Рускиот Патријарх Кирил ги поздрави жителите на ставропигијалниот манастир на свети Јован во Карповка (03.04.2009)
Вчера вечер, откако пристигна во северната престолнина, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил тргна во манастирот на свети Јован во Карповка. Поглаварот во манастирот беше пречекан од игуменијата Серафима и од сестринството.
Патријархот ја посети црквата на преподобниот Јован Рилски, а потоа слезе во криптата каде што се наоѓаат моштите на свети парведен Јован Кронштатски. Владиката му се помоли на Божјиот Светител и се поклони на неговиот гроб.
Придружуван од сестрите на манастирот Патријархот влезе во соборниот храм на Дванаесетте апостоли. Овде Патријархот им се обрати на игуменијата и на сестрите со кратка беседа.
Благодарејќи ѝ на игуменијата и на сестрите од манастирот за молитвата, Патријархот Кирил ги замоли и понатаму да го имаат во нивните свети молитви „на ова место на особен духовен подвиг на петроградска земјата“.
Според многугодишната традиција ставропигијалниот манастир на свети Јован во Карповка е место каде што Московскиот Патријарх престојува за време на посетите во Санкт-Петербург.
Извор: Патриархиа.ру
Преземено од : http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=3638