логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски

Драга публико, љубители на уметноста, колеги, медиумски работници,

Пред да го најавиме последниот проект за 2024 година дозволете да изразиме благодарност за вашето внимание, посветено време и поддршка во успешната реализација на Годишната програма на Националната галерија. Посакуваме празниците да ги споделите во добро здравје, да ја пречекаме Новата 2025 во која повторно ќе ги исполниме вашите очекувања.

За крај на тековнава година, во Даут пашиниот амам

ќе одбележиме уште еден исклучителен јубилеј,

100 години од раѓањето на Ристо Лозаноски.

Отворањето на изложбата ќе се случи на

26 декември 2024 (четврток) во 19:00 ч

РИСТО ЛОЗАНОСКИ

(1923 – 1965)

Често недоречен во своите настојувања и оправдан во стремежите низ овие слики...

Тоа што постои е вообличено низ индивидуалниот пристап на уметникот кон ова

поднебје... Распнатоста помеѓу она што постоело, она што се создава

и треба да дојде е евидентно присутна...

Бранко Илиоски за Ристо Лозаноски

Како дел од веќе востановените практики што произлегуваат од визијата на Националната галерија и се надоврзуваат на мисијата за зачувување на нашето значајно културно богатство се и периодичните или јубилејните претставувања на најзначајните македонски ликовни творци и нивните остварувања. Во селекцијата на претставувањата се истакнуваат авторите застапени во Постојаната поставка на Националната галерија, како уште едно настојување за зачувување од заборав и ревалоризација на творештвото на авторите што во одреден културно-историски контекст одиграле важна улога во дефинирањето на она што денес го нарекуваме македонска историја на уметноста.

Еден од овие автори е Ристо Лозаноски (р. Големо Илино, 1923 – Белград, 1965), кој во рамките на Постојаната поставка на македонската уметност од XIV до XX век, поставена во објектот Даут-пашин амам, е претставен со две дела Прастари облици, 1961, масло на платно, и Бела стихија, 1962, масло на платно, во изложбениот дел што го опфаќа периодот на 60-тите години од XX век, односно историскиот приказ на времето кое се однесува на влијанијата и развојот на енформелот во нашата ликовна уметност, што од своја страна доволно говори и за местото и значењето на овој уметник.

Творештвото на Ристо Лозаноски уште од неговите почетоци го забележуваат, а подоцна и го обработуваат голем број македонски историчари на уметноста и ликовни критичари во повеќе нивни осврти, го вклучуваат во приказите на современата ликовна уметност, претставен е во бројни селекции на различни теми, но се чини дека неговиот ликовен опус денес е малку подзаборавен. За значењето на Ристо Лозаноски за македонската ликовна уметност постојат мноштво осврти на критичарите што го вреднувале неговото творештво: Антоние Николовски во повеќе наврати се произнесува за самостојните изложби и е автор на Комеморативната ретроспективна изложба, Уметничка галерија – Скопје, 1969, Борис Петковски, Соња Абаџиева, Ладислав Баришиќ, Владимир Величковски, Марика Бочварова-Плавевска, Лилјана Неделковска, Валентино Димитровски итн.

Присуството на Лозаноски во споменатите селекции се должи на неговиот распространет интерес и дејствувањето „на повеќе полиња“ во смисла на ликовниот израз и изборот на теми што го окупирале неговиот интерес во, сепак, релативно краткиот животен и творечки век (починал на рана возраст од 42 години). Така, Лозаноски уште од самите негови почетоци го интересираат повеќе теми – од портрети, актови и фигури, преку мртви природи, пејзажи и историски (епски, револуционерни) теми, па сè до теми со извесни реминисценции на традиционалните мотиви, со етнолошка (битова) провениенција.

Прераната смрт на Ристо Лозаноски ја осиромаши македонската уметност за една прогресивна личност чиј понатамошен развој може само да го претпоставиме со изучувањето на она што како автор го оставил зад себе, но и да иницираме понатамошно студиозно проучување на одредени ликовни творечки фази на постојните остварувања.

Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос

Маја Неделкоска-Брзанова, кустос советник

„Отсекогаш сум се носел со мислата да создадам циклус слики од НОБ. Ги носев во себе, од својата најрана младост, впечатоците од она време, време на партизански колони, јуриши и грчеви во окупираните градови. Настојував да најдам погоден израз на она што сликарски го доживував и на она што е всушност епопејата на НОБ. Стремежот и патот во мојот уметнички развиток беше потребно да ги усогласам со темата НОБ, но да не паднам во наративност и груба пропаганда. Интимното доживување на впечатоците од НОБ втиснати во младоста беше потребно да се спроведе во една мера, ненаметливо а присутно, а, од друга страна, тие впечатоци и таа суштина на тој период да се прикажат објективно и вистинито, технички и стилски урамнотежено, за да претставува една интимна сликарска целина за тоа време.

Колку сум успеал во тие стремежи, ќе оцени публиката“.

Ристо Лозаноски, од каталогот за изложбата „Циклус НОБ“ од 1959 година

Коле Чашуле, Ликовна изложба Р. Лозаноски, Уметнички павилјон, 2-15 март 1957,

Јас не сум ликовен критичар. Но сакам да бидам сведок за она повеќегодишно напорно устремување на Лозановски од оној ден пред војната кога по прв пат седнат врз каменот Врбеско маало загледан врз неговата палета - па до недалечниот ден минатата година кога на таванот на прилепската гимназија бев почестен со првата средба со платната што сега стојат на ова изложба. Сакам да бидам сведок за оној творечки немир, за она творечко барање што го исполнило интервалот на тие години со зреење и сознавање дека на одбраниот пат нема вистински станици нити крајна точка. И дека сета убавина останува во самото изврвување на патот.

Т. Локвенец, „Стремежите на уметникот“, Нова Македонија, 14288, 31 октомври 1986, 10

Многумина му се чудеа кога ќе ја споменеше „ритмиката на Прилеп" Прашуваа: што слуша уметникот во градот каде што ние ништо не можеме да чуеме освен здодевните озборувања и немилосрдните критики?! А, уметникот, таа ритмика ја црташе. Му се полнеа очите со опојна убави на од богатите прилепски дворови со цвеќе, каде што жуборат отворени чешми, и каде што дури ни камарите од авлиите не ги фаќаше сенка. Тоа што за Шекспир беше сонот на летната ноќ, Ристо Лозаноски е јавето на летната прилепска жега со жолтило од тутун. Неговите платна не носат натурализам и наративност. Тие се ослободени од секакво робување на елементите врзани за едно сликарство. Уметникот имаше свои визии. Не ги чуваше за себе, зошто беше цврсто уверен дека „соновите не се предавство“. Во црвената и црната боја што ги полазуваа врелите камења на Марковите кули, Ристо Лозаноски се откри самиот себе, својот народ.

Вечер, бр.502, 15 мај 1965, 7

Лозановски, неуморно создава и ликовни дела, врзани за земјата и нашиот човек, и неговата вековна борба за слобода. Од тој период на неговото творештво се познати сликите на циклусот ,,Народноослободителна борба", во која ја прикажува храброста и моќта на нашите партизани. Неговите слики говорат дека секој камен и секоја појава имаат човечка смисла и затоа на камените хоризонти им дава смисла нa ликови, во акциjа.

Изложбата ќе биде поставена до 27 февруари 2025 година.

Национална галерија на Република Северна Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

20/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански); Преподобен Нил Столбенски; Преподобен Григориј Молчалник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная