Вашингтон, 9 јуни (МИА) - Научниците во американска владина лабораторија го создадоа најбрзиот компјутер во светот, кој што може да извршува илјада трилиони операции во секунда.
Министерството за енергетика и компјутерскиот гигант Ај Би Ем (IBM Corp.) соопштија за достигнувањето. Компјутерот ќе помага за поддржување на американскиот нуклеарен арсенал.
Министерот за енергетика Самјуел Бодман изјави дека новиот компјутер наречен „Роудранер“ (Roadrunner) ќе биде користен и за решавање на глобални енергетски проблеми и ќе отвори нови врати во проучувањето на областа на фундаменталните истражувања.
Националната лабораторија Лос Аламос и Ај Би Ем работеа шест години за да ја постигнат рекордната компјутерска брзина. нд/17:38