логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Изложба  Современи (не)демократии - Исчезнување на јавниот човек која е базирана на истражување од Јана Брсакоска, Ивана Васева, Филип Јовановски, Кристијан Караџовски и Наум Трајановски.

Изложбата ќе се отвори на 6 ноември 2021 година (сабота), од 12 часот, пред салата за седници на Oпштина Центар.

По изложбата, на истата локација ќе се одржи и јавната дебата АКТО Агора, со почеток 13 часот, на која гостуваат Бекир Адеми (архитект); Дивна Пенчиќ (професорка на Архитектонски факултет); Кочо Андоновски (активист, програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка), Филип Стојановски (активист).

Овие настани се дел од 16. АКТО Фестивал за современи уметности „Современи (не)демократии“, продуциран од организацијата „Факултет за работи што не се учат - ФР~У“.

АКТО 16 е поддржан од Фондацијата „Хајнрих Бол Штифтунг“, Гете – Институт Скопје, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје.

Дизајн: КОМА


--
Ivana Vaseva
Program director and curator
Faculty of Things that Can't Be Learned (FR~U)
AKTO Festival for contemporary arts
http://www.akto-fru.org
+ 389 (0)70 905 212
Skopje, Macedonia



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie