логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Црна точка
Момо Капор, во својата книжевна фикција не измислува туку сведочи. Од глината на минатото ископува значајни парчиња кои беа белег за едно време. Неговите раскази се како дневник за деновите кои се веќе историја, а по кои се' уште листаме со голема возбуда и љубопитност.

 

Покрај малото, зачмаено гратче во кое ниту преку лето ништо интересно не се случува, поминува патот за на море. Како и сите значајни случувања, така и патот го заобиколува градот како да е чумосан, завивајќи во остар лак околу стариот летниковец, во чиј запуштен рибник ‘рѓосуваат делови од излупени автомобили. Иако на таа неочекувана и нелогична кривина сообраќајните несреќи се чести, локалното друштво Пријатели на старини не дозволуваат да се сруши левото испакнато крило од летниковецот, кој е единствен вреден споменик во градот, оставен од средниот век, кога местото било важна крстосница на карванските патишта.

Тука се живее долго и бавно и претежно се умира од старост и досада. На нискиот камен ѕид спроти опасната кривина, секој ден се собираат петнаесетина старци, кои трпеливо, како желки, чекаат некој автомобил да слета во рибникот. Молчат, мљацкаат со усните и шараат со стаповите по песокот некакви хиероглифи, само ним познати. Се' е веќе кажано и прераскажано. Им останале само раздвижените автомобилите кои поминуваат пред нивните загасени очи. Никој не навратува во нивниот град, кој го нема ниту во туристичките водичи; сосема неинтересен, правлив, истоштен, еднакво оддалечен и од морето и од планините, без река, без минато и иднина, сосема без ништо, освен со една вечна досада која го затрула духот на многу поколенија.

За луѓето од автомобилите, групата старци на ѕидот се само попатна слика која не трае повеќе од неколку секунди - дел од спореден пат, ништо посебно - но, секако, под услов среќно да го совладаат свиокот и да стигнат таму каде наумиле. За старците, пак, тоа е единствено место во нивниот крај каде нешто се случува. Тоа им е замена за седење пред општинската зграда - таа беше затворена кога беше укината општината - за кафеана, која за нив стана прескапа - за театар (последната патувачка дружина таму гостуваше во 1923 година), односно, замена за сето тоа од коешто се неправедно лишени, а без кое животот е монотон и сив.

Од излижаните камени плочи, на кои со години ги тенчат своите панталони, старците можат да ги видат двата дела од патот: тој, рамниот, што доаѓа од белиот свет од север, прав како стрела, на кој се развиваат големи брзини - и вториот, сокриен зад бедемот, кој без некоја посебно оправдана причина штрчи врз патот како да е некоја камена пегла што некој ја исправил да се лади. Седејќи и гледајќи така кон север, од ден во ден тие гледаат како се доближуваат среќни, непознати луѓе кои брзаат кон морето, притискајќи ја до крај педалата за гас на своите нови автомобили и профучуваат покрај нив како покрај премногу здодевен предел, кој не заслужува ниту да се запамети. Посивени, прекриени со некоја фина, речиси незабележлива прашина, старците ги чекаат своите пет минути, моментот во кој некој од занаесените возачи пребрзо ќе влезе во кривината и ќе ја изгуби контролата над возилото. Тогаш низ нивните запушени вени ќе проструи слатка возбуда; мешавина од ужас, страв, осветољубивост и уживање поради праведната казна, која ете ги стигнува и оние надуени поминувачи, занесено убедени во својата среќа. Прашина се крева од патот, чкрипат кочниците, а ноздрите се полнат со мирис на подизгорена гума од асфалтот. Автомобилот, како пијан, се занесува лево-десно, се обидува да го избегне бедемот од летниковецот и, на крајот, го прелетува нискиот појас поплочен со камења и слетува во рибникот каде конечно запира. За среќа, на тоа место никој не го губи животот - возилото и планираниот летен одмор се единствени жртви.

Старците тогаш стануваат од својот ѕид и им помагаат на патниците да се извлечат од калта. Ги симнуваат од нив тревите и остатоците од пластични кеси, им помагаат да се исчистат и им нудат голтка ракија за да си дојдат на себе. Тогаш тоа е шанса за старците одблизу да ги погледнат велеграѓаните, странците, воопшто луѓето кои е многу тешко да се видат во место какво што е нивното. Кој ли би можел сега кај тие луѓе, измачкани со зеленкаста тиња, да ги препознае ледените лица, сигурни и горди во себе и во својот успех, лица на шофери кои само пред неколку секунди беа спремни да ја заборават таа кратка правлива глетка: старци, седнати на камен ѕид, со здодевен пејзаж во заднината. Со маки се извлекуваат од плиткиот рибник, проверуваат дали се повредени, а набргу потоа почнуваат да преколнуваат, да се закануваат и да бараат помош. Сега, тоа место, сакале или не, сепак им е врежано во меморијата. Некои ќе го носат со себе се' до крајот на животот.

Старците молчат и шараат со стаповите по прашината. Наместо нив, зборува нивниот предводник, Лука, зацрвенето старче со гуштерски лик.

- Што ќе правам сега без автомобил? - прашува несреќниот возач.

- А што правиме ние цел живот?

- Но, како ќе стигнам до морето? Сте биле ли вие некогаш на море, луѓе?

- Не, не сме биле, а ти?... - Јас сум бил - истакнува Лука - во 1919, во морнарица.

- Па, каква е оваа кривина?... - Кривина, како кривина! Пребрзо возеше пријател...

- А, каде, по ѓаволите, е знакот за кривина?... - Таму...

- Не се гледа од гранките!... - Нема кој да ги поткастри. Ова е сиромашно место.

- Има ли авто-сервис?... - Нема.

- Има ли барем некаков автомеханичар?... - Нема.

- Брееее... Од каде можам да се јавам?... - Од поштата.

- Кој ќе ме одведе до таму? Ќе платам... - Не ти вреди. Поштата работи само до два.

- Па, како да го извлечам возилово?... - Како? Како и сите други!

- Значи, и други страдале на свиоков?... - Ти, пријател, си триесет и шести летово...

- Зошто не ставите црна точка?... - До сега, фала му на Бога, никој не загинал, а и да загинал, според прописите, црна точка не се става во населени места.

- Ова, населено место?... - Ние живееме тука и ништо не ни фали.

- Па добро луѓе, ќе ми помогнете ли да го извлечам автомобилот?

- Зарем не гледаш дека сме стари? Не смееме да се напрегаме.

За тоа време жената на возачот ги чисти децата од калта и ги проколнува и мажот и автомобилот и пребрзото возење:

- Можеш да ја вртиш главата? Ајде, пробај! Можеш? Многу ли те боли?

- Не боли.

- Сигурно ништо не те боли?

- Ништо.

- Среќа, изгледа сме во ред.

- Е, тоа ви е најважно во животот - пак додава Лука. - Човек да е жив и здрав! За автомобилот, и не е толку страшно...

- Каде е хотелот тука?... - Хотел нема!

- Како тоа, нема хотел?... - Па, имавме еден пред војната, но бидејќи немаше гости, и него го затворија!

- Како стоите со приватни преноќишта?... - Тука никој не издава соби. Не сме туристичко место.

Некои од возачите остануваат да стражарат покрај возилото и да чекаат помош, а потоа креваат раце од се' и се враќаат назад, дома. Други, пак, ги продаваат по која-било цена своите, до вчера нови автомобили, само да се откачат од бедата. Ретко кој е спремен сред лето да превезува хаварија, да бара мајстори, да се заморува со делови. Сепак, старците се посредници. Им доведуваат купувачи од гратчето и си земаат провизија, колку да не останат со празни џебови; доволно за пиво и тутун. Благодарејќи му на свиокот кај рибникот, нивното гратче е место со најмногу автомобили по број на жители во целата земја. Единствен проблем е што немаат каде да се возат, освен по единствената асфалтирана улица, од црквата до хидро-кулата. Да патуваат, пак, не сакаат. Не им е во крвта.

Откако ќе се изнауживаат и ќе се инзагледаат како моќните луѓе цимолат, како без своите автомобили се чувствуваат како голи полжави, без своите куќички, старците ќе се смилуваат и ги водат кај себе дома, ги гостат по ден-два, додека да се закрепнат; ги тешат, ги смируваат и како некои древни учители, ги опоменуваат „гостите“ дека автомобилот не е најбитната работа во животот. Потоа се разделуваат пријателски и со ветувања дека редовно ќе се допишуваат.Следниот ден, токму како да одат на некоја битна и исклучиво одговорна работа, старците повторно го заземаат своето место на ѕидот покрај невидливата црна точка, спремни да чекаат нови гости, од кои само на неколкумина, на оние ретки избраници, широко ќе им се отворат очите еден обичен летен ден, сред стариот рибник, и ќе им се укаже шанса да ја сфатат кршливоста на човечката среќа.

 

Извор: Дневник



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 922
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2463
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

22/04/2025 - вторник

 Воскресение Христово (трет ден); Светиот маченик Евпсихиј; Преподобниот маченик Вадим;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная