логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 
Почитувани,

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 23 септември 2014 година (вторник), во 19 часот, ќе се отвори изложба на Петра Јовановска и Јиржи Кованда.
Универзалноста, магијата, симболизмот, алхемијата, живототворноста се само дел од широката палета идеотеки за примената на кругот како основен модус во креирањето на делата од последниот циклус на авторката Петра Јовановска. Кругот претставува единство, целината, бесконечност. Нешто без почеток и крај, без страни или агли. Кругот значи заштита, но и ограничена слобода, норми, правила, општествени стеги. Тој е знак на исполнување и на целост, на спојување на поларитетите, на регенерација и на вечност. Често со формата на кругот се презентирало сонцето како основен извор на живот, но и елементот на духот што е еднакво сроден со четирите елементи: оган, воздух, земја и вода. Тој е симбол на животниот циклус, на рајот, на универзумот. Симболично, целиот наш живот може да се поврзе со формата на кругот, еднаш сме горе, друг пат долу, за одново и одново да започне искачувањет или, пак, падот. Спиритуалистите веруваат дека човековото постоење е директно зависно од оваа форма. Од кругови се состојат нацртите на нашите ДНК, сите ние сме зачнати во кружна јајце-клетка, живееме на кружна планета, не грее кружно сонце, напредокот на цивилизациите е директно зависен од примената на кружната форма - во пронајдокот на тркалото итн. Лавиринтот и мандалата се исто така начини за гледање кругови и доаѓање до внатрешен мир и духовна големина.
Јиржи Кованда (1958) е еден од најпрестижните чешки концептуални уметници. Националната галерија на Македонија има особена чест да претстави еден дел од неговата документаристичка ретроспектива и ѝ нуди ретка можност на нашата публика да се запознае со животот и делото на овој мошне значаен европски признат автор. Кованда се појавува на чешката сцена со своите први акции во средината на 70-тите, а главно станува збор за минималистички перформанси што ги изведува уметникот во јавна средина и со ефемерни дејствија. Настапите во јавен простор се за него траги што се документираат, а нивното презентирање со помош на документаристичките црно-бели  (често аматерски) фотографии со кратки описи на перформансите е наменето за галериски простор и за поширока комуникација со публиката. Информативноста во окупирањето на галерискиот простор била единствен начин да се презентира концептуалната уметност внатре, во затворен простор.
По неколкугодишна пауза, во последните десетина години Јиржи Кованда е повторно мошне активен и ги следи своите почетни идеи од 70-тите, изведувајќи нови перформанси, нови интервенции, нови дела, а ретко реинтерпретирајќи ги старите. И како што запишал Вит Хавранек (куратор и критичар) во Флеш арт, 2007 година, во текстот насловен „Слабите ветриња на секојдневието“ за творештвото на Кованда:  „Реагирање на ветровите што доаѓаат од светот надвор не значи само реагирање на настани и информации кои се случиле на меѓународната уметничка сцена, туку исто така -  а во неговиот случај ова е круцијално – влијание на тековните и слаби ветриња на секојдневието и на нормалноста.“
Изложбата ќе ја отворат Амбасадотор на Република Чешка во Република Македонија Мирослав Рамеш и г-ѓа Маја Неделкоска Брзанова, директор на Националната галерија на Македонија.

Со почит,
Национална галерија на Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная