логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ЗЕЛЕНА САЛАТА СО ЈАЈЦА И ТУНА
Потребно:
- 1 зелена салата
- 1 конзерва со туна
- 4 тврдо варени јајца
- 50 г зелени маслинки
- 2 лажици капар
- маслиново масло
- малку морска сол
- сок од 1 лимон
Приготвување:
Зелената салата одделете ја на листови, добро измијте ја и малку држете ја во ладна вода. Исечкајте ги тврдо варените јајца, маслинките, копарот, па додадете ги во туната и сето тоа добро измешајте го. Зелената салата исечете ја на резанки и додадете ја во чинијата со туната, прелијте со маслиновото масло и сокот од лимонот, малку посолете, па сето тоа добро измешајте го.

ПОЛНЕТИ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА
Потребно:
- 6 јајца
- 30 грама путер
- 20 грама средина од леб
- 1 чаша млеко
- 2 лажици рендан пармезан
- 20 грама печурки
- сол
- магдонос
Подготвување:
Сварете ги јајцата, исечете ги на половина и извадете ги жолчките.
Потопете ја средината на лебот во млеко и убаво изгмечете го. Потопете ги печурките во млака вода. Измешајте ги сите состојки и со таа смеса пополнете ги јајцата.
Декорирајте!

ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА СО МЛАДО КРОМИДЧЕ
Потребно:
- 10 јајца
- 2 лажици оцет
- 2 лажици сенф
- 1 врзопче млад сецкан кромид
- 2 лажици сецкан целер
- 4 лажици рена
- 1 лажичка сецкан магдонос
- половина чаша масло
- 1,5 лажиче сол
- 2 до 3 кисели краставички
- пипер и лута пиперка по желба
Подготвување:
Варените јајца се пресекуваат на половина, а жолчките се вадат и се ставаат во посебен сад. Оцетот, сенфот и сите преостанати состојки се промешуваат. Во кремасто измешаниот сос додадете ги жолчките, уште една лажичка сенф, сол и пипер. Потоа наполнете ги преполовените јајца, кои потоа треба да ги ставите во фрижидер околу еден час. Полнетите јајца може да ги декорирате со црн пипер или лута пиперка.

ЈАЈЦА СО РЕН
Потребно:
- 6 јајца
- 3 лажици рен од тегличка
- 100 гр. сирење
- сол, црн пипер
- 2 лажици исечкан власец.
Подготвување:
Јајцата, веќе тврдо сварени, излупете ги и исечете ги на половина. Извадете ја жолчката. Жолчката, ренот,  ирењето, солта и црниот пипер измешајте ги во хомогена маса. На крајот смешајте една лажичка власец. Половинките од белките наполнете ги со смешата и посипете ги јајцата со преостанатиот власец.

ВЕЛИГДЕНСКИ ЛЕБ
Потребно:
- 1 килограм брашно
- 500 грама млеко
- 1 тазе квасец
- 12 лажици зејтин
- 4 супени лажици шеќер
- 3 супени лажици сол
- малку маргарин
- малку фолија
- 1 жолчка
Подготвување:
Квасецот се става во подлабок сад, се додава малку млака вода, едно мало лажиче шеќер и 2 до 3 лажици брашно. Убаво се мати и се остава да стаса.. Брашното се исипува во подлабок сад, се додаваат солта и шеќерот, а откако квасецот, и тој се додава во брашното. Со предходно стопленото млеко се замесува брашното и се прави тесто. Тестото не треба да биде тврдо замесено. Се оставаме да стаса.
Откако ќе стаса повторно се премесува. Тестото се дели на три дела, а секој дел се сука во долгнавеста форма (како шпагета). Трите краеви се доближуваат еден до друг и почнува да се плете како плетенка, притоа внимавајки на средина да остане место со големина на едно јајце.
Лебчето се става во подлабока округла тепсија (може и тенџере) која претходно се премачкува со маргарин. На средината на лебчето се става фолија завиткана повеќепати, за да не се затвори шуплината. Лебчето се покрива и се остава повторно да стаса. Откако ќе стаса, се премачкува со жолчка и врз него се редат неколку коцки маргарин. Се пече во загреана рерна на 200 степени, се додека не зарумени.
Откако ќе се испече и излади, фолија се отстранува.
Велигденското лебче се става во убав голем тањир, а на местото каде што стоела фолијата се става Велигденско јајце.

ПОГАЧИЦИ
Потребно:
- 2 коцки стасан квасец
- 600 гр млеко
- 3 лажици шекер
- 1 лажица сол
- 9 лажици зејтин
- брачно по потреба (околу 1 кг.)
(кисне пола саат)
Подготвување:
Се прави кора со дебелина од1,5 см. Се вадат со чаша погачици. Одозгора се премачкувата со жолчка и се декорираат со самото тесто или пак со сусам, мак, ким.
Се печат 25 мин на 200°С.

ЈАГНЕШКА ДРОБ САРМА
Потребно:
- еден комплет јагнешки црн, бел џигер и срце
- 2 главици кромид
- 150 гр. ориз
- сол, црн бибер, црвен пипер и зачин (вегета)
Подготвување:
Прво се сецкаат џигерот и срцето ситно и се зачинуваат по вкус. Кромидот исто така се сецка ситно и се пржи, се додава измиениот ориз и се пропржува заедно со кромидот. Се додава црвен пипер и се трга од огнот. Се додава сецканиот џигер и се заедно се промешува за да се добие хомогена смеса. Од јагнешката марамица се сечат мали парчиња и во секое од нив се става од смесата, па се обликуваат мали сармички. Така направени, се редат во подмачкано земјано тавче се поливаат со вода и се печат. Се служат со кисело млеко или павлака.

ЈАГНЕШКА КРЕМ-ЧОРБА
Потребно:
- јагнешка глава неколку парчиња месо
- китка за супа (морков и корен од магдонос)
- 50 г путер
- 1 кромид
- 150 г печурки
- 2 лажици брашно
- 2,5 дл кисела павлака
- магдонос
- сол и бибер
Подготвување:
Сварете го месото и главата заедно со коренот од магдонос и морковот во 1 литар вода. Додадете сол и бибер, па откако ќе се свари месото и зеленчукот извадете ги од супата, а течноста процедете ја. На путер издинстајте го кромидот, сечените печурки, додадете брашно и полека залевајте го со супата. Исчистете го месото на поситни парчиња и додадете го во чорбата. На крај, по желба, додадете ја павлаката и листот од магдонос.

ЈАГНЕШКО МЕСО СО СОС ОД МЕД
Потребно:
- 50 мл масло
- 3-4 кг јагнешки бут со ребра
- сол и бибер
- 1 мала лажица вегета
- 100 мл мед
- 200 мл бело вино
- пола лимон, исечкан на кругчиња
За прилог:
- 3 лажици масло
- 30 гр сланина
- 1 кг кисела зелка
- 1 чешне лук
Подготвување:
На загреано масло, прорпжете го месото од сите страни. Потоа, додадете му сол, бибер, вегета и мед. Пржете додека не потемни од карамелизираниот мед. Полека налевајте вода и бело вино. Потоа, месото полека префрлете го во калап за печење, ставете фолија и печете во рерна час или часи половина на температура од 200 степени. Кога месото ќе омекне, тргнете ја фолијата и додадете го лимонот.
Како прилог можете да послужите пропржена кисела зелка.
Можете да ја подготвите на следниот начин: пропржете на масло сланина, додадете ја зелката и лукот и пржете с$ додека зелката не омекне убаво и не ги прими сите сокови. Месото послужете го со сокот од печењето и со пропржената зелка.

ЈАГНЕШКО ПЕЧЕЊЕ СО ЈОГУРТ И ЛИМОН
Потребно:
- 1,5 кг јагнешко месо
- 500 мл јогурт
- 4 чешниња лук, исечкан
- 1 лимон (кора и сок)
- 1 портокал (кора и сок)
- Сол, бибер и рузмарин
Подготвување:
Помешајте ги јогуртот, лукот и сокот и кората од лимонот и портокалот во поголем сад. Додадете сол и зачин па маринирајте го јагнешкото 12 часа пред печењето. Маринадата ќе помогне месото да ја сочува сочноста при печењето и ќе му даде дополнителен вкус. Пред печење, отстранете го вишокот маринада од месото, ставете го во поголема тава и посипете го со рузмарин. Месото се пече на умерена температура околу еден час.
Послужете со варен компир или било кој зеленчук по желба.

ПОЛНЕТ КРАП
Потребно:
- 1 кгр. преспански крап
- 600 - 800 гр. кромид
- 1 китка магдонос, масло, брашно, сол,неколку лимони,1 домат.
Подготвување:
Крапот исчистете го и исечете го на парчиња. Кромидот, ситно исечен, динстувајте го на масло и кога ќе се вцрви додајте еден домат исечен на парчиња. Пропржете ги заедно, а потоа извадете од огнот и додајте го магдоносот, црниот и црвениот пипер, солта и се измешано ставете во тава. На оваа подлога наредете ги парчињата од крапот, посипете ги одозгора со брашно и црвен пипер, прелејте ги со масло и вода.
Ставете ја тавата во рерна да се пече на умерена температура. Кога ќе се испече рибата, извадете ја тавата од рерна, и откако ќе истине малку, сервирајте ја. По желба можете да додадете лимон, кој ќе служи како декорација.
Во истата тава можете да додадете и јајца. Изматете пет јајца со сок од еден лимон, налејте ги во тавата и ставете ја во рерна околу пет минути за да се испечат јајцата.
Се служи со гарнир од компир салата или ориз, а како пијалок се сервира бело вино.

СВИНСКО СО ЗЕЛЕНЧУК И АНАНАС
Потребно:
- 800 гр свинско месо (по можност од врат)
- 8 големи лажици масло
- 300 гр моркови
- 500 гр пиперки
- 400 гр праз
- 6 големи лажици соја сос
- Зачини по желба
Подготвување:
Во тавата ставете масло и загрејте го. Откако ќе ги насечкате на ленти, испржете ги посебно морковот, пиперката и празот. Две минути е сосема доволно. Штом ќе го испржите, ставете го зеленчукот на страна.
Месото насечкајте го на ленти или на коцки. Додадете го преостанатото масло во тавата и откако ќе биде загреано додадете го месото и пржете с$ додека не испари течноста. Потоа, додадете го и зеленчукот, соја сосот и сите состојки залијте ги со околу 500 мл вода. На крајот се додава зачинот. Добро измешајте и пржете уште 5 минути. Додадете свеж ананас сечкан на коцки. Совет: Сервирајте со тестенини или варен ориз.

ТЕЛЕШКО НА ГАЛИЧКИ НАЧИН
Потребно:
- 800 гр. телешко месо
- 80 гр. маст
- 2 лажици брашно
- 200 гр. компири
- 1 главица кромид
- 100 гр. овчо кисело млеко
- 3 жолчки
- 1 китка магданос
- црн пипер
Подготвување:
Измијте го месото, исечете го на ситни парчиња и ставете го во сад заедно со кромидот да се запржи, а потоа додајте малку вода. Од кога ќ е почне да врие ставете ги ситно сечкани компирите, црвениот пипер и варете го јадењето се додека месото и компирите бидат сварени. Потоа тргнете го садот од оган. Брашното, жолчките и киселото млеко измешајте ги добро, додајте една чаша супа или вода, насечкајте во таа смеса магданос и прелејте, го месото. Ставете го во рерна да се запече. При сервирањето служете го со рендан кашавал.

ЧОКОЛАДНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА
Засладете ја вашата велигденска трпеза со вкусни чоколадни јајца. За да го подготвите овој десерт ви е потребен половина час.
Потребно:
- 125гр. маргарин (претходно растопен)
- ванилин шеќер
- 220гр. мек намаз од сирење
- 1100 гр. шеќер во прав
- 260гр. путер од кикирики (опција)
- 80гр. кокос (опција)
- 80гр. какао прав (опција)
- 300гр. парчиња чоколадо (опција)
Подготвување:
Во голем сад измешајте ги маргаринот, ванилата и намазот. На тоа додадете го шеќерот во прав за да добиете тесто. За најдобри резултати користете ги своите раце за мешање. Одвојте го тестото во четири дела. Еден дел нека остане празен. Во вториот ставете путер од кикирики, во третиот кокос, а во четвртиот какаото. Потоа од деловите изработете мали јајца, ставете ги на послужавник и оставете ги во ладилникот да се стврднат барем час време. Откако ќе помине еден час, растопете го чоколадото на пареа, а потоа секое јајце поминете го во чоколадна течност. Кога ќе ги прелиете сите јајца вратете ги во ладилникот да се стврднуваат уште еден час. Можете да ги декорирате на друг начин доколку имате некоја поинтересна идеја.

ТОРТА - ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ
Потребно:
- 1/2кг бисквити
- мала конзерва ананас
- 150 гр сецкани ореви
- 150 гр суво грозје
- 250 гр маргарин(или путер)
- 250 гр шеќер во прав
За декорација:
- 2 готови шлага (или хопла) или ½ кг. локум
Подготвување:
Бисквитите се мелат, ананасот се сецка и се мешаат. Во посебен сад со миксер се разматува путерот со шеќерот. Се додава сувото грозје, оревите и сокот од ананас за да се добие хомогена смеса. Се меси со рака и се обликува како јајце.
Декорацијата е по наша желба. Или со шлаг пена, во која би ставиле неколку капки прехрамбена боја, или пак со размесен локум кој исто така можеме да го обоиме по желба.

ТОПЛО-ЛАДЕН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ
(се пече во калап)
Потребно:
- 500 гр чоколадо
- 10 јајца
- 125 гр путер
- 200 гр брашно
- 10 лажици шеќер
Подготвување:
Чоколадото и путерот се ставаат во подлабок сад. Потоа, на умерен оган, се топи смесата. Откако ќе се растопи, садот се трга од шпоретот и се остава смесата да се излади. Јајцата се матат заедно со шеќерот. Потребно е јајцата малку да се изматат, односно да бидат пенести. Потоа, јајцата и шеќерот се додаваат на смесата со чоколадо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а брашното го додаваме постепено, со постојано мешање.
На крајот, треба да се добие густа и хомогена чоколадна смеса. Калапите се мачкаат со путер и се попрскуваат со брашно, пред да се налее смесата во нив.
Во загреана рерната на 250С се пече само 5 минути.

 

Извор: НАША ПАРОХИЈА- гласник на црквата св.Петка, Скопје

Април 2011

Друго:

Плескавици од компири


Потребни состојки:1.jpg
- 0, 600 кг. компири
- 0, 150 кг. сирење
- 0, 100 кг. печурки
- 2 јајца
- Масло
- Зачин од зеленчук (Зачинал, Дафинка)
- Црн бибер
- Лебни трошки (презла) или пченкарно брашно (по потреба)

Начин на подготовка:
Компирите се мијат и се ставаат да се варат. По варењето се лупат и се рендаат на крупната страна од рендето. Се оставаат да се изладат и потоа се додаваат сирењето, печурките и зачините. Смесата се меси додека не стане хомогена. Од оваа смеса се обликуваат десетина плескавици и се потопуваат во добро изматени јајца, па во лебни трошки или пченкарно брашно. Се пржат во претходно загреано масло, сѐ додека не добијат златеста боја. Потоа се вадат и се оставаат да се исцедат во рамен сад покриен со салфетки.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная