На 1ви јуни во НУ Центар за култура „ Марко Цепенков “ во Прилеп , со почеток во 19 часот , ќе биде отворена изложбата 57 ми „ Денови на македонска фотографија “ . Домаќин на ДМФ 2019 е Фото кино клубот Прилеп. На изложбата ќе бидат изложени 122 фотографии од 52 автори и ќе бидат доделени награди во конкуренција на сениори за поединечна и за колекција на фотографии , во јуниорска за поединечна , а за првпат и награда за документарна фотографија . На изложбата ќе и претходат проекции на автори од цела Македонија . „Деновите “ завршуваат следниот ден со Фото сафари во околината на Прилеп.
Во своето 73 годишно постоење „Фото сојузот на Македонија“ преку клубовите и самостојните членови кои се дел од Сојузот, беше и останува темелот за унапредување и афирмација на македонската фотографија .