логоFacebookTwitterYouTubeeMail


22.11.2012 год.
Изложба на Урош Ѓуриќ во „Мала станица“

Изложба на познатиот мултимедијален уметник Урош Ѓуриќ од Србија под наслов „Тишина“ ќе биде вечерва отворена во „Мала станица“, во 20 часот, каде што авторот, кој македонската публика го препознава и како актер во филмовите „Ние не сме ангели“, ќе ги презентира своите истражувања во уметноста што ги претставува во локални рамки со гостување на личности од општествениот живот во Македонија создавајќи субјективна визија и слика на културно-општествените состојби во земјава. Надоврзувајќи се на проектот „Бог ги сака соништата на српските уметници“ и на неговата опседнатост со фудбалот, Ѓуриќ во оваа пригода се фотографираше со првиот тим на фудбалскиот клуб „Вардар“, кој го смета за клуб со свое место во македонскиот социоопштествен живот. Во проектот „Апропријации - Општествени портрети“, кој ќе биде презентиран вечерва, публиката ќе види личности од јавниот живот што Урош Ѓуриќ ги смета за синоним за Македонија: Есма Реџепова, Каролина Гочева, Дарко Панчев, Захаринка Алексоска-Бачева, Сашо Станојковиќ, Жанета Вангели, Паја Михајловски, Аце Русевски, Јован Шурбановски, Славица Јанешлиева, Гарабет Тавитјан, Маја Вукичевиќ, Виолета Симјановска и Љубомир Фрчковски. Куратор на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски.

Уметничките дела на Урош Ѓуриќ обиколија многу галериски и уметнички простори во Барселона, Будимпешта, Берлин, Вашингтон, Париз, Брисел, Варшава, Софија, Њујорк, Тирана, Виена, Прага, Букурешт, Касел... (К.Б.)



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie