Во понеделник, 4 февруари 2019 година, со почеток во 20:00 часот, во Кинотеката на Македонија, со отворањето на месецот на рускиот филм „Руска зима“, ќе се одржи свечената церемонија на доделување на почесената титула Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни ЕФТА, со пригодна беседа на ректорот Јордан Плевнеш, на едно од најзначајните имиња на современиот руски филм и директор на МОСКВА ФИЛМ - Карен Шахназаров. Ова престижно признание, со кое се вреднуваат врвните достигнувања во областа на аудиовизуелните уметности, досега им е доделено на имиња со светско реноме, како што се Клод Лелуш и Шарл Азнавоур од (Франција), Маноел Де Оливеира (Поругалија), Јиржи Менцел (Чешка), Јон Карамитру (Романија), Роберт Вилсон (САД), итн.
Покрај поздравните обраќања на директорот на Кинотеката на Македонија, Владимир Ангелов и Н.Е. амбасадорот на Руската федерација во Р. Македонија Сергеј Баздникин, вечерта ќе биде одбележена со специјалната проекција на филмот „Ана Каренина: Приказната на Вронски" најновото остварување на Карен Шахназаров.
Наредниот ден, на 5 февруари, со почеток во 11:00 часот, истотака во Кинотеката на Македонија, студентите, професорите од Универзитетот за аудиовизуелни уметности, како и сите вистински филмофили ќе имаат нејекојдневна привилегија да присуствуваат на мастер-класот на Карен Шахназаров и да се запознаат со некои од неговите драгоцени лични и професионални искуства.