логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

КАПЕЊЕ
Axiotomic + IXgram
Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков

Како последен проект за 2023 година го најавуваме мултимедијалното претставување на авторите Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков насловена „Капење“. Оваа инсталација на видеа и звук ќе биде поставена во просторот на Чифте амам на 27 декември 2023, официјално од 20 ч, па се до 7 јануари 2024 година.

Амамот, односно неговата функција во даденото време, бил јавен простор каде се вршело прочистување на телото, но и размена на информации од секојдневниот живот на чаршијата.

Со овој проект, на еден симболичен начин, ја продолжуваме традицијата на амамот, како место за прочистување, додавајќи и една нова димензија, а тоа е прочистување на перцепцијата со светлосни и аудио визуелни “козметички” средства.

Светлосно визуелниот дел содржи видеа и звук проектирани на ѕидовите, додека посетителите со своите сенки ќе дадат една непредвидлива динамика на сиот визуелен простор, кој во ниту еден случај не може да биде повторен. Визуелната константна менливост асоцира на минливоста која во вакви објекти со специфична намена, се места каде човекот се релаксира и можеби добива мала шанса да ја согледа минливоста.

Timeline 1_01_05_57_06.jpg
Репродукциите се од скриншот од видеото

Биографии
Axiotomic е соло проект на музичарот и продуцент Дориан Јовановиќ, познат и по долгогодишни соработки со групите String Forces, Чалгија Саунд Систем, Здеев, Калдрма, Грендени, Seth (денес Сетстат) и Dobrila&Dorian Duo. Музиката на Axiotomic е импровизирана во својата основа, се создава во живо на самото место (настап), но во одредени, однапред зададени рамки и/или насоки кои го движат телото на звукот во одредена насока при самата изведба. По својата звучност, изведбите се електронски и амбиентални, често пати врз основа на микроспкопски шумови од различни извори и карактер, но основата на звукот на Аксиотомик е Чепмен Стик-от (Chapman Stick), 12-жичен инструмент од групата на тапинг-инструменти. Аксиотомик е и автор на видео-материјали кои што се во блиска корелација со музиката и чија што намена е да го прошират звукот и во визуелен домен за посеопфатно доживување на слушателот/гледачот. Изданија: ЕП "Shape Form Ornament” и албум "The Emergence of Symbols", издадени за издавачката куќа “Profundus” од Скопје.

Стефан Шашков (IXgram), роден во Скопје, точно 195 дена после земјотресот и преживеа. Во 1991 година дипломирал на Филозофскиот факултет, отсек Историја на уметност со археологија при универзитетот Кирил и Методиј. После апсолвентската година, се впушта во патешествија низ големиот глобус кој фала му на Створителот, сеуште се врти.
Авантурата низ уметноста ја започнува кон крајот на минатиот век и, како така, еве сеуште ја турка низ времето и просторот. Со групата Архимедијала, како нејзин член, на изложбата КУТИЈА СО СЛИКИ, добиваат специјална награда од жирито во состав на некои доста познати фаци од светската и домашната уметничка критика и есеистика.
Но највеќе награди има добиено за своето видео филмско творештво, и тоа филмот МОЛИТВА (добитник на Гран При на балканскиот телевизиски филмски фестивал Голема Крушевска Корија) сниман низ ¾ од глобусот, БОИ ВО ВРЕМЕТО (специјална награда на жирито на вториот АстерФест) документарен филм за македонскиот сликар Милош Коџоман, како и краткото видео од 5 мин за музичката нумера “Soul of the man” работено заедно со Александар Станкоски, во изведба на Гиш и Харе (Банкрот Блуз Бенд). Времето на продукција на видеото се совпадна со отворениот конкурс на Гете институтот во Скопје, по повод 67-ми или така нешто, роденден на Вим Вендерс и освои втора награда.

Кога веќе сме кај некои познати светски личности од полињата и нивите на уметничката креација, вредно е да се напомене дека фотографии и компјутерски графики од овој автор се во посед на Лори Андерсон, Брајан Ино и Роџер Ино. Со последниот, за време на неговиот концерт во Македонската филхармонија беше поставена изложба на дигитални принтови и промовирана каталог/книгата ПОСВЕТЛО ОТКОЛКУ БЕЗ СВЕТЛИНА. Во неа се содржани дела инспирирани од музиката на овие автори како и неколку други. Но првата соработка со нив беше за време на локдаунот на самиот почеток на 2021, кога беа куратори на една видео презентација на отворено во Лос Анџелес насловена ТИВКИ МОМЕНТИ. Од околу 2000 пристигнати видеа на повикот, беа одбрани околу 70-тина. Проектот започна на неговиот роденден, што со неговото учество на овој настан го прифатил како поклон на „силите„ надвор од неговите поимања.

Во 2017 год ја напушта урбаната смрдеа и се сели во Железната Тврдина, каде останува до 2021 година и се препородува. Ова го сметам за еден од најекстремните потези и еден од неколкуте најреални проекти во неговата уметничка активност, зашто како што вели Дали јас не конзумирам дроги. Јас сум дрога. Тој би додал: јас не сум уметник, животот ми е уметност.

Во 2019 на повик на маестро Киро Урдин, лета за Најроби, Кенија и оттаму уште 7 часа со џип до селото на луѓето кои ги сакал многу одамна да ги види, запознае, снима....Масаите. Е, фотографиите од таму (сликани со еден мал Лајка џебен апарат и Ајфон 5) единствено ги изложил во културниот дом во Железната Тврдина и таа му е една од најмилите изложби. Не дека не излагал два пати во Големото Јаболко самостојно и во градот на гондолите, ама тоа не е за фалење....

Меѓу другото има реализирано неколку изложби и еден куп нереализирани кои имаат голема специфична тежина за и онака спондилозниот рбет на авторот.

Куратор, Горанчо Ѓорѓиевски



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная