Дневникот на починатиот Патријарх Алексиј II ќе биде изложен во храмот на Христос Спасителот во Москва (07.02.2009)
На 23 февруари, во музејот на храмот на Христос Спасителот во Москва ќе биде отворена изложба посветена на животот на Алексиј II, на денот кога Патријархот би наполнил 80 години.
„Особен интерес меѓу посетителите, сметам, дека ќе предизвика дневникот на Неговата Светост Алексиј II. Ние ќе го отвориме на страницата со записите од 4 декември 2008 г. (Алексиј II почина на 5 декември)“ – соопшти за „Интерфакс“ раководителот на Издавaчкиот совет на Московската Патријаршија протоереј Владимир Силовјев.
На изложбата ќе бидат изложени и други лични работи на починатиот Поглавар, а исто така и негови фотографии. Изложбата ќе се одржи во рамките на деновите во спомен на Алексиј II, решение коешто беше донесено во декември 2008 година од Синодот на Руската Православна Црква. Најверојатно во почетокот оваа изложба ќе биде привремена, а од есента ќе стане постојана.
Како што соопшти Владимир Силовјев, по повод манифестацијата, Издавачкиот совет ќе издаде и голем календар, посветен на Патријархот Алексиј.
„Таму се претставени главно ставропигијалните манастири, за коишто особено се грижеше Неговата Светост, а исто и најуспешните негови фотографии“, рече протоерејот.
На својата декемвриска седница членовите на Синодот решија да востановат награда „Алексиј II“ за студентите на духовните академии, на Синодалната библиотека на Московската Патријаршија и на годишната награда на Фондот за единство на православните народи, којшто беше формиран од упокоениот Поглавар.
Извор: Интерфакс