Вечерва, 13 септмеври 2018 година (четврток) со почеток во 20:00 часот во кафе бар Селект ќе се реализира промоцијата на книгата „Белиот Трофеј“ од Блаже Аризанов во Струмица. Промотор на настанот ќе биде Митко Гогов.
Во есента 2016 гледа како вработените му ги креваат последните парчиња мебел од станот затоа што им должи плата за три месеци. По само две години фирмата станува една од Деветте Најпросперитетни Стартап Компании во Индија за 2018 година според Форбс Индија. Македонските медиуми го опишуваат како Струмичанецот чијашто компанија прави милиони долари во Индија.
„Белиот трофеј“ го следи трнливиот пат кон успехот на Блаже Аризанов, роден во осиромашено семејство во струмичкото село Борисово кој во 2011 заминува во Индија и по 4 неизвесни години ја основа компанијата Стеј анкл (Stay Uncle), која за кратко време предизвика вистинска револуција во древната земја.
Книга за цената што треба да се плати за да се освои слободата и да се оствари сонот. За вербата во себе и кршењето на конзервативните табуа. Искрена и восхитувачка, оваа неверојатна приказна ќе ве инспирира да продолжите кон успехот и тогаш кога не го гледате излезот.