ВЕЛЕС - Од наредната академска година Богословскиот факултет и Исламскиот факултет ќе влезат во системот на финансирање на државата. Ова го соопшти Перо Стојановски, државен секретар во Министерството за образование, по средба со Синодот на МПЦ во Велес. Синодот бараше акредитирање на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ и негово приклучување во државниот систем.
„Бараме факултетот да влезе во државниот Универзитет и да има ист третман како другите факултети“, рече владиката Тимотеј. Според Стојановски, Владата ќе му предложи на Собранието закон за финансирање на факултетите на верските заедници, со што ќе бидат регулирани правата на сите сегашни и поранешни студенти. (С.Ќ.Н.) Утрински весник