логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Охрид, 3 октомври 2010 – Во катедралната црква "Св. Софија" во Охрид по повод 1100- годишнината од упокојувањето на св. Наум за прв пат пред јавноста беа презентирани триесетина икони со ликот на св. Наум Охридски- Чудотворец.

Во рамките на манифестациите за одбележување на годишнината од смртта на големиот светител, беше промовирана и книгата „Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов“ на историчарот на уметност, Сашо Цветковски.  Промотори на книгата беа академик Цветан Грозданов (неговиот говор беше прочитан) и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

 

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Митрополит Дебарско- кичевски г.Тимотеј

Ваше Блаженство, Aрхиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, Ваши Високопреосвештенства, Градоначалник на Охрид г-дин Петрески, почитувачи на делото и ликот на св. Наум Охридски, браќа и сестри.

Ми причинува особена чест и задоволство што можам да проговорам како архиереј на Македонската православна црква, поконкретно на Дебарско-кичевската епархија со седиште во древниот Охрид, за една извонредно значајна книга насловена „Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов“ од д-р Сашо Цветковски. Книгата е составена од дванаесет поглавја, кои го обработуваат живописот на двајцата најпознати македонски уметници во 19 и почеток на 20 век. Книгата содржи предговор од самиот автор, како и од академик Цветан Грозданов. Авторот ја приредува оваа значајна книга за македонската културна јавност во годината во која славиме два големи јубилеи на авторите и тоа 190 години од раѓањето на Дичо Зограф и 170 години од раѓањето на неговиот син Аврам. Подобро одбележување на овие јубилеи авторот и не можел ниту да замисли и да оствари, трудољубиво собирајќи ги, со големо чувство за естетика и знаење на вредноста, иконите и фреските од овие наши еминентни зографи.

Академикот Грозданов препорачувајќи ја оваа книга во својот предговор со право ја нарекува книга на откривања, бидејќи авторот не жалел труд и време да ги посети  најоддалечените и запоставени селски цркви во Малесија, во Дримкол, во Кичевија и истите на негов својствен научен начин соодветно да ги презентира во оваа книга. Како вистински и сериозен научник, го следи и го открива делото на Дичо Зограф и Аврам Дичов и на Косово и Метохија, особено во најзначајниот споменик на културата во Србија, како што е Пеќската Патријаршија, каде повеќе од седумдесет години било сокривано, а веруваме дека тоа е намерно, од страна на историчарите на уметноста од Србија. Но, д-р Сашо Цветкоски од една популарна брошура, каде само попатно ќе се спомнат зографи од Охридската Архиепископија, ќе биде инспириран на дополнителен подвиг: да направи ново откритие за дејноста на Дичо Зограф во споменатата патријаршија. Покрај Косово и Врањско-прешевска Долина,  каде што ги евидентира работите на овие зографи, тој ги открива и во соседна Албанија, како и во Република Бугарија.

Што се однесува, пак, до ликовното обликување на книгата можеме да искажеме само пофалби, бидејќи истата е отпечатена на убава хартија, со читок печат, со убав фонт, лесен за читање, кој не замара и со научна апаратура.

Книгата содржи извонредни фотографии во црно-бела техника, како и еден авторски табак, односно шеснаесет страници во колор техника.

А сега ќе се обидеме да кажеме по неколку збора за секое поглавје поодделно.

I Во првиот труд Иконописот на Дичо Зограф во Струга и струшко, авторот на прекрасен начин го сублимира работењето на Дичо, поделувајќи го неговото творештво во три периоди. Првиот период, во неговите најмлади години, е периодот од 1845 год., одбележан со иконата Воведение на Пресвета Богородица во струшкото село Јабланица. Авторот ќе открие повеќе од седумдесет икони од струшкиот крај непознати за науката. Особено ќе биде забележителен вториот период, од 1849 до 1853 година, каде авторот изработил многу икони во струшкиот крај, особено во Малесија, Селце, Вевчани, Дренок, Ташмаруништа. И третиот период, или последните евидентирани икони од Дичо во струшко, ќе биде евидентиран во црквата „Св. Климент“ во Горна Белица, со иконата Христос Голем Архиереј од 30 август 1867 год. Во овој период Дичо Зограф твори и во Лабуништа, Подгорци, Бороец и Брчево. 

Во овој труд авторот го истакнува Дичо Зограф како голем уметник, но, истовремено, и многу продуктивен, бидејќи покрај споменатиот дримколски регион и Малесија, тој со мали прекини работел во Охрид и охридско, скопско и дебарско-реканскиот крај. Но, за последните беше познато во научната и стручната литература од историјата на уметност, додека податоците за струшко - дримколскиот и малесискиот крај се новина и за првпат љубителите на црковната уметност имаат можност  да се запознаат во детали.

II Во вториот труд, Иконите на Дичо Зограф од црквата  „Св. Ѓорѓи“ во с. Белица, кичевско,  авторот го претставува Дичо Зограф во неговиот развоен пат од почетокот, па до неговото најголемо искачување, како и последните години од неговото творештво. Тој го истакнува значењето на Дичо со неговите големи ансамбли на фрески и икони, над 2000, во разни големини. Авторот кажува дека почетните години се доста разработени и приближно прецизирани, но последните години од неговото работење остануваат сè уште недооткриени. Пред овој труд се сметало дека портретите на игуменот Јоаким и јеромонахот Теодосиј во машката трпезарија на Бигорскиот манастир, од 1868 год. се последното негово дело. Но, д-р Сашо Цветкоски открива дека Дичо, во истата година, подоцна од гореспоменатите портрети, има уште 6 икони во црквата во с. Белица. Истиот со задоволство констатира дека иконите во оваа црква се најубавите дела од неговото творештво.

III Во третиот труд Киево - печерски култови и светци во иконописот на Дичо Зограф, посебно се истакнува еден локален празник, односно локално собитие во Киев, а тоа е осветувањето на црквата посветена на св. Ѓорѓи во Киев во 1051 год. Овој празник кај нашиот народ е познат како посен св. Ѓорѓи или Обновување на храмот во Киев. Оваа икона ја забележува во црквата Пресвета Богородица во с. Боровец и во Св. Никола во Вевчани. Втората тема која е реткост, е претставата на св. Теофил Печерски со Пресвета Богородица, која се чува во галеријата на Бигорскиот манастир и се нарекува Св. Богородица Царица - Слаткоцелователна. И уште една реткост е претставата на  кнезот Владимир, кој се слика заедно со средновековните византиски императори и српските кралеви, кои Дичо ги работи, главно, според Жефаровиќ.           

IV „Колото на животот“ во уметноста од времето на преродбата

Оваа композиција е голема реткост во уметноста и во охридската дијацеза ќе се појави во 17 и 18 век. Порано ја имало во книжни минијатури во 14 и 15 век, денес сочувани во Париската библиотека. Оваа претстава или композиција Дичо Зограф ја насликал на две места. Најпрво во с. Бањани, Скопска Црна Гора,  а потоа и во црквата „Св. Богородица“ во с. Дрслајца, струшко. Оваа тема ќе биде новост, која ќе ја воведе Дичо како тематска иновација. Но, и покрај тоа неговите следбеници, како и генерацијата зографи од втората половина на 19 век, нема да ја прифатат масовно, а ќе ја сликаат само неговите синови.           

V Непознати икони на Дичо Зограф од црквите во кичевско

Во овој труд г-дин Цветкоски презентира уште дваесетина новооткриени икони непознати во науката после оние кои беа презентирани во 2007 год. од Св. Ѓорѓи во Белица. Тука се иконите во црквата Св. Никола во с. Брждани, Бигор Доленци и Челопеци. Тој, исто така, го потенцира и трудот на Дичо како најголем ансамбл на фрескоживопис и иконопис во ман. Св. Пречиста – Кичевска. Но, за нив не зборува опширно туку посочува  литература објавена од Антоние Николовски во монографијата Св. Пречиста Кичевска од 1990 година.           

VI Портретите на св. Григориј Палама во уметноста на Охридската Архиепископија од доцниот среден век

Последниот подем на Охридската Архиепископија од 18 век силно се одразува и во уметноста. Тоа посебно се манифестира во југозападните делови покрај поголемите моќни економски и културни центри како што се: Корча, Москополе, Виткуќ и Елбасан. Ова силно ќе го поддржуваат и моќните и способни архиепископи од тој период, Зосим и Јоасаф од Москополе. Претставници на оваа уметност ќе бидат Давид од Селеница и јеромонах Константин, од почетокот на 18 век, додека од средината и третата четвртина од векот браќата зографи Константин и Атанас од Корча. Нивната значајна работа ќе ја продолжат и нивните синови Трпо и Наум, чие дело ќе го следат истакнати сликари од 19 век. Тие ќе бидат автори на композицијата на светите Седмочисленици и посебно ќе го негуваат култот кон св. Климент и св. Наум Охридски. Претставата на св. Григориј Палама ќе биде забележана во Свети Архангел од 1725 год. во Москополе. Влијанието за свети Григориј Палама во Охридската Архиепископија нема да дојде од Света Гора, туку од Костур, како втор културен и духовен центар на Охрид. Св. Григориј Палама го имаме во олтарната апсида на ман. Св. Наум Охридски и на други места.           

VII Иконите на Дичо Зограф од црквата Свети Стефан во манастирот Бањска (Косово)

Авторот нè информира за ликовното дело на Дичо претставено во 15 икони кои пред десетина години биле пренесени од црквата Св. Илија во Вучитрн во Св.Стефан, Бањска. Овие икони се датирани од 23 март 1846 год. По завршување на оваа работа Дичо работи во Албанија, Бугарија и Грција. Во оваа црква прецизното око на д-р Сашо забележало уште две икони, една од Аврам Дичов и една од Блаже Дамјанов, македонски зографи.           

VIII Икони на платно во опусот на Дичо Зограф и Аврам Дичов

Во овој напис, главно, ги претставува творбите на платно на Дичо и неговиот син Аврам, т.е. плаштаниците работени за ман. Св. Пречиста Кичевска од 1860 год.; потоа за црквата Св. Архангел Михаил во с. Битуша и олтарната завеса со Христос во путир како Жизнодавец за црквата Св. Никола во с. Селце, струшко, како и икона на платно Судење на Христа пред Пилата, која е особено ретка претстава, а е насликана  од Аврам Дичов во 1881 год. за ман. Св. Пречиста Кичевска.           

IX Живописот на Аврам Дичов во црквата Свети Апостоли - Пеќска Патријаршија

Имајќи во предвид дека оваа црква е вековно седиште на поглаварите на Пеќската Патријаршија, односно на Српската православна црква, и сликањето на истата да биде доверено на Аврам Дичов, зборува колку бил истиот ценет и вреднуван од врвот на истата. За жал фреските од црквата Св. Апостоли биле симнати во 1931-32 год., патем само спомнувајќи дека се од втората половина на 19 век, т.е. 1875 год. без да се спомене авторот, а се споменува и површината од околу 850 метри квадратни. Но, и покрај тоа сочувани се неколку фрески од Аврам Дичов и тоа:  Добриот Пастир со јагне на рамо, како и Аврамовото гостољубие, кои се работени според ерминијата на Дичо Зограф, со мали отстапувања. Во овој напис авторот покренува едно многу значајно прашање: колку зографи од Македонија сликаат во Србија, ако се има во предвид дека повеќе зографи споменува Јосиф Радев од Лазарополе, како што се Василиј Крстевиќ од Галичник, потоа велешките зографи Константин и Игнат и други. Авторот го поставува ова прашање како предизвик за свои нови истражувања во Србија, или, пак, на негови колеги од истата област.            

X Аврам Дичов (1840 -1923)

Во овој напис го следи авторското творештво на Аврам Дичов од првото спомнување, а тоа е црквата Св. Богородица - Каменско во Охрид, заедно со неговиот помал брат Спиридон – Спире, во 1863 год. Потоа Аврама го следи во целокупниот негов труд. Од Гари па Св. Никола во Враништа и Св. Никола - Долна маала, па Св. Богородица во Дебар,  во Св. Никола во родното Тресонче, во Росоки, па Св. Никола во Брждани, кичевско, па се префрлува во струшко, во Присовјани, Дрслајца, па во охридско, во Св. Недела, Слатино, па во Србија во Вучитрн, па во гостиварското село Св. Ѓорѓи, Куново.

Позначаен и голем зафат започнува во 1879 година и ја зографисува црквата „Св. Никола“ во с. Вевчани. Во идната, пак, 1880 год. го зографисува централниот  дел од ман. Пречиста, како и 15 празнични икони на иконостасот. Потоа го следи во Св. Илија во Вранешница, па Св. Илија во Стенче и Св. Илија во Мелница, Мариово. Од 1884 до 1885 год. го наоѓа во кумановско и кривопаланечко, особено во ман. Св. Јоаким Осоговски и во црквата Св. Никола во Ранковце и Св. Никола во Страцин. Прецизното научно  набљудување констатира една празнина во творештво од три години, од 1885 до 1888 год., која останува во иднина да биде откриена и пополнета, доколку авторот творел и во овој период. Во 1888 год. д-р Сашо го открива во Св. Богородица во Модрич, струшко. Потоа до 1893 работи во Бугарија, а во 1894 го сретнува во Св. Атанасиј и Св Врачи во Горно Луково, струшко. Сè до крајот на 1896 год. Аврам Дичов ќе твори во струшко и кичевскиот крај. 

Карактеристично е што Аврам Дичо ја продолжува композицијата Седмочисленици, како што е во Вевчани и Пречиста, додека во скратена форма во Вранештица и Дрслајца, каде што го поставува св. Климент наместо св. Кирил. Аврам Дичов ќе биде забележан и по новитетот, платнена икона Христос пред Пилата. За Аврам Дичов, како и за неговиот татко, авторот дава оцена за постулатите на кои ја темелат својата уметност, посочувајќи ги поствизантиската уметност, односно претходниците на татко му Дичо,  мајсторите Михајло и Данило од Самарина.           

XI Живописот на Аврам Дичов во црквата Св. Никола во с. Брждани, кичевско

Оваа црква е зографисана од Аврам нешто порано од 1874 година. Истата била доградена и проширена бидејќи во неа имаме неколку икони од неговиот татко, кои датираат од 1849 год. Карактеристично е што во оваа црква се наоѓа и портретот на Теофилакт Охридски, што е навистина реткост во нашиот крај. Во оваа црква се забележува уште еден раритет, а тоа е тропарот Милосердија сушти источник милости сподоби нас Богородице...., кој е испишан на престолната икона на Богородица. Оваа молитва вообичаено се кажува  на земање време на свештенослужителот пред служење на светата Литургија. На исти начин ги има претставено во Св. Никола Кичиница, гостиварско, Св. Троица во Врање, Св. Никола Глувово и Св. Никола во Бањани.

Посебен акцент во претставувањето е дадено на претставата на Христос во гроб, каде што се изобразува На волнују страст.... Тука е изобразен главно тропарот Во гробје плотски..., кој е илустриран според канонот на Велика сабота, а напишан од Козма Ерусалимски или Мајумски, во 8 век. Оваа претстава не е целосно претставена  во ерминиите ниту на Дичо Зограф, ниту, пак, на Дионисиј од Фурна, како постара ерминија, туку се препорачува да се слика само Христос во гроб и Христос Велики Архиереј  носен на престол од облаци и тоа во сводниот дел на протезисот. Но, Дичо Зограф дава мали воведи во оваа композиција со сликањето во олтарот на Св. Богородица Пречиста, како и Св. Ѓорѓи во Рајчица, додека Аврам ја продолжува во Вевчани и Брждани.

Авторот, како сериозен научник, не пропушта читателот да го запознае дека оваа композиција целосно е претставена во ман. Св. Стефан во Морача, Црна Гора, од 1616 год., додека секаде се сретнува со две композиции, и тоа: Христос во гробот и Христос на престолот.           

XII Иконите на Аврам Дичов од црквите во струшко

Аврам Дичов во струшкиот регион работи многу интензивно во период од 11 години, од 1868 до 1879 год. Во овој труд, покрај познатите икони и фрески од Аврам Дичов, се претставени уште 20 новооткриени икони на иконостаси, целивални икони и архиерејски тронови. Најстарото дело од Аврам Дичов е во Селце и датира од 1872 год. Иконата Исус Христос - Велики Архиереј се вбројува како една од најубавите икони на Аврам Дичов. Авторот многу прецизно го следи работењето на Аврам во струшкиот регион, како во Дримкол, така и во Малесија, завршувајќи со последното дело во Св. Атанасиј,  Луково од 1894 год. Како негови наследници во работата кон крајот на 19 век, поточно 1898-99 год., се јавуваат Никола Аврамов и Коста Колов, кои ќе го работат иконостасот во црквата во с. Буринец - Малесија, струшко.

Во оваа прилика, најискрено би сакал да му се заблагодарам на авторот за овој прекрасен научен труд, преку кој нè збогатува со нови научни откритија од областа на историјата на уметноста од 19 век, од преродбенскиот период, и да му посакам плодна работа и други научни дела од македонската преродба и македонската култура.  Истовремено  топло му ја препорачувам на секој љубител на уметноста и македонска култура.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Промоција на книга
 „Живописот на Дичо Зограф и Аврам Дичов“ од д-р Сашо  Цветковски
03.10.2010 год. црква „Св. Софија“
 Охрид

 

Извор: http://www.dke.org.mk/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1912
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2424
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная