логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Ве известуваме дека почнувајќи од 23 ноември 2009 година, еднаш неделно, во наредните четири понеделници (23.11.2009; 30.11.2009; 07.12.2009 и 14.12. 2009) во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, ќе се одржат серија на предавања на д-р Кирил Темков на тема ЛИКОВНАТА ЕСТЕТИКА.


Овој циклус на предавања д-р Кирил Темков ќе го одржи со цел на афирмирање на ликовната естетика кај нас, за која релативно малку се говори, иако, според неговото мислење, ликовните уметности се најразвиената форма на уметничко творештво во Македонија. Од тие причини овие предавања би дале информација за движењата во современата ликовна мисла, во чии рамки се развија две централни духовни пројави во современата епоха - Модерната и Постмодерната, кои спаѓаат меѓу најживите денешни интелектуални придонеси. Предавањата би поттикнале рамислување, дискусии и натамошно продлабочување на нашата размисла за уметноста.
Во рамките на овој циклус ќе се одржат 4 предавања, кои ќе ги зафатат најзначајните прашања од широките и сложените проблеми на ликовната естетика. Теми на предавањата ќе бидат:
1. Ликовните уметности и нивната естетика во рамките на општата естетиката и на основните видови творештвото - 23.11.2009
2. Современите аспекти на творештвото - со посебен осврт на стремежите и дострелите на ликовните уметности - 30.11.2009
3. Карактеристиките на ликовното творештво и неговата естетска суштина - 07.12.2009
4. Жанровите во ликовното творештво и нивните естетски својства - 14.12.2009
Предавањата ќе бидат проследени со илустрации, како прилог кон супстанцијалната разгледба на визуелното творештво.
Д-р Кирил Темков предавал Естетика на студентите на Факултетот за драмски уметности, на музиколошкиот оддел на Факултетот за музички уметности, на студиите по Новинарство, на студентите по Светска литература, како и посебно на постдипломските студии на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот “Св, Кирил и Методиј” во Скопје.
Серијата на предавања на проф. Кирил Темков се прилог во разновидната дејност на Националната галерија на Македонија, во ширењето на ликовната култура кај нас.

Со почит,

НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie