логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

очитувани,
Издавачката куќа „Магор“ од Скопје ја објави книгата „Кантар со метафори“ од
Тони Димков. Со поднасловдолгогодишниот новинар од областа на културата во својата нова
книга прави природно продолжување на претходно објавената книга „Зборот
остава траги“ (2016).
Промоцијата на книгата „Кантар со метафори“ од Тони Димков ќе се одржи на
13 септември (среда) 2017 година, со почеток во 20 часот, во МКЦ Клуб и
ресторан. Промотори на книгата ќе бидат Лабина Митевска, актерка и филмска
продуцентка, и Александар Прокопиев, писател и книжевен критичар.
Со филигрански направена селекција на интервјуа, објавени во списанијата
„Граѓански“, „Глобус“, „Арт Република“ и на интернет-порталот МКД.мк, со
личности и појави и од ретко застапената алтернативна култура во државата,
книгата претставува придонес кон изворното зачувување и документирање на
меморијата и на трагите од времето во кое живееме.
Во книгата „Кантар со метафори“ се објавени 25 интервјуа со истакнати творци,
како академик Луан Старова, театарскиот деец Ристо Стефановски, поетот
Никола Маџиров и виртуозниот пијанист Симон Трпчески (национални
уметници на РМ), сликарите Трајче Јанчевски (1928 - 2015) и Александар
Станкоски, професорката Јасна Котеска, сликарката Весна Бајалска,
сценографот и директор на Битолскиот народен театар Валентин Светозарев,
диригентот Запро Запров, музичарите Кирил Џајковски, Тони Китановски, Зоран
Маџиров (1968 - 2017), Сеад Хаџиќ - Сецко, Александар Пејовски, групите „ПМГ
Колектив“ и „Легијата“, новинарката Гена Теодосиевска, актерката Лабина
Митевска, поетот Сашко Гигов - Гиш, извршниот продуцент Пеце Талески,
Златко Стевковски како директор на Младинскиот културен центар во Скопје,
со двајца актери од Словенско младинско гледалишче од Љубљана и големи
пријатели на Македонија, Дарио Варга и Урош Мачек, како и со австрискиот
кинематографер Кристијан Бергер.
Тони Димков (1969, Скопје) е новинар од областа на културата и уметноста кој
со години ги следи творештвото на македонските уметници од речиси сите
области и сите позначајни фестивали и културни манифестации во Република
Македонија. Почнувајќи од 1990 година професионално бил ангажиран како
новинар во повеќе електронски и печатени медиуми, како Младинското радио
„Клуб 100“, „Студентски збор“, „Студентско радио“, Македонска телевизија,
продукциската емисија „Врти-сучи, тоа ти е Скопје“, „Глобус“, „Арт Република“,
„Утрински весник“, „Лајф магазин“, „Форум“, „Макфакс“, „Граѓански“, „Дневник“, а
од 2014 година ја уредува рубриката за култура на интернет-порталот
„МКД.мк“.
Во текот на неговата професионална работа има подготвено повеќе од 500 тв-
прилози и стотици интервјуа, текстови и рецензии од областа на културата и
уметноста. Во 2016 година кај издавачот „Магор“ ја објави својата прва збирка

со интервјуа „Зборот остава траги“, за која ја доби Државната награда „Мито
Хаџи Василев - Јасмин“ за новинарство.
Книгата „Кантар со метафори“ е негово второ публицистичко издание.
Издавањето на книгата е финансиски поддржано од Министерството за култура
на Република Македонија.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная