логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ ќе биде домаќин на неколку перформативни сценски настапи на Рајан Галер (USA) и Ребека Ларкин (UK) во Македонија - Скопје, Струмица и Гевгелија.

Планираните поетско-сценски перформанси се закажани да се реализираат на:

•    10 мај 2017 година (среда) во 20:00 часот во Магор Book Coffee – Скопје,
•    11 мај 2017 година (четврток) во 20:00 часот во Сцена 112 – Струмица и
•    13 мај 2017 година (сабота) во 20:00 часот во Галерија „Амам“ – Гевгелија.

Во досегашните проектни активности здружението „Контекст – Струмица“ реализирал многубројни настани и гостувања на автори од Македонија и светот. Забележително е да се нагласат гостувањата на Мајкл Ротенберг и  Тери Керион (USA), Лесја Мудрак (Украина), Дениса Дуран (Романија), Јоханес Беилхарц (Германија), Мохамад Фарахат и Мухамед Магди (Египет), Јан Мок (Хонконг), како и на македонските книжевни автори Давор Стојановски, Ана Голејшка, Ѓоко Здравеки, Искра Донева, Борче Панов, Иванка Апостоловa,, Бобан Богатиновски, Марта Марковска, Тихомир Јанчовски, Славица Гаџова, Јосип Коцев и др.  

Рајан Галер (Ryan Galer) е писател, сценски, концептуален/ сатиричен перформанс артист и филмски режисер, мултидисциплинарен уметник којшто работи во областа на концептуалниот перформанс, уличната перформативна интерактивна анимација и сѐ што е поврзано со овие форми на уметност. Роден е 1989 година, во малиот град Нова Англија, САД.

Рајан Галер има дипломирано на Универзитетот Браун, 2012 година, на Род Ајленд школата за дизајн, комплетирајќи тези поврзани со сценско/ продукциски развој на филм. Потоа се преселува во Париз, Франција, каде се посветува на неговите перформативни настапи кои ги има одржано на многу познати јавни плоштади, паркови, метро станици и приватни резиденции. Неговата прва изложба, исто така, дел од експериментален театар, ја има одржано во неговата спална соба во почетокот на декември 2016 година.

Ребека Ларкин (Rebecca Larkin) студирала книжевност и историја на уметност во Англија и Франција, а во моментот живее во Париз веќе неколку години. Таа е поет, љубител на куклен театар и жесток инвентивен перформативен уметник. Ребека исто така сака да си игра со конструкциите на зборовите.


*Ова е уште еден од серијата настани кои имаат за цел промоција на автори од светот кои го заслужуваат вниманието да бидат претставени во Македонија, а покрај овие настани, здружението „Контекст – Струмица“ е домаќин на меѓународниот фестивал 100 Илјади поетки за промена, редовните настани од областа на поезијата „Роднокрајни поетски средби“, координатор на Школата за поезија – Делегација Македонија која е дел од Светската унија на поети, голем број на работилници за креативно пишување, онлајн промоција на е-зборници со социјално ангажирана поезија,  хуманитарни настани, проекти за развој на креативни индустрии, првиот poetry slam настан во Струмица,  дел од тимот кој ја креираше Стратегијата за развој на култура на општина Струмица и една од носечните организации за култура во Југоисточниот дел од Македонија која со своите активности досега остварила вмрежување со речиси сите поголеми и помали општини, институции и организации од тој регион.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная