логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Вечерва во Националната галерија на Македонија „Мала станица“ во 21 часот ќе биде отворена изложба на косовскиот фотограф Фахредин Спахија, насловена „Спирит“ („Дух“).

Фахредин Спахија е еден од водечките претставници на овој медиум во Косово. Неговиот циклус „Дух“, со кој се презентира пред македонската публика, е еден поширок приказ на мошне импресивни фотографски решенија со поширок дијапазон на тематски дискурси, во кој приматот го заземаат портретни претстави, а потоа следуваат и неколку пејзажи, лајф-фотографии, патописи и слично.

Драмата на овие црно-бели фотографии и одличната моќ на перцепција се клучната оска околу која се надградува силината на фотографскиот говор на Спахија. Вештата техничка надградба и искусното познавање на тајните на занаетот и медиумот резултираат во исклучително издржани фотографски целини. Во режирани или почесто случајно уловени аспекти (моменти) циркулира аурата на проникнување во срцевината на индивидуалната хуманистичка сензација и емоција, во доловувањето психолошки состојби и експресивни преживувања, животни судбини, премрежиња. На неговите фотографии се пронижува историја, религија, традиција, социјални аспекти, последици на војната, магија на природата итн.

Кустос на изложбата е Ана Франговска. (Т.И.)
 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie