личности . Ние се обидувавме да ја разгледаме врската на акцентуацијата со гревовните навики, не заборавајќи дека и „здравиот“ човек може да биде голем грешник, без притоа да покажува знаци на растревоженост или грижа на совеста. Од друга страна, човек со сериозно нарушено психичко здравје може да биде значително почист и подлабок од т.н. просечен, „нормален“ човек.

Авторите воопшто не претендираат на оригиналност и на систематичност на излагањето. Оваа книга попрво претставува збирка огледи, обединети во една општа идеја. Освен тоа, ние намерно не го упростувавме материјалот, зашто за длабоките појави најдобро може да се зборува на јазикот на професионалниот психолог. Се смета дека е полезно секој човек, којшто се интересира за православната психологија, да влезе во светот на најдобрите достигнувања на психолошката наука. Од друга страна, сите психолошки феномени се разгледуваат во книгава од гледна точка на православната антропологија, затоа во текстот има толку многу повикувања на богословски текстови. Соодветно, оваа книга е наменета за луѓе коишто размислуваат и творат.

 +++

 а. Антипсихијатриска струја во 60-70-тите години во Западна Европа и во САД, а во почетокот на 90-тите години и во Русија.
 б. Поимот „стил на личноста“ е авторски термин на современиот психотерапевт Д. Шапиро.
ц.Термин предложен од страна на германскиот психијатар Karin Leonhard.


 

Друго:

apostol.Timotej.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: АКО ЗАМИНУВАШ - ЗАМИНУВАЈ

apostol.Timotej.jpg

http://preminportal.com.mk/content/view/5879/54/

apostol.Timotej.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: Психологија и психопатологија духовното раководство

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: МОТИВОТ НА ДЕПРЕСИЈА

 Stefan.zaBozik1.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: ВЕЧНИОТ МОТИВ ИЛИ НАМЕТЛИВИ ЛИЧНОСТИ 

http://preminportal.com.mk/content/view/9000/1/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2035
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2557
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная