логоFacebookTwitterYouTubeeMail


На 1 март 2013 година (петок), во 19 часот во Дом на култура Иван Мазов - Климе во Кавадарци, ќе се отвори изложба на Ацо Таневски со наслов “ Моите Приказни “.
Таневски за овој проект користи сопствена игра на чепкање по личните и по семејните доживувања, настани и сеќавања и извлекувајќи артефакти од собраната архива на вредни спомени од минатото, создава визуелна  фрагментирана археологија на меморијата.
Анализата на овој проект треба да се перцепира како претопување и присоединување на микронаративите што создаваат нова естетско-концептуална целина - макронаратив со заеднички именител означен од авторот - “ Моите Приказни “. Така се создава нова уметничка ситуација во која се рефлектираат одредени конкретни состојби на основите на личните и на интимните приказни што се колку лични, толку и воопштени и развиваат нови односи, перспективи и погледи на светот.
Базична цел во “Моите Приказни” на Ацо Таневски е да се изрази слободата на авторот во мисловниот превод на личното доживување на сопствената историја и на нејзиното естетско визуелно вообличување, како чин на себеспознанието...
 
Изложбата ќе ја отвори г-дин Владимир Темков, директор на Дом на култура Иван Вазов - Климе.


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie