По повод најголемиот христијански празник - Христовото воскресение, наставниците по веронаука од Скопје подготвија изложба - „Велигден 2009“, на којашто ќе бидат презентирани најдобрите песни, слики и модели изработени од учениците на часовите по веронаука. Изложбата ќе биде отворена в петок, на 24 април 2009 година во 18 часот, во свечената сала при Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Ве покануваме, доколку сметате дека е потребно, да го проследите отворањето на изложбата. Честит Велигден, Христос воскресе!