логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Почитувани љубители на ликовната уметност,

 

На Програмата на Националната галерија во месец јуни настапува на сцена Омажот за Димче Коцо во Чифте амам, наш еминентен ликовен автор кој остави особен белег во историјата на модерното македонско сликарство, не само преку своето ликовно творештво туку и како ликовен критичар и автор на голем број релевантни трудови од областа на историјата на уметноста. Изложбата е по повод 110 години од раѓањето на академик Димче Коцо..

 

Бидејки месец јуни е време предвидено за манифестацијата „Скопско лето“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност, на прес конференцијата одржана на 17 јуни 2021, директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими ја искористи можноста да го најави и претстави овој проект пред медиумите, со цел да се информира широката јавност. На прес конференцијата таа истакна:

 

„Националната галерија во период пред и по прославата на 70 годишнината од своето постоење си постави за цел, би рекле во еден ренесансен зафат, да ги осветли со нови синтензни претставувања великаните на македонската ликовна уметност, во истражувачки изложби кои ќе го предизикаат вниманието не само на широката публика, туку и  институциите на уметноста. Така како резултат на долготрајни подготовки дојде до големи презентации на великаните на македонското сликарство како Петар Мазов, Борка Лезески...а се подготвуваат и нови на Кондовски, Ѓорѓи Зографски, Васко Ташковски...

 

Во редот на овие зафати на Националната галерија би можело да се вреди и големата сликарска изложба, на еден од ветераните на македонската сликарска уметност, академикот Димчо Коцо , на кого во оваа пригода му посветуваме посебно внимание...

 

НУ Национална галерија на Република Северна Македонија ја најавува Јубилејната изложба посветена на Димче Коцо, „Димче Коцо (1910-2020), јублилеј по повод 110 години од раѓање“ која ќе биде отворена на 23 јуни 2021 година, во 20 часот, во објектот Чифте амам. Изложбата, која ќе опфати речиси 150 таписерии, слики, скулптури и цртежи од сите фази на творештвото на овој реномиран автор, како и негови лични документи, ќе трае до крајот на август 2021 год.

 

Димче Коцо е наш најпознат историчар на уметноста кој со својата сестрана активност во текот на низа децении на минатиот 20. век ја раздвижуваше научната мисла во Македонија, во сите области поврзани со историјата на уметноста. Учествувал во оснивањето на Филозофскиот факултет и Институтот за историја на уметност, градењето и образувањето на нови генерации историчари на уметност, создавањето и раководењето со нови музеи, нови научни списанија, вршел обемни научни истражувања и автор е на голем број научни трудови, имал богата општествена активност и оставил зад себе богато и вредно сликарско и скулпторско творештво.

 

Роден е на 10 октомври 1910 година во Охрид. Извесно време го посетувал Уметничкото резбарско школо во Охрид. Матурирал 1930 г. во Битола. Учел во Уметничкото занаетчиско училиште во Белград и студирал Историја на уметност на Филозофскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1936 година. Бил учесник во НОБ и комесар на Охридската бригада. По завршувањето на војната, се вратил во Скопје каде веќе од декември 1944г. работи на формирање на првиот македонски Народен музеј во Скопје, основан 1945 г. и бил негов прв директор. Истовремено тој е еден од основоположниците на Филозофскиот факултет во Скопје, каде како еден од малубројните професори почнал да предава и бил прв шеф на катедрата на Институтот за историја на уметност. Бил и декан на Филозофскиот факултет во 1950/1951 и 1957/58г. Бил директор и на Археолошки музеј во 1952г., од кога датираат почетоците на големите истражувачки зафати на овој музеј во Стоби, Чепигово, Демир Капија и Радолишта. Неговата научна дејост била призната и во меѓународни рамки, па 1955г. тој е избран за дописен член на Deutsches Archäologisches Institut (Römisch-germanische Komission) во Франкфурт на Мајна, а во 1969г. за doctor honoris causa на Универзитетот во Безансон. Бил член на ДЛУМ од 1945 година. Од 1969 година Коцо бил дописен член на МАНУ. Бил долгогодишен член на одборот на град Скопје, сојузен народен пратеник на град Скопје, председател на Музејското конзерваторско друштво на Македонија, претседател на Републичкиот совет за култура на СРМ, член на Југословенската делгација на УНЕСКО итн. Водејќи се од перспективата на стручните кадри и потребата од афирмација на нивниот труд, Димче Коцо ќе остане запаметен како главен иницијатор и оснивач на периодични публикации, во кои тие во иднина ќе можат да ги обајвуваат своите научни достигнувања. Такви се „Гласникот на Музејското друштво“ и „Годишниот зборник на Археолошкиот музеј“, во кои се објавуваа и се уште се објавуваат трудови од областа на археологијата и историјата на уметноста од особен научен интерес. Димче Коцо раководел и бил дел од низа научни ископувања и истражувања на голем број споменици пред се од средновековната архитектура и сликарство. Ваквиот научен интерес и резултатите од истражувањата ќе бидат публикувани во низа научни трудови кои заземаат значајно место во македонската научна мисла и кои ги има многу. Интензивната научна работа и резултатите од бројните истражувања Димче Коцо ги прикажал преку свои реферати и пред светската научна јавност на бројни меѓународни конгреси.

 

Вонредната плодна професорска, музеалска, научна и општествена активност на Димче Коцо е доволна за да исполни еден човечки живот, но не и во неговиот случај. Како човек со исклучително чувствителна природа и талентиран уметник тој зад себе остави обемно творештво, таписерии, слики, цртежи, акварели и скулптури, низ кои со многу творечка креативност ги долови своите уметнички визии. Во неговите дела, плод на зрел автор со богата имагинција се изразени неговите размислувања за времето и неговото незаприливо одминување, за материјата и нејзината минливост, за човекот и неговото опкружување, обичаите, верувањта, размислувањата. Своите уметнички творби ги презентирал на 13 самостојни изложби и бројни групни преставувања во земјата и странство во Скопје, Охрид, Штип, Велес, Белград, Дижон, Атина, Рим, Дрезден итн. Неговите дела се наоѓаат во повеќе музеии, галерии и приватни колекции во земјата и странство: Национална галерија на Македонија, Музеј на современа уметност, МАНУ, Музејот во Штип, Музејот во Охрид, Музеј за уметност и обрт во Загреб, Уметнички музеј Торонто итн.

 

Димче Коцо има огромно значење и одиграл важна улогата во развојот на научната мисла, но и во афирмацијата на ликовната уметност и продорот на новите уметнички влијанија. Оваа јубулејна изложба има за цел токму да потсети на неговиот богат и разновиден, тематски и стилски опус, разоткривајќи го повторно пред стручната јавност, но и пошироката публика неговото обемно ликовно творештво. На овој начин ќе овозможиме еден посеопфатен увид и потсетување на ова импресивно творештво, воедно ќе потсетиме и ќе укажеме на неговото влијание врз повеќе генерации македонски ликовни уметници пред се како како уметник, и педагог.

 

Националната галерија го поздравува контиунираниот процес на соработка со Манифестацијата „Скопско лето“ и Дирекцијата за култура и уметност. Благодарност за поддршката на Министерство за култура на Република Северна Македонија за реализација на оваа изложба. Особена благодарност секако изразуваме до поединците и институциите од чии што колекции ќе бидат претставени дела (освен делата на авторот Димче Коцо во сопственост на Националната галерија) на оваа изложба. Тоа се семејствата Коцо, Коцови, Миљковиќ; Македонската академија на науките и уметностите; Музејот на современата уметност - Скопје; Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Охрид; Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Штип; НУЦК „Антон Панов“, Струмица и Службата за општи и заеднички работи при Влада на Република Северна Македонија.“

 

Вообичаено, во досегашните презентации на неговото творештво акцентот бил ставан на делата препознатливи за неговиот опус. Но останаа и добар дел од неговите дела кои досега ретко или воопшто не се изложувани пред македонската културна јавност. Овој омаж e потсетување на неговото творештво по повод 110 години од неговото раѓање, а воедно и можност за остварување на една ваква намера. Оттука, на изложбата ќе бидат поставени дела во сопственост на институции и приватни лица кои веќе се познати во македонската ликовна јавност, но и дела кои досега не биле изложувани.

Овој проект ќе го претстават трите кураторки: виш кустос Славица Алексоска, виш кустос Маја Неделкоска Брзанова и виш кустос Маја Чанкуловска.



Фотографии: Игор Василев

Видео продукција: Денис Јагџи

 

Национална галерија на Република Северна Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная