логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Во тек се пробите за претставата ТИБУРСИО И СИНФОРОСА од Коле Чашуле во режија на Горан Тренчовски. Се работи за праизведба на драмски текст од Чашуле, во годината кога театарскиот ансамбл при НУЦК Антон Панов во Струмица одбележува шеесет години од своето постоење. Сцената и костимите се креација на Милена Пантелеева. Во овој проект е вклучена екипа од сите актери на струмичкиот театар, составена од повеќе генерации актерски појави. Ова е весела драмска сказна за доблестите и пакостите на власта, која на еден мошне необичен начин, со чисти театарски средства, алудира на утописката менливост на дипломатските игри. Инаку, авторот на овој текст Коле Чашуле во првата сезона од основањето на професионалниот театар во Струмица, во 1949 год.,  ја има поставено пиесата Печалбари од Панов. Премиерата на ТИБУРСИО И СИНФОРОСА на Чашуле и Тренчовски се очекува кон средината на април.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie