Ве известуваме дека на 27 април 2011 (среда), во 11 часот во МАНУ  ќе се одржи прес конференција по повод одбележувањето на Јубилејот 30 години од основањето на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во прилог Ви ја доставуваме Програмата на Научната конференција , што ќе се одржи на 28 и 29 април во Ректоратот на УКИМ.   

На портирницата во МАНУ ќе има информација за салата во која ќе се одржи прес конференцијата.