логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

 

Твоето "јас" е најдобриот пријател - Митрополит Атанасиј Лимасолски



    Прашање: какво мислење имате за немирот (вознемиреноста): дали е искушение или болест на векот?

3.angeli.so.truba


    И двете нешта. И болест на векот и нешто кое што искушувачот го експлоатира. Има биолошки и медицински причини. Што означува вознемиреноста ( άγχος – стрес)? Таа означува задушување, оттука е и зборот  αγχόνη (бесилка) - да ставиш примка на другиот и да го задушиш. Од άγχω, што означува задушувам некого. Мислам, дека тоа го немаше во нашето поколение. Всушност, го имаше но, многу ограничено. Денес е исклучително распространето. Сите имаме стрес, не познавам човек, кој не се вознемирува малку или многу.


    Како што реков, причините се многу. Во едно многу сериозно списание прочитав, дека дури електричното осветлување, може да породи рак. Сега е 20.30 ч., во салата е светло како ден, не е проблем за нас, се движиме, активни сме, дури повеќето работи ги вршиме навечер. Во минатото тоа било незамисливо, кога не постоело електричното осветлување, ништо не можеше да направиш. Тоа го живеевме на Света Гора, кога бевме во пустината, тогаш не постоеа лампи, ниту генератори, ниту сончеви колектори. Навечер во 17.00 - 17.30 ч. паѓаше ноќта. Палевеме една мала газиена лампа, која едвај подблеснуваше, ноќта е поле за многу духовни борби. Ноќта е благослов за оние кои сакаат да се подвизуваат. Но, кога  ноќта ќе стане ден, се губи нејзината смисла. Во манастирите монасите секој ден стануваат многу рано, пред изгрејсонце во 03.00 ч. или во 03.30 ч. и така го гледаат изгрејсонцето, или подобро изгревот на сонцето нé гледа во храмот. Многу пати, додека исповедав за време на службата, излегував малку од параклисот и се насладував со тој момент. Си велев: колку луѓе имаат благослов да го гледаат зазорувањето!

 

3.angeli.so.truba
Се сеќавам на село, си спомнувам со носталгија на оние бескрајни ноќи, кога одев преку лето и останував со баба ми во нејзината соба, кај што ноќта почнуваше во 19.30 ч. Баба ми ги слушаше вестите на радио, со нејзините соседки. Вестите завршуваа накај 19.45 ч., лека ноќ! И легнуваа. Започнуваше една ноќ без крај, се додека осамне. Ако легнеш во 20.00 ч. до 06.00 утрината, или 05.00 преку летото, тоа се девет часа. Се сеќавам, често се будев и баба ми кажуваше:


    - Бре Андрико, спиј! Уште не е самнато!
    А јас ја прашав:
    - Бабо, кога ќе осамне?
    - Рано е уште! Ноќ е!


    И заспивав повторно, одново се будев и одново заспивав. Онаа ноќ немаше крај. Колку пати да заспиеш и да се разбудиш? Бескрајни ноќи. Да но, кој беше резултатот? - како прво се наситувавме со сон, бевме деца, второ, имавме убаво разбудување, затоа што сончевата светлина влегуваше низ прозорецот на вратата и сфаќавме дека осамнало. Петлите пееја, кокошките, птичките, целата природа се будеше, магарињата, домашните животни. Тоа беше едно убаво будење. Додека пак јас слушам за будења на други луѓе, како фрлаат обувки, кршат будилници  - оној што ве разбудил, ризикува, што да ви кажам. Сум видел какви не разбудувања.
  

 Една госпоѓа ми кажуваше, дека води буквлно борба, за да го разубди својот маж да оди на работа. Најнакрај купиле водено пиштолче и го прскала оддалеку, за да го разбуди. Не можел да се разбуди. Друг фрлал разни нешта, ако тргнеш да го будиш. Немал ништо на креветот, сé фрлал. Сите тие неприродни нешта ни возвраќаат исполнувајќи нé со нервоза, стрес, една болна состојба, кои како облак ја покриваат душата на човекот, и му ги "кинат" нервите, не го опуштаат. Но, воопшто и начинот на живот ни го предизвикува тој проблем, начинот на кој ги третираме нештата, многуте желби кои ги имаме, големото незадоволство, немоќта да го надминеме нашиот егоизам, индивидуализам и да кажеме слава на Бог! Добро сум! Од нашиот живот отсуствува славословието кон Бог.
    

А пак со постојаното славословие кон Бог, дури и ако си болен, ќе се излекуваш. Особено оние кои страдааат од депресија - мала, голема или периодична.  Сите ние имаме моменти, во кои се чувствуваме потиснати, како и црни денови. Ако во тие денови човекот го славослови Божјото име и Му благодари на Бог, тогаш се менува неговото душевно расположение. Но, ако почне да кажува не сум добро, не сум задоволен, работите не ми  се добри и започне да мисли негативно, тогаш дури и ако е добро, ќе стане лошо. А ако е лошо, ќе стане уште полошо. За жал, ја гледаме кај младите луѓе, а веќе и кај нас поголемите, таа тенденција да не го славословиме Бог. Но и за да го славословиш Бог, треба да ги видиш Неговите благодејанија, да се научиш да ги откриваш, да одделиш време за тоа. Треба да имаме време да водиме дијалог со себеси. Богослужението е време и место за молитва, основното дело на човекот, и во него тој може да направи едно внатрешно себеиследување, еден внатрешен дијалог, оти умот ни е зафатен деноноќно. Особено сега со тие средства, сите се постојано зафатени, држат едно телефонче и праќаат објави - тоа нешто стана болест. Одам по училиштата, секој фатил по еден телефон, се мачат да пратат објави, да ги  видат, да ги дознаат новостите, игри, дури игри веќе играат на телефонот. Но тоа го заморува човекот, тој може да си мисли дека се одмора, како кога гледа филм на телевизија, за да внесе разнообразност. Но, човекот не може да се одмори со гледање сцени, собитија, разни нешта, затоа што тоа е непрекинато бомбардирање на неговиот ум со слики и приказни.
  3.angeli.so.truba

 Времето во храмот е време за молитва. Но, дури и да немаме сили за молитва, да влеземе во себе си и да поведеме внатрешен дијалог. Знаете, во манастирите има многу долги и убави служби, по 8-10 час па дури и повеќе. Сите тие часови се многу убави, часови на непрестана молитва, за пеење, во кои го пиеш нектарот на божествените и свештени мисли, како и часови за читање, кај што можеш да влезеш во себеси и да водиш дијалог со себе си. Треба да наоѓаме време за тој дијалог, да го охрабруваме, поучуваме и советуваме нашето јас. Кога на пример гледаме дека застрануваме, можеме да си направиме и еден суд (на себеси). Кога другиtе ни судат, тоа не ни се допаѓа, ние сепак ги судиме.  Т.е. да направиме внатрешно иследување, да видиме што се случува во нас, А сето тоа го правиме не за да се изнервираме и да паднеме во очајание, туку да се поправиме и највеќе да се обратиме кон Бог - нашиот Татко и да се помолиме Бог да нé помилува и да примиме и вкусиме надежта на Божјата помош.


    Во храмот сме и да се сетиме каков благослов е, кога толку луѓе сме собрани на едно место. Го имаме тој благослов да бидеме во Црквата, собрани заради богослужбата и го повикуваме Божјото име, се храниме со Таинствата и Христос е помеѓу нас, како и Света Богородица и сите светии. Во тоа внатрешно иследување и дијалог, душата треба да се движи кон две нешта - кон молитва, за да бара помош од Бог но, и кон славословие на Бог, да го славиме и да Му благодариме непрестано за сето она што го имаме во животот.


    Старецот Паисиј вели, дека дури само да му благодариме на Бог за тоа што сме луѓе, и што не создал по Неговиот образ и подобие, ни ги дал даровите на Светиот Дух, ни го дал Светото Крштение, светото Миропомазние, светото Причастие, членови сме на Црквата - со ова ние можеме да живееме секојдневно во љубовта во нашиот Христос. Колку Му благодариме на Христос за сите тие нешта? Старецот исто нé учеше на постојаното благодарење и славословење на Бог. Кога човек ќе влезе  во тој дух на благодарение и славословие и кога ќе започне да води дијалог со себеси, не како мечтаење, туку со блага (по) мисла, тогаш се исцелува од вознемиреноста.


    Уште нешто во што верував и ми го потврдија во Русија, кога отидов на една конференција. Луѓето денес не плачат, и жените веќе не плачат - може да плачат од нервоза. Човекот денес не плаче и тоа му наштетува премногу, затоа што не го изразува својот внатрешен свет и не го вкусува она големо одморање, што го вкусува оној кој се научил да плаче. Но, кога ќе заплаче човекот? Оти како да немаме време да заплачеме. Одам на погребенија и се досадувам - ама погребение ли е тоа? Гледаш некакви смрзнати лица, со црни очила, не знам зошто носат црни  очила. Се прашувам: сите отишле и купиле црни очила за погребението? Затоа што од престолот сите ги гледам. Гледаш море од луѓе со црни очила. Добро, кога надвор има сонце, носат црни очила, но зошто ги носат во храмот? После тоа си реков, изгледа луѓето плачат и носат црни очила, за да не ги гледаат, како плачат. Прашав еден човек:


    - Носиш црни очила, за да не те гледаат дека плачеш?
    - Не, носам црни очила, за да не ме гледаат дека не плачам!


    Тоа не си го бев помислил. Си реков: каква несреќа, да не можеме да плачеме дури на погреб. Или некои луѓе плачат на погребите но, од очајание и тој плач го убива човекот, не го животвори, не е изцелителен плач, кога плачеш и ја вадиш својата мака, туку плач на очајание, кој те уморува и убива. Кога човекот се моли и кога ќе се научи да плаче на молитва, тогаш, освен што ќе ја придобие благодатта на Светиот Дух, прво нешто што ќе придобие е, одморената душа.
  

 Оците биле луѓе, кои плачеле, светите оци и подвижниците поучуваат за плачот, солзите, поучуваат колку се вредни солзите, кога човекот ќе започне да живее духовно. Ава Исаија вели, дека духовниот живот започнува од солзите. Кога човек ќе започне да плаче, тогаш навистина извршува духовен труд. Но, за да заплачеш, треба да си дадеш време. Во Русија, кај што одев, имаше еден голем психијатар, духовен човек, кој на една конференција кажа, дека денес луѓето не плачат, поради што и се болни и се разболуваат душевно. Ми направи впечаток, затоа што тоа и си го мислев, бидејќи ги гледав старите луѓе, кои плачеа и имаа време да направат внатрешен дијалог, да се помолат, да го повикаат Божјото име и да го живеат тој духовен благослов на одморот во Христос. А пак гледаме луѓе, кои го исполниле своето време со илјадници непотребни нешта но, немаат време да влезат во врска (однос) со себеси. Кој (денес) го знае тоа големо искуство на општењето со себеси? Та ние и со ближните не општиме, дури и дома со нашите блиски. Нека се запраша човек, колку заедничарам со татко ми, со мајка ми - децата се во нивниот свет, таткото во неговиот свет, мајката и таа во нејзиниот свет, еден телевизор работи напразно и сите држиме еден телефон и ги гледаме игрите во него. Колку сопрузи имаат време да за заедничарат помеѓу себе? Можеш ли за половина час да пратиш 35 соопштенија? Еднаш ми дадоа да разгледам некакви снимки во еден телефон, немаше половина час и дојдоа 35 соопштенија. Му кажав на тој човек, кого што го познавм - добро, ти, кој си женет човек, во 20.00 ч. испрати 35 соопштенија и прочита уште толку? Кога зборуваш со жена ти, сине мој? А тој ми рече: па и таа го прави истото! Дури не се дружат помеѓу себе, туку секој со своите пријатели. После тоа велиме, дека се разболуваме од стрес. Пак и добро е,  што е само од стрес. После тоа, гледаш луѓе, на кои не можеш да има ја отсечеш вољата. Страшно е што постои една фиксација за сопствената воља. Така сакам! Секојдневно го гледаме тоа во храмот, кога доаѓаат да ја подготват својата свадба. Таму да видите што станува! (обично младенците или фотографот сакаат разместување на храмот - бел.прев). Да им објаснуваш дека местото на тоа нешто е тука. Ама тука треба да се премести! - ти вели. Но, зошто да биде таму, кај што сакаш ти? Во храмот си е на тоа место, таму и ќе си остане. Не, таму ќе го преместиме. Што да ви кажам, некакви каприци, инает, мании, како некој маничен човек, кој треба да излезе 13 пати низ вратата и не може ниту 12, ниту 14 пати, а после тоа повторно влегува и излегува, затоа што може не изброил правилно - бидејќи е маничен, има психијатриски проблем. Да не можат да си ја отсечат вољата, да не можат да пројават минимално трпение. И сето тоа фиксирање на личната воља става примка на неговиот врат, се задушува и чувствува стрес.
    

Еднаш јадев и му кажав на еден човек, кој стоеше до мене исправен.
    - Донеси една столица и седни си!
    - Добро ми е вака!
    Три пати нарочно му го повторував истото, за да му предадам една лекција - земи една столица и седни да јадеш. Не можеше да разбере.
    Проблемот е во тоа, што не можеш малку да ја отсечеш сопствена воља, не можеш да пројавиш мало послушание.

Еднаш ми се обрати еден војник - сакаше да се самоубие!
    - Зошто сине?
    - Не ми дадоа отпуст!
    - Кога ќе те пуштат?
    - Утре наутро.
    - Зошто тогаш да се самоубиваш?!
 

Светот ли пропадна, неможеш ли малку да си ја отсечеш, вољата? Добро неправедно  е, разбирам малку да се растревожиш, да се налутиш, да се јадосаш малку, но да сакаш да се самоубиеш поради тоа, дека не те пуштиле да излезеш, иако си планирал да излезеш со пријателите. Тоа се болни нешта! Нешта, кои ставаат примка околу нашиот врат и не задушуваат. Се разбира, сето тоа, како и многу други биолошки и наследни причини, нé водат до големата болест на епохата - стрес (немир).
  

 Сега, како да го надминеме ова? Со правилен начин на живот, со славословие и благодарење на Бог, со тоа да си дадеме време, да се опуштиш малку, да си речеш: седни тука, успокој се. Денес човекот како да не разбира што означува, седни тука и успокој се. Ама ништо ли да не правам? Ништо да не правиш. Два часа да седнеш и ништо да не правиш, да зјапаш, згасни го малку умот, и самото тоа е нешто, одмор. Влези малку во себеси и направи еден внатрешен дијалог. Твоето јас е најдобриот пријател. Научи се да ги отсекуваш своите желби. И родителите постапуваат лошо, кога трчаат да ги задоволат сите желби на децата. Тоа не е убаво. Да одите да им готвите три месеци во туѓина? Да одите да им најдете стан? Какви се тие нешта? Мене мајка ми де доведе до коработ, мавна со рака и си појде! Отидов во Пиреја, слегов, за прв пат ја бев видел Пиреја, да не говориме, дека си мислев, дека Грција има лазурно небо, како што се пее во една песна, и мислев, дека е поразлично од тоа во Кипар. Во крајна линија беше исто. Отидовме, се потрудивме, влеговме во универзитетот, најдов дом, под наем, купивме печки, маси, ладилници итн. Кој ни го заврши сето тоа? Но, сега слушаш дека родителот оди во Лондон, да бара стан за својот син, за ќерка си и да им готви 3-4 месеци, да оди пак за два месеци, оти цевката во лавабото се затнало и детето - 22 - годишно не знае како да ја одзатне. Побарало на интернет, вели, за да види како да ја одзатне. Да не чува Бог! И после такви нешта очекувате да бидеме здрави? Болни ќе станеме.
  

 Оставете ги децата малку да пораснат сами. Треба да се научиме да сретнуваме тешкотии, да живееме природен живот, кој си има свои тешкотии, и неуспеси, и отфрлања, и радости, и маки и опасности. Ако се оддлечиме од природниот живот и ја загубиме врска со Бог - нашиот Татко и до светите Таинства, тогаш се рушиме од сите страни.

Прашање:
    Уште од малечок бев чул за личните карти, за електронски документи. Кога дојдов во Кипар и за прв пат ја видов таа лична карта, ме обзеде смут. Читав на таа тема во христијански списанија, и сега се наоѓам во дилема дали да изадам лична карта за мојата мала ќерка, оти често патуваме во Грција. Не можам сето тоа до го прифатам. Мислам дека ќе ја загубам заедницата со Бог и сé, што сум градел толку време - борба, пост итн., како и тоа дека ќе ми се измени врската со Бог, како да ќе загинам за малку, како да ќе се откажам да сведочам, некакви такви помисли ми минуваат низ умот.

    Бидејќи и други луѓе се прашуваа, како што ти сега се прашуваш, пред една - две години и јас самиот го поставив прашањето пред светиот Синод. Еден епископ, кој се занимава со ересите, парарелигиозните групи и слични пршања, направи проучување. Сам отиде во канцелариите, кај што се издаваат личните карти, да провери од името на светиот Синод и не констатира нешто, кое што наштетува на духовниот живот на човекот или означува одрекување од Христос, од Крштението, ниту суштествува во картите бројот 666. Јас да ти кажам право, си извадив лична карта пред еден месец. Слава Богу, ништо не ми стана! Добро спијам! Гревовите ми отежнуваат да се помолам, а не личната карта! Претходната ми се скрши во џебот, отидов и си извадив нова. Не видов нешто лошо. Зошто, преку телфоните, зар не нé следат насекаде? И во крајна линија, зошто да се плашам дали нé следат? Кој се интересира за нас? Ајде да кажеме се интересираат. Ако бројот 666 беше врз личната карта, ќе ти кажав да не ја земеш. Од моментот, кога видовме дека го нема, категорично ништо нема, што би ја нарушило нашата вера, не гледам причина за сето тоа беспокоење. Знаеш ли на крај како ќе си испатиме? Сето тоа говорење за Антихристот, лични документи и бројот 666, кое во Грција го има одамна, дојде и во Кипар сега преку некои наши браќа - на крајот, кога ќе дојде часот, во кој не ќе треба да го земеме печатот на Антихристот, никој нема да ни верува. Ќе си настрадаме како лажливото овчарче. Во Грција не поминало малку време, вадат нова карта и некои вели; тоа е картата на Антихристот! Чекај, колку карти на Антихристот?! Да бидеме сериозни луѓе!
    

Се разбира, дека ќе внимаваме, се разбира, дека сме против печатот на Антихристот, но, тоа не означува, дека една лична карта е печат на Антихирстот. Тоа, дека сите електронски средства - чипови итн., во определен момент ќе бидат исползувани на уштрб на слободата на човекот, да, ќе се употребат но, личната карта не означува, дека се одрекувам од Христос со тоа што ќе ја земам. Ако пак се работи за Христос, вреди трудот да си ги жртвуваме целиот живот но, не така од идеолошки причини.
    

И ако им кажеш има нешто, кое што не го знаеш! Тогаш, ако е скриено во оние нешта и не го знам, воопшто не ме интересира. Дали тоа значи, дека бидејќи не го знам, значи  дека сум се откажал од Христос? То ест ако отидам и земам вода од крштелниот купел и ја ставам во водата, која што ја пие еден муслиман, значи ли дека тој станал христијанин, бидејќи пиел од крштелната вода? Или, додека спие, отидам и го крстам, ќе стане ли христијанин? Ако сознателно не го прими.
  

 Во Русија имало еден свештеник - о. Димитриј Дудко, кој пишувал убави книги и изнесувал беседи, но болшевиците го фатиле, го затвориле на психијатрија, му ставиле неколку инекции, му го промиле мозокот, а после тоа излегол на телевизија и кажал:


    - Од денес станувам атеист, Бог не постои, Христос не постои!
 

   Тој всушност не носи одговорност за тоа, веќе бил болен, му го повредиле умот, тој не се одрекол од Христос, напротив, станал исповедник, затоа што го направил тоа, без да има сознание за него, бидејќи со лекови му го измиле мозокот. То ест ако отидам и помажам некој сомневач  со свето Миро по главата, дали значи дека сум  го направил христијанин? Без сознтелно да ја прими благодатта на светото Крштение? Се разбира, дека не!

Превод од бугарски јазик: М. Белева

28ми јули 2020 лето Господово


Линк:

https://pravoslaven-sviat.org/2020/04/28/%d0%b1%d0%be%d0%bb%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b5%d0%ba%d0%b0/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная