логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Лифтот на Милениумскиот крст на Водно свечено ќе биде предаден во употреба на 8 Септември, Денот на независноста. Првите „патници“ ќе се искачат од влезот на втората плоча на објектот и ќе стигнат до краците на крстот на висина од 45 метри.

По краците ќе можат да се движат и да уживаат во панорамскиот поглед на Скопје и околината. Граѓаните ќе можат да го користат лифтот од следната недела.

Лифтот е со носивост 900 килограми, и ќе биде дозволено влегување за осум лица. Во него ќе се влегува со лифтбој, а оваа улога ќе ја извршуваат тројца вработени. Според Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата „Милениумски крст“, возењето со лифт ќе се наплатува и од наплатата, всушност, ќе се обезбедуваат платите на вработените. Колку ќе чини возењето, Управниот одбор на фондацијата ќе реши во вторник, а предложената цена е 50 денари.

Дојчиновски вели дека покрај лифтот биле реализирани и градежни зафати на двете бетонски плочи на крстот. Отстранети се распуканите бетонски кошулки и се заменети со нови. На втората плоча со површина од 410 квадратни метри е ставена изолација од плочи „кулиер“ од ИГМ „Вратница“. (Сн.К.)

{moshits}



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie