логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

извадок од книгата Elder Joseph the Hesychast, од Старец Јосиф Ватопедски

За познанието на Божјата волја

Нашиот живот со Старецот имаше одлики попрво на детство отколку на зрело доба. Вниманието главно ни беше насочено кон монашкото предание, и ние се трудевме колку што можевме повеќе да го исполнуваме типикот. Она што навистина ни недостасуваше беше способноста за распознавање на духовните состојби, својствена за оние што имаат опит и дар на расудување, и заради тоа од нас беше скриена - во својата длабочина, ширина и висина - духовната величина на Старецот. Но, можеби, тоа што учениците го откриваат својот наставник тогаш кога тој се одзема од нив (сп. Лука 24, 31) е вообичаена и неизбежна појава? Старецот неуморно се трудеше да ни предава делче од духовното, и неговите напори не беа бесплодни, зашто на мудриот очите му се во главата негова (Екл. 2, 14). А, сепак, вистина е дека сѐ има свое време, и секоја работа под небото има свое време (Екл. 3, 1).

Веќе на зрела возраст, кога Старецот веќе не беше со нас, ние ја достигнавме длабочината на неговото слово и дела до најситни детали, а додека тој беше жив тие на нашата неопитност ѝ се чинеа бесмислени загатки. Со сите свои бедни сили се трудевме да пројавуваме послушание и да не го натажуваме Старецот, меѓутоа многу ретко ја сфаќавме смислата и главната цел на духовниот закон, во кој со толку ревност нѐ поучуваше. Нема одново да се навраќам на подробности од неговата биографија, но ќе дадам неколку појаснувања во врска со веќе спомнатиот духовен закон, кој владее над луѓето.

Ние забележавме дека Старецот никогаш ништо не прави без претходно да се помоли. Кога ќе го прашавме нешто во врска со иднината или со наредниот ден, тој ќе речеше дека ќе ни одговори другиот ден. Ова го правеше со цел на одговорот да му претходи молитвата.

Нашите желби беа насочени кон познанието на божествената волја. Навистина, на кој начин може човек да ја распознае? Старецот ни велеше: „Деца, ме прашувате ли за она што е основа на сѐ друго?” Ние, пак, настојувавме со уште поголема љубопитност: „Ама, Старче, зарем Божјата волја не е позната во општи црти преку Светото Писмо и преку севкупното божествено откровение? Нели сме ние монаси и во нашиот живот сѐ се одвива според востановен ред. Тогаш за што друго би можеле да прашуваме?” Старецот на тоа одговараше: „Да ви даде Бог разум во сѐ (2 Тим. 2, 7).” Преподобен Нил Калабриски се молел да му биде дадено да „мисли и говори согласно божествената волја”. Општо кажано, добрите дела и исполнувањето на сите останати заповеди се Божја волја, но конкретните детали, што ја определуваат остануваат непознати. Зашто, кој го позна умот Господов? (Рим. 11, 34). И уште: Твоите судови се голема бездна (Пс. 35, 6). Божествената волја се разликува во зависност не само од времето туку и од местото, луѓето, предметите, исто како и од квантитетот, начинот на дејството и околностите. И само ли од тоа? Самиот човек, менувајќи ја својата внатрешна настроеност, многу ја менува и Божјата одлука. И така не е доволно да се знае општото изразување на Божјата волја, туку треба да се знае конкретната пресуда за даденото прашање - да или не - само тогаш е загарантиран успехот. Главна цел на божествената волја е изразувањето и пројавувањето на љубовта Божја, зашто движечка сила на сите наши дела е токму полнотата на Неговата љубов. Ако живееме ли, умираме ли – Господови сме (Рим. 14, 8), како што вели светиот апостол Павле, тогаш истото се однесува и на волјата по која трагаме. Колку и да ни се чини дека таа е наша сопствена волја или волја на некој од луѓето околу нас, центар на нејзината гравитација е Божествената Личност, со Чија сила ние живееме, се движиме и постоиме (сп. Дела 17, 28). Се сеќавате ли на Господовата молитва во Гетсиманската градина: „Ако е можно нека Ме одмине... но, не како Јас што сакам, туку како Ти” (Мат. 26, 39)? Секоја пројава на послушание кон волјата Божја во чија основа не е љубовта кон Него ризикува да остане обично човечко дело, или, поточно, човечко промашување! Доколку, според зборовите на апостол Павле, сме должни да потчинуваме секаква мисла во послушание на Христа (2 Кор. 10, 5), зашто не припаѓаме само на себеси (1 Кор. 6, 19), тогаш каков одговор ќе се јави во совеста на човекот што сака да биде послушен ако во секој одделен случај не е позната Божјата волја? Па дури и последувателниот божествен благослов и благодатта кон која се стремиме се јавуваат само при совршено послушание.

„Значи, ако сакате да ја откриете Божјата волја, откажете се сосема од својата сопствена волја заедно со секоја друга мисла или план, и со големо смирение испросете го бараното знаење во молитва. Тогаш сѐ што ќе ви се обликува во срцето или она што ќе ви легне на срце правете го, и ова ќе биде по Бога. А оние што имаат поголема смелост и навика да се молат за ова, уште појасно го слушаат во својата душа божествениот одговор и стануваат повнимателни во својот живот, трудејќи се ништо да не прават без божествено известување.”

„Постои и друг начин да се спознае Божјата волја, кој Црквата вообичаено го употребува, а тоа е совет преку духовните отци или исповедниците. Големиот благослов на послушанието што благодатно ги осенува оние коишто го ценат, за тие луѓе станува средство за познание на ним непознатите нешта, покров и сила за исполнување на советот или заповедта, бидејќи Бог на послушните им се открива како добар Отец. Совршенството на послушанието, кое во себе ја содржи полнотата на сите добродетели, ги вподобува послушниците на Синот Божји, Кој беше послушен дури до смрт, и тоа смрт на крст (Фил. 2, 8). И како што на Исус Му е дадена секоја власт (Мат. 28, 18) и сето благоволение на Отецот, така и на послушниците им се дава известување за божествената волја како и благодат, која им помага да ја исполнат успешно и во целост.”

„Оние што прашуваат духовни луѓе со цел да ја откријат божествената волја треба да го знаат следново: Божјата волја не се открива магиски, ниту пак е релативна, зашто не може да се смести во тесните рамки на човечката логика. Во Својата неизмерна добрина, Бог ѝ снисходи на човечката слабост и му дава на човекот јасно известување. Но, човекот мора прво да Му верува безусловно а потоа и да се смирува копнеејќи ненаситно по познанието на волјата Божја и ревнувајќи во нејзиното исполнување. Затоа човекот го прима со вера и благодарност првиот збор на духовниот отец кому му се обратил за совет. Но доколку овие услови не се исполнети, односно верата, послушанието и смирението не му содејствуваат на човекот - а знак за тоа е кога некој противречи, препрашува или, што е најлошо, бара мислење од други духовници - тогаш Божјата волја се крие од него како сонцето зад облак. Оваа е чувствителна работа и бара големо внимание. Ава Марко вели: ‘Човек му дава совет на ближниот по мера на своето знаење; Бог, пак, дејствува во оној што слуша по мера на неговата вера’. Суштински предуслов во барањето на божествената волја е оној што ја бара да покаже спремност да го прими нејзиното откровение, зашто, како што порано веќе реков, божествената волја, која надминува сѐ, не се содржи на некој магиски начин во какви било положби, места или средства, туку им се открива само на оние што се достојни за ваквото божествено снисходење.”

Сега си спомнувам што се случуваше со нас кога го молевме Старецот да ни ја соопшти Божјата волја. Опитот веднаш нè научи без противречење да го примаме неговото прво слово како безусловна вистина. И навистина, сѐ се случуваше на најдобар начин, дури и кога од човечка гледна точка нештата изгледаа бесмислени. Знаевме дека ако противречиме на кој било начин, давајќи благовидни изговори во поддршка на сопственото мислење, тогаш Старецот ќе отстапеше со зборовите: „Правете како што знаете”. Меѓутоа, на тој начин таинствената сила и покровот на успехот ќе беа изгубени за нас. Следствено, ‘првото слово’ на духовниот отец, примено со вера и послушание, ја изразуваше божествената волја. Во својата поопшта форма, оваа тема е уште посложена и позагадочна, зашто, како што знаеме, божествената волја не им е секогаш позната дури ни на совршените, особено кога некој сака да ја открие во рамките на временската ограниченост. Од друга страна, потешкотијата може да произлезе од состојбата на човекот што поставил прашање, доколку тој не се ослободил во доволна мерка од острастените склоности и желби, така што дејствува и донесува одлуки под нивно влијание. Во такви случаи е неопходно трпение.

Јас лично чув од човек духовен и целосно достоен за доверба дека тој побарал од Бога да му ја открие Својата волја во врска со еден проблем од неговиот личен живот и го добил одговорот дури после четириесет и две години! На ова јас, мрзеливиот, се стаписав и му се восхитував на неговото железно трпение.

Нашиот главен заклучок е дека познанието на божествената волја претставува едно од најделикатните и најсложени прашања во нашиот живот. Ова особено се однесува на оние што се трудат да ја дознаат со посредство на молитва - иако ова е потребно, според Господовите зборови: „Чукајте, барајте, просете и ќе ви се даде” (в. Мат. 7, 7) - на ова сепак треба да му претходи трпение, искушенија и опит за да се отстранат страстите и човековата сопствена волја, од кои се гнаси неизмерната тенкосетност и чувствителност на божествената благодат. Но, како и да е, без оглед на тоа дали познанието на божествената волја е тешко или бара трпение, неопходна е постојаност во молитвата, која е нашето единствено средство за општење со Бога, од Кого и можеме да ја дознаеме Неговата божествена волја.


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная