логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Почитувани,

Ве информираме дека во организација на Националната галерија на Македонија, на 2 март 2013 година (сабота) во 18 часот во Casoria Contemporary Art Museum, во Неапол ќе се отгвори изложбата Рефлексија; Бело-црно или не?! на која ќе излагаат 14 македонски уметници.

На изложбата ќе бидат изложени дела од: Благоја Маневски, Јован Шумковски, Славица Јанешлиева, Нехат Беќири, Решат Амети, уметничката група ОПА (Слободанка Стевчевска и Денис Саракиновски), Жанета Вангели, Нове Франговски, Симон Шемов, Гоце Наневски, Осман Демири, Борис Шемов, Антони Мазневски и Елпида Хаџи- Василева

Изложбата ќе ја отворат г-а Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија и Антони Манфреди директор на Касорија Музејот на современата уметност од Неапол. Куратор на изложбата е Ана Франговска.

            Со почит,

           Национална галерија на Македонија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie