логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПРОГРАМА
за предавањата и настаните кои ќе се одвиваат во рамките на „Седмица посветена на Светото Писмо“ - од 18 до 24 јуни 2012

сабота , 16. 6. 2012 од 17 до 21 часот - настан пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

„Можност да добиете одговор на ваши прашања посветени на православното христијанство“

На настанот , освен што посетителите ќе може да им поставуваат прашања и да разговараат со свештенослужители од Скопската Епархија на МПЦ - ОА, на истиот ќе се промовираат и продаваат изданија од издаваштвото на Скопската Епархија и Библиското здружение на Македонија. Повелете, ве чекаме на убав разговор:)

понеделник, 18. 06. 2012 од 18 и 30 часот - голема сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ Свечено отварање на Седмицата;

предавање: МЕСИЈАТА – очекуван од Старозаветниот народ Божји – Израелот и сведочен од Новозаветниот народ Божји – Црквата
предавач: митрополит европски г- дин Пимен

вторник, 19. 06. 2012 од 18 и 30 часот - голема сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ трибина: „Зошто голем процент од современите православни христијани НЕ ГО ЧИТААТ СВЕТОТО ПИСМО?“

учесници на трибината: протоѓакон проф. д- р Ратомир Гроздановски/презвитер Горан Стојчески / г - дин Горан Величковски

среда, 20. 06. 2012 од 18 и 30 часот - голема сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
предавање: Толкување на Беседата на гората – 1. дел!
предавач: презвитер Ивица Тодоров

четврток, 21. 06. 2012 од 18 и 30 часот - голема сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
предавање: Толкување на Беседата на гората – 2. дел!
предавач: презвитер Ивица Тодоров

петок, 22. 06. 2012 од 18 и 30 часот - голема сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
предавање: Толкување на Беседата на гората – 3. дел!
предавач: презвитер Ивица Тодоров

сабота, 23. 06. 2012 од 18 и 30 часот - голема сала на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ дискусија: „За Божјиот избор и призив за водство на Народот Божји“
дискусијата ќе се одржи по филмот: „МОЈСЕЈ“ учесници на дискусијата: презвитер Игор Калпаковски/ презвитер Горан Тасески/ јеромонах Атанасиј

недела, 24. 06. 2012 од 9 часот во црквата „Св. Георгиј Победоносец“ Чаир - ЛИТУРГИЈА - заедничко дело на Народот Божји

од 19 часот, во дворот на црквата „Св. Георгиј Победоносец“ - Чаир: Поетско – музички настан со коктел/ Свечено затварање на Седмицата

ОРГАНИЗАТОРИ:
„ДОДОМА“ - Движење за организирана духовна обнова на Македонија
Црковна Општина „Св. Георгиј Победоносец“ Чаир
Скопска Епархија на Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија
проект: Да живееме заедно како Црква

Браќа и сестри, Ве замолувам за предавањата и настаните што ќе се одржат во рамките на втората Седмица посветена на Светото Писмо, да ги известите сите оние што сакаат да се запознаат со содржината на Откровението Божјо запишано во Светите книги на Стариот и Новиот Завет.
Со благослов Божји, се надевам дека оваа Седмица ќе биде убав мотив да се собереме, да се поучиме, да поразговараме, да се запознаеме, да живееме како Црква и да го прославиме Бога!

Однапред Ви благодариме за помошта и соработката!

Ваш во Христа, брат и слуга презвитер Ивица Тодоров
и сите браќа и сестри што се вклучени во организацијата на Седмицата

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

09/08/2024 - петок

Свети Климент, архиепископ Охридски; Светиот великомаченик Пантелејмон; Светите Седмочисленици; Блажениот Николај; Преподобна Антуса; Сто педесет и тројца маченици, потопени во море во Тракија.;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Од жестокоста на лавот кон милосрдието те поведе,Оној Кој за лекар те постави,двоумењето во тебе согоре кога виде дека Животот...

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 26 јули / 8 август 2024

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 26 јули / 8 август 2024

 Параскево света девственичке,Словото Божјо во тебе сила покажа,нагазувајќи на змии и шкорпии и на сета дрскост демонска,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная