логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Скопје, 19 декември (МИА) - Во Кинотеката на Македонија од 18 до 20 декември се одржува фестивал на современ турски филм, насловен „Фестивал на тркала“. Во три фестивалски вечери ќе бидат прикажани по три т.е. вкупно девет филма, снимени од 2006 до 2009 година.

Фестивалот вчера беше отворен со „Погрешна бројаница“ на режисерот Махмут Фазил Џошкун, по што беа прикажани и „Борнова, Борнова“ во режија на  Инан Темелкуран и „10 до 11“ на Пелин Есмер.

Денеска на програмата на „Фестивалот на тракла“ се филмовите  „На пат за училиште“ на  Орхан Ескиќој и Озѓур Доган, „Страв од бога“  на режисеот Озер Кизилтан и „Пандорина кутија“ на  Јешим Устаоглу.

Фестивалот ќе заврши в недела со проекција на „Меѓународно“ во режија на  Сири Суреја Ондер и Мухарем Ѓулмез, „Плашилото“ на   Аталај Ташдикен и „7 мажи за Хурмуз“ на Езел Акај.

„Фестивалот на тркала“ e патувачки од 1995 година. Најпрво неговата мисија била да се прикажат исклучителните филмски остварувања на филмските ентузијасти низ градовите во Турција, а потоа да се запознае светот со турскиот филм.  Го организира Филмската асоцијација од Анкара.

Во изминатите 14 години фестивалот патувал во турските градови  Анкара, Артвин, Бурса, Чанаккале,  Ескишекир, Газиантеп, Истанбул, Измир, Карс, Кајсери, Малатја, Мерсин, Самсун, а надвор од Турција - во  Сараево, Тбилиси,  Баку и во Драма.

На филмските проекции во Скопје ќе присуствуваат околу 25 гости - режисери, продуценти, актери и филмски работници од Турција. Со  цел да се зајакнат врските помеѓу турските и македонските синеасти, в недела во Кинотеката  ќе биде одржана отворена средба со гостите од Турција, на која ќе се разговара за можностите за соработка во филмската дејност. хс/са/10:57

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie