логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



До неодамна верував дека глобализацијата е единствениот спас за нас. Но, илузијата ми исчезна откако светот го погоди економската криза. Мојот братучед беше на привремена работа во Мозамбик (да, да, во Африка) и работеше во рудник за злато. Тој како стручен (и белец) земаше за нас солидни примања. Но, мештаните (црнци) и тоа директно во процесот на копање руда работеле за плата од некои 50 до 100 долари!? Зошто вреден работник сиромав плус црнец (апартхејдите се мртви само на хартија) заработува месечно 100 долари максимум, а мојот братучед стручен, белец под речиси истите услови заработува колку 50 обични работници. Нивните газди пак заработуваат колку 10.000 обични работни, а замислете си некој банкар кој стои зад рудникот заработува колку 80.000 работници.

Замислете сега колку вакви банкари има во таканаречениот западен свет, кои и тоа како го туркаат овој нов поредок. Јас сум свесен дека не сме сите исти, не не' бидува сите за исто, нити се залагам за некои мртви времиња кога демек сите бевме исти, но трудот на еден поединец да го вреднуваш со трудот на еден цел град нема никаква логика. До каде оди човековата лакомост. А, такви ненормално платени професии има илјадници во новиот поредок. Компјутерџии, разни менаџери, адвокати, пејачи, спортисти, доктори, агенти со недвижности, брокери..Замислете колкави само пари се вртат во индустријата за забава,спортот... а, милиони секој ден умираат само за леб и вода. Лесно се уништуваат илјадници хектари шуми демек да се добие плодна земја, на која потоа садат житарки не за да нахранат некоја гладна уста туку за енергенс со навидум супер име така нареченото биогориво. А, притоа уништувајќи им го чистиот воздух и на деца и на внуци и на правнуци. А, манипулациите по берзите кога со шпекулации се заработуваат тешки милиони иако фиктивни и виртуелни? А,забораваат дека основното правило на сопственоста е нешто да сработиш за да имаш.

Кога ја прочитав приказната за еден Бугарин кој ги видел работите со вистински очи, денес е монах. Тој човек разбрал дека живее во виртуелен свет (впрочем како и сите ние), во кој ништо не е реално. Сфатил дека еден ден ако се продолжи вака вистинската храна ќе ја гледаме на компјутер, а ќе јадеме апчиња што ќе ја заменуваат. Луѓето од развиениот свет веќе не знаат како се произведува храната. Се' им е сервирано по ТВ-рекламите. Ги интересира како само да ги исплатат ратите за куќата, која е во сопственост на банката, а чија цена достигнала нереално висока цена, а каматите од ден на ден му рипаат се повеќе. Тој не знаејќи ужива во едно ново робовладетелско време, кое некој така фино му го сервирал, а со тоа ќе заработи дополнителни милиони.

И сега кога тиквата пукна илјадници милијарди долари повторно се насочуваат не кон оние кои го полнат буџетите, туку повторно кон оние најбогатите, најалчните, кои не познаваат граници кога се во прашање тие зелени книжиња. Новиот глобалистички поредок одеднаш се претвора во нешто налик на глобалистичко комунистички поредок, чија симбиоза одлично функционира бидејќи меѓу нив нема некои суштински разлики и нема.

Човештвото едноставно изгуби контрола врз само себе. Алчноста излезе поголема од се. Зарем некој некогаш се запрашал што ќе му се на човек 8 милиони месечно, ако не е алчен вон сите познати граници на човековиот ум? Излегува дека хуманитарните концерти се фарса, без разлика на вистинската желба да се помогне, бидејќи се собираат средства едвај колку неколкудневна работа на некој банкар. А, се излезе од контрола кога човекот избега од Творецот. Од Бога. Едноставно сега секој од нас од тие шест милијарди и згора треба да размисли каде оди и како треба да се дејствува. Алчноста еден ден ќе не проголта сите нас. Станавме нешто за кое не сме створени. Загрижува фактот што некој од петни жили настојува нешто мртво и невистинито повторно да заживее. И тоа демек во името на благосостојбата на сите луѓе.


Васко Крајчевски

Извор: Дневник

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2642
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2783
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1417
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1618
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Најново од култура

Православен календар

 

09/07/2026 - четврток

Петровденски пости; (на масло)

Преподобен Давид; Празник на Тихфинската икона; Празник на иконата Одигитрија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски  3 јули/ 20 јуни 2026

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски 3 јули/ 20 јуни 2026

    Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи по Дух,

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни  2026

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни 2026

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная