логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

РЕФЛЕКСИИ НА НОВАТА РЕАЛНОСТ

Лазе Трипков, автор

Ана Франговска, куратор

Трајко Митревски, Соработник за VR технологија

 

 

„Pефлексии на новата реалност“ е шестта самостојна изложба на Лазе Трипков, која се осврнува кон приоритетните проблеми на новото време. Постојано сме опркужени со информации поврзани со пандемијата и вирусот КОВИД-19. Тоа не приморува да ги ограничиме нашите социјални потреби, па секојдневието полека ни станува „дигитално“.

За време на изолација во април 2020,  Трипков започна со својот визуелен проект под наслов „Изолациско расположение – креативни рефлексии“ кој привлече сериозно внимание дома, како и пошироко, па делата кои беа креирани од тој период веќе без изложени во неколку држави.
 

Сите плакати или визуелни размислувања се лична рефлексија и се одраз на лични доживувања. Доминираат пејсажите, можеби поради карантинот, а има многу колажи и колажни експресии кои имаат за цел да го манифестираат ставот на Трипков кон изолацијата и дополнитeлно да помогнат во артикуалцијата на неговиот личен развој како визуелен уметник. Социјалниот и емотивниот немир беа водилка и поддршка во неговата креативна игра на симболи, значења, визуелна поетика, експресија, обиди за минималистичко промислување, естетско усовршување...
 

„Преку оваа изложба/проект ќе се обидам да иницира дуел меѓу уметноста во галеријата (галерија како физички простор) и галеријата во виртуелна реалност (виртуелен галериски простор). Посетителот ќе има директна можност покрај изложените плакати и сам да управува со содржината на делата. Преку посебно креирана платформа за виртуелна реалност, со помош на VR технологија секој ќе може да нурне во моите визуелни рефлексии, да ги обликува и да раководи со содржината, да ја модифицира, користејќи ги постојните форми од плакатите“, истакна Трипков.

За прв пат во музеите во Македонија ќе може да се погледне изложба која има траснмедијален карактер кој поттикнува технолошка и директна интеракција на посетителот и авторот, преку неговите дела, а интензивирано преку виар технологија.
 

Ана Франговска е куратор на проектот и ќе изјави „Авторот во овие решенија, допира една друга и поинаква димензија, димензијата на дигитално процесираните идеи кои нудат инакви сензации и размисли. Но, тука предизвикот на Трипков не запира, иако ова е негова конфорна зона, бидејќи мошне вешто манипулира со алатките на својот I-book. Тој продолжува да нурка подлабоко во „новата реалност“ и новите можности, обидувајќи се своите дводимензионални графички концепти да ги трансформира во виртуелна реалност во која гледачот нема само да резонира и замислува дека влегува, туку виртуелно, со оптички помагала, и ќе влезе и ќе ја доживее компјутерски симулираната уметникова плакатска креација во 3Д искуство. Уште една парабола повеќе, е што Трипков одлучува да инкорпорира и интеракција, т.е. посетителот не само што ќе влезе 3Д во „неговиот свет“ туку и ќе го истражува и менува, ќе симнува форми, ќе отвора фиоки, ќе става крилја, ќе се искачува по скалила со помош на мултимодален уред... Оваа трансмедијалност, преод од една во друга медиумска репрезентативност ги вклучува сите сетила и го зголемува нивото на адреналин, чинејќи го реципиентот постојано надразнет од искуствата кои му се нудат. “
 

Причините за постоење на музеите, театрите, кината, концертни сали, во нам познатиот формат, веројатно ќе претрпат соодветни трансформации за генерациите кои што ќе следат. Затоа, овој проект промовира нов, различен пристап и ќе се обиде да ги испровоцира доживувањата на уметноста преку виртуелна реалност со спротивставувања на концептот на „стандардното“ наспроти дигиталната технологија. И на крај, истата изложба ќе може да се посети преку апликација и да се разменат чувствата и релациите со авторот.
 

Разбирањето на уметноста наспроти случувањата со пандемијата добива поинаква перспeктива, а одговорноста диктира нов курс во улогата на дизајнерите и уметниците. Циклусот сам по себе наметна неколку фази на развој, а се заокружи со последната фаза на пост-изолација, која пак изнуди една поизострена ликовна форма и се трансформираше во рефлексии инспирирани од влијанието на геометриските форми или линискиот растер. Токму тоа, ја заокружи неговата визуелна игра.
 

Изложбата е поддржана од Министерство за Култура и со поддршка на неколку приватни компании и поединци.
 

_______

Лазе Трипков е вонреден професор на Факултетот за уметност и дизајн на Меѓуанродниот Балкански универзитет во Скопје. Основач на „Плакарт“ и „Скопје постер фестивал“. Трипков е и поранешен директор на Музејот на современата уметност, иницијатор и куратор на бројни меѓународни проекти и изложби, како и ко-основач на Скопската недела на дизајн и член на Одборот на Варшавското биенале на плакат.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная