логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Седмица посветена на Светото Писмо - од 16 до 22 мај 2011

Ивица Тодоров:

Браќа и сестри,

во рамките на проектот „Да живееме заедно како Црква“, а во организација на Црковната Општина „Св. Георгиј“ - Чаир  и  „ДОДОМА“ - Движење за организирана духовна обнова на Македонија,

ќе се одржи за прв пат -

„СЕДМИЦА ПОСВЕТЕНА НА СВЕТОТО ПИСМО“

Значи, од 16 до 22 мај, седум дена, пред и попладне, предавања, средби, трибини, разговори, молитва - и сето тоа посветено на СВЕТОТО ПИСМО/ БИБЛИЈАТА, посветено на ПОРАКАТА БОЖЈА која му е МЕРКА, ПАТ, СМИСЛА И ДУХОВНА ХРАНА НА ОВОЈ СВЕТ!

 

 

претпладне: од 10 и 30 часот, од 16 до 20 мај, црква „Св. Георгиј“ Чаир

Прикажување на документарни филмови посветени на Светото Писмо со кафе/ чај дискусија по нив. Домаќини на дискусијата: презвитер Александар Митковски и презвитер Ивица Тодоров

 Во овој термин ќе имаме и промотивно – продажна изложба на книги со духовно – философска - психолошка тематика. Затоа, понесете КНИГА со вас, истата ќе можете да ја замените за друга или да ја продадете!

Претпладневниот термин особено е погоден за средношколци и студенти, но и за сите „млади во душа“ трагачи по Вистината:)

 

 

1.  попладне: 16 мај, понеделник, 18 часот, простор - Младински културен центар - МКЦ

 Отварање на Седмицата и предавања на тема:

„Библијата – порака Божја до отпаднатото човештво“

предавач: презвитер м-р Ивица Тодоров

 

2. попладне: 17 мај, вторник,  18 часот, простор: црква „Св. Георгиј“ Чаир

 предавање:

„Значењето и смислата на Стариот Завет “

предавач: презвитер м-р Ивица Тодоров

 

3. попладне: 18 мај, среда,  18 часот, простор: црква „Св. Георгиј“ Чаир

 предавање:

„Значењето и смислата на Новиот Завет “

предавач: презвитер м-р  Ивица Тодоров

 

4. попладне: 19. мај, четврток 18 часот. простор – Младински културен центар - МКЦ

 трибина: „Библијата – Божја програма за лично, семејно, црковно и општествено благословено и осмислено живеење“

 воведничари на трибината ќе бидат:

д-р Коста Милков – претседател на Балканскиот институт за вера и култура

презвитер Игор Калпаковски

г- дин Горан Величковски - новинар

 

5. попладне: 20 мај, петок, 18 часот, простор: црква „Св. Георгиј“ Чаир

 предавање:

„Библијата во светлината на историјата и археологијата “

предавач: г – дин Денис Тенев

  

6. попладне: 21 мај, сабота, 18 и 30 часот, црква „Св. Георгиј“ Чаир

 Читање на духовна поезија, црковно пеење, дружење.

воведничар во настанот: г - дин Душко Кралевски (осврт на духовното во поезијата на Блаже Конески)

 

претпладне: 22 мај, недела, од 9 часот, ЛИТУРГИЈА во храмот (молитвениот дом) „Св. Георгиј“ Чаир!

 На Литургијата - ќе инсистираме - да учествуваат сите вклучени во Седмицата, сите учесници, сите посетители - за сите на Бога - на Отецот и Синот и Светиот Дух - слава и благодарност да му вознесеме!

   

од Евангелието според апостолот Јован. 3, 16 - 21

 

16 Зашто Бог  (Вечниот - JAHVE, Творецот на духовниот и материјалниот свет, нашиот Отец Небесен)

толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син (Совечниот Син Божји, Словото, Осмислувачот на се што постои),

та секој што верува во Него (Што ќе го прифати во себе како Месија, Спасител на светот, и ќе започне својот живот да го осмислува со од Него откриената вистина и вредности на постоењето)

да не загине (да не го изгуби својот живот и во овој минлив, но и во вечнот свет), туку да има вечен живот ( во овој свет да ја стекне свесноста за вечноста преку духовниот спасителен живот во Црквата, а по второто доаѓање Христово и по воскресението од мртвите, да стекне полнота на вечен живот во Царството Божјо.)

17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.

18 Кој верува во Него - нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји.

19 А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. 20 Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави. 21 А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.

 

 

 

Слава ти на Тебе - Татко наш небесен - во името на Твојот Единороден Син во Светиот Дух и во Светата Црква - слава и благодарност што се повеќе зрели души повикуваш и од духовниот сон ги будиш и кон својот Син и Нашиот Спасител ги приведуваш и со силата на Духот Свет од злото и духовната смрт ги одделуваш.

Слава и благодарност што разбудените, и во вистината Твоја утврдени души - кои се членови на Народот Твој/ Црквата Твоја - со љубов ги исполнуваш за со истата - новите, од тебе повикани души, - да ги прифаќаат и да им помагаат по Патот на спасението да зачекорат!

 

Слава и благодарност на Тебе - Боже наш - што ја будиш Црквата / Народот Твој во Македонија. Амин

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

09/08/2024 - петок

Свети Климент, архиепископ Охридски; Светиот великомаченик Пантелејмон; Светите Седмочисленици; Блажениот Николај; Преподобна Антуса; Сто педесет и тројца маченици, потопени во море во Тракија.;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Од жестокоста на лавот кон милосрдието те поведе,Оној Кој за лекар те постави,двоумењето во тебе согоре кога виде дека Животот...

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 26 јули / 8 август 2024

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 26 јули / 8 август 2024

 Параскево света девственичке,Словото Божјо во тебе сила покажа,нагазувајќи на змии и шкорпии и на сета дрскост демонска,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная