Тродневна конференција за новите медиумски екосистеми, блоговите, е-комерцот...
Од денеска до сабота, во Њујорк Универзитетот во Скопје ќе се одржи втората годишна конференција „Глокал“, овојпат под мотото „Блогирање: еволуција третирана како револуција“, во соработка со Центарот за нови медиуми.
На конференцијата свои излагања ќе имаат повеќе од 25 стручњаци од разни области од 11 земји, а меѓу темите кои ќе се обработуваат се новите медиумски екосистеми, блогови, односи со јавност, публика, културата и идентитетот во он-лајн заедниците... Меѓу главните излагачи се Робин Хаман, одговорен за блоговите Би-би-си, Драган Варагиќ, програмски менаџер на постипломските студии за е-бизнис и онлајн маркетинг на IIM/Euro во Нови Сад, како и Ненад Ромиќ, познат како Марсел Марс, член на „mi2“ тимот од Загреб.
Оваа конференција која ќе биде отворена за сите заинтересирани кои ќе дојдат во просториите на Њујорк Универзитетот во Сарај и претставува вонредна можност за сите кои сакаат да ги надградат своите знаења за современите Интернет процеси. Ова случување е од особена важност затоа што се одржува токму во време кога во Македонија допрва се развиваат он-лајн услугите, он-лајн дистрибуцијата на вести, блоговите, особено граѓанското новинарство, како и е-маркетингот.