логоFacebookTwitterYouTubeeMail




Светскиот тренд „Критична маса“ на групно возење велосипед по градските улици пристигнува и во Скопје.

Настанот организиран од група ентузијасти ги повикува сите граѓани на кои им е преку глава да возат велосипед меѓу автомобилите во крајно ризични и небезбедни услови в среда. Организаторите порачуваат дека возењето велосипед во група е навистина забавно и ги повикуваат сите да се уверат во тоа.

Скопската „Критична маса“, по урнекот на групните возења во над 300 градови во светот, своето прво појавување ќе го има в среда.


Стартот е на паркингот пред Зоолошка градина в среда во 17:30 часот. Од таму ќе се вози по улицата Рузвелтова, потоа по булеварот Партизански Одреди и улиците Даме Груев и Димитрија Чуповски кон Црвениот крст, а од таму ќе се вози до раскрсницата кај Мавровка. Од таму групата велосипедисти ќе се упати по булеварот Гоце Делчев кон Владата, а од таму по Илинденска до Совет на Град Скопје.

Повеќе информации може да добиете на Фејсбук-страницата  https://www.facebook.com/events/419497271414656/420500587980991/?notif_t=plan_mall_activity како и на  http://natochak.blogspot.com/
Упатство за учесниците http://natochak.blogspot.com/upatstvo



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie